Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Кога сум на работа секое сабајле ми се спие, се случуваат еден куп интересни работи, немам време се да пратам и да идам некаде. Си правам планови и едвај чекам да дојде одморот. Таму ќе идам, со оние ќе се видам, ова ќе направам и најважното ќе се отспијам. :D

Еве го дојде одморот и сега едвај чекам да заврши. Од првиот ден не ми се спие и се будам уште во 6 сабајле :boksix: бев на неколку места, се видов и со тие што требаше, изгледав милион серии и филмови, нема ни фудбал за гледање, нема ништо интересно.

Не знам како некои со години седат дома без никакви обврски и им поминува времето. :unsure:
 
Идат Роми на Коледе кај нас, глеам никој не им отвара, ја ќе им отворам. Баш дека се муслимани, си викам, штом учествуваат во наши ритуали треба да се оддаде признание, а не обратно. Плус, гарант се гладни и све тоа - божиќно христијанско милосрдие и тн. Пеат, им отварам, им давам што се дава, колачи, бонбони, пари...

И глеам подоцна, ја фрлиле храната надвор.
Ај немај стереотипи после.
 
Последно уредено:
Кајги...

Еве да ти пишам за последен пат од земјава... не, не одам нигде на пат, нит сум земал бугарски пасош, нит планирам у брзо време да го напуштам Скопјево. Последен пат ти пишувам овде од Република Македонија... утре ќе се прави целосен рестарт на државата, ново име, нов Устав, нови закони, а старите проблеми ќе си останат, има време за нив, 28 години ништо не е, навикнати сме ние :).
Македончето пак ќе си остане најебано, другите малцинства добија поголеми права, ние што? Види Кајги:
1) Поголемиот дел од Македонците несакаа промена на Уставното име... го променија
2) Другиот дел (помалиот) од Македонците не ги интересираше името, али сакаа конечно правдата да завладее во земјава... БАМ општа амнестија за сите криминалци.

А Европа? Ех, колку дволична курва е таа Европа... знаеш овие два-три месеца спласнаа муабетите за влез во ЕУ, туку само за во НАТО, што и беше цел тоа да се направи. Значи фактички не искористија како кондомче за еднократна употреба за да можат САД и Европа преку нас да си го мерат курот со Русија, истото го направија и со Црна Гора, останаа и тие кутрите само со НАТО, за ЕУ ќе си почекаат. Сега ќе треба да плаќаме одредена сума на пари на годишно ниво, за да наши војничиња под капата на оваа организација силуваат и убиваат невини жители во некои други трети земји... а за возврат што ќе добиеме? .!.
Не заслужуваме држава Кајги, таа е реалноста... едино што ни преостанува е да им честитаме на Албанците, Грците, Бугарите и Србите што преку Тиранска Платформа, Преспанскиот и Бугарскиот договор, како и неприфаќањето на црквата успеаа да го доутепаат народов овде, на духовен план пред се...

Утре е празник, Свети Стефан... именден на брат ми. Убав ден, али нека ми простат сите, и не ми е така до славење. До наредно читање Кајги, од некоја друга нова земја, со стари проблеми :)
 
Кајги
Како беше она, секој ден човек учит нешто ново... епа турсконо име Елиф, наназад кога ќе го прочиташ е Филе, фала ти мозоку скапан...
 
Во животот ако јавно или приватно си против големите корпорации одма си отфрлен од опкружувањето затоа што не ги следиш опшествените прифатени норми.
Колку и јаки докази да имаш дека пример Диазепамот е лош но го користиме затоа што "големците" го туркаат и нудат ќе бидеш направен нерационален затоа што многу го примаат.

Така и на форумов, ако нешто е во рамките на убедувањето на администрацијата тоа ќе биде оставено да помине, ако нешто не е во тие нивни рамки ќе биде казнето без објаснување.
 
What is Slimquick Keto? Незнам.

Сабајлево видов луѓе кој возат велосипед по снегов како да е 26 јуни

my love to everyone
ES21.gif
 
Зимски гуми :pos: абе сите теренци да возат пак нема да се пере бруката од блокирањето на метрополата на Северна Македонија од 3 цм снег.
 
Кајг,
шепни му на министерот не дека кесите со дарувана крв на трансфузиологија се со несоодветен рок, нека ги загледа и цитратните епрувети за земање крв што димери вредност ќе дадат со рок ај донт ноу :facepalm:
 
Драга а да заебиме ние и еу и нато и да се согласиме да не поделет? Ова нит било држава нит ќе бидит некош. Значит во угледна охридска железарија денес се случи немил настан, при кој шо како шо дознав од вработените шефот на смена со шипка удрил по глава еден работник заради то шо од многу работа немал време да му напрајт кафе на шефот. Немат да спомвам имиња зато шо то копиле од шеф е внук на еден охридски судија и бил таму вработен партиски. Да повториме МУ ЈА СКРШИЛ ГЛАТА СО ШИПКА ЗШ НЕ НАШОЛ ВРЕМЕ КАФЕ ДА МУ СВАРИТ. Ама драмата тука не завршвит одма после то шефот кој шо е психијатриски случај си влегол вканцеларија и никому ништо. Го донесоја на хирургија чоеков со брза помош од таму го вратија полу свесен со мозочно крварење зато шо не оперирале тие глава. Од таму итно беше транспортиран во костозглобна ама ни го вратија и од таму со образложение дека е за на неурохирургија. Доброо го вратија пак Охрид на нервно во ред. По барање на началникот мој бев да го видам пациентов и го најдов таму буквално входник легнат на импровизиран кревет и онесвестен и добив одговор ам немат кај да го легниме. Му звонав на началников и тој рече дека одма ќе ги испратит двете болничарки со кревет зш стварно немаше смисла...Го легнавме на анестезија дур се договорија за скопје кој ќе го примит колку е итен итн. Ее од ко бидна све БАМ од брза помош никој шофер не се нафати да го однесит зато шо секој шофер си имал само по едно комбе а тој шо беше на смена одговори декс можело да звонит некој од околијава ќе немсло кој да ојт. Моментално пациентот е во операциона сала во Скопје однесен лично од мојот началник со негова лична кола и со наша сестра која шо доброволно се нафати. Се надеваме на најдоброто дај боже све во нормала да се вратит. Во тие 12 сати шо бев на работа не дојде ниту полиција ниту некој спомна нешто...да ме слушаш драга дека и на то ќе останит зш ко ќе ти е вујко владика све е полесно. Никогаш не сум величел никого ама немат да се родит чоек во Охрид како началников мој. Од кал ќе го прајме ко ќе заминит. Да ме слушаш шо велам.
 
Радости со снегов излеговме да прошетаме, ај круг еден пешки па со кола ќе свртиме, ајде. Утепавме еден круг низ град, в'кола и да се повозиме. Ќефој, лепота расположени, музика возиме и гледам на пат куче не се трга, одиме поблиску до него мало куче легнато на пат, прегазено...
Срце ми се скина, го зедов во раце му течеше крв од уста, уште дишеше. Мајка му кучката како квичеше..... грев..
Го оставив на суво, кучката одмо по него, во кола и на ветеринар. Среќа го најдов во двор, му кажувам што е работата, вика нема што да му прајме, внатрешно крварење има сигурно немаме никаква опрема, нема како да му помогниме.
Еве си дојдов дома, мака ми е што нема како да му помогнам, срце ме боли.
Како мало мече беше, бело крзно како јагне....
Грев
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom