Ептен ми е јака онаа темата Свекрвите и снааите - проблеми и кога имам слободно време си ја читам. Кога ќе улета некоја што ги брани свекрвите, а ги напаѓа снааите е тешко неа.

И колку глупи мажи има, а и некултурни жени. Телиња, абе да земеш и да го утепаш од ќотек.
Разбирам дека секоја жена сака кога ќе отиде кај партнерот да има удобен живот и поголема приватност, ама секој не може тоа јајце да го снесе и да живее сам уште првиот ден и да си купи стан или куќа.
Со години ќе штедиш, ќе градиш, ќе мислиш за иднината на децата и утре некоја што се вика уште не дојдена ќе наоѓа маани. Абе после 18 години пушти го да се снаоѓа сам и нека научи да ги цени парите и онака ќе те сакаат додека имаат корист.
Не сум во тек со барањата кои ги имаат денешните демек модерни и изживеани жени кои седат на фб и мислат дека на сите млади парови им е совршен и среден животот вака по слики. Сега читам дека и за живеење на посебен спрат се мислат дали да прифатат да останат кај партнерот и се плашат да инвестираат во реновирање.

Абе врати ја кај мајка и и татко и, па тие ако имаат нека и купат. До вчера живеела во две соби со нејзините и баба и, дошла во туѓа куќа со три ќеси стари алишта, а сега бара приватност и брзо решавање на проблемот со приватност.
На ваквите и палата да им изградиш 200км подалеку од домот на свекрвата пак ќе успеат да се скараат.
