Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Колку сум нервозен? Ме треси!
Само гилотина за мене!
 
Драјгана,

Два дена со ред ми се јаде проја. Барав на нет рецепт ама го немаше тој автентичниот на мама. Сношти и пишав, денес се разбудувам - рецептот пишан на фб. Знам што ќе имам за ручек, нешто што ќе ме потсети на дома. :jeeee:
 
Никош не ги сфатив оние дечки шо у топ10 пријатели на фб имет минимум 7 машки.
 
То е то.
CD1aSAlWoAATaHn.png
 
Имам една школска, има над 60 години. На почетокот кога се претставувавме и кога ја прашаа од каде доаѓа, жената рече „не знам“. На крај објасни дека била родена во Холандија, но се преселила кога имала две години. Од тогаш, па до сега, жената живее низ светов. При еден разговор ѝ признав дека му се восхитувам на нејзиниот начин на живот. Рече: Ја имав таа среќа што имав родители кои сакаат да патуваат, подоцна си го најдов и сопругот кој го сакаше истото.
Значи живеат некој одреден период во некоја земја и си даваат задача да го научат перфектно јазикот. Ни самата не знае колку јазици може да зборува. Нивната ќерка го има истиот начин на живот, работи како лекар во хуманитарни организации и патува низ светот. Знаела 9 јазика перфектно, како да зборува на мајчин јазик.
Познаничкава моја, прекрасно, слободоумно битие.
После разговорот со неа, доаѓам да видам што има на форумов... Разликата во менталитетот е неопислива! Колку само ни фали мешање со други народи и учење на нови култури. А како поинаку ќе се ослободиме од металните стеги и стереотипите?
 
Виктор Орбан, да да, премиерот на Унгарија кој доби орден од македонската Влада, на имигрантите им се заканува со логори.

Сета среќа што немавме држава во времето на Хитлер...
 
КајгОоОоОоОоОоОооОоООоООоОоОоо! Дек си, бе? :icon_mrgr:

Напраив бабачко тортиште и сеа не го збира у фрижидер со тоа послужавникот. :busi:
А и вака, и така, не се осмелувам да јадам благо, па само смеам да ја пулам од далеку. Него остај тоа, да видиш во судоперот колку садови има. :несвест: Коса ми се крева. :shook: Ај бар сама сум дома. Уживам во сопствениот неред. Има време, пополека, кај ме брзаш? Ехееее. :D

Башка истовремено ми се вртат детските хитови. :noze: Како ли јас да пораснам? Се' до небо, се' до ѕвезди високоо? :свиркам:

И така. Чао. :D
 
Драга, Знаеш дека си остарел кога не планираш три недели пред 1ви Мај каде/шо/како/со кого? Еве јас уште не знам...:place: Едит: Еве гледам имало НАЕЗДА на крлежи бар да не ми е криво...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom