Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Нема јебени гратиси....
:(
 
Ужас, ужас, ужас и само ужас. Цели 5 саати имам спиено во 3 дена. Не знам како издржувам. Не знам зашто издржувам. Уште 15 дена до крај на кошмарот.
 
Драга, таман мислев ништо од бизнисот пред некој месец почнав да си добивам нарачки <3
Таман едно ќе завршам, друга нарачка стасува, милина си седам дома и си крцкам :love:
 
Не ми смета да бидам сама.

Сама на мојот велосипед возејќи низ градот. Сама на балкон читајќи книга. Сама во кревет гледајќи филм. Сама во дневна пред лаптоп слушајќи музика. Сама во продавница купувајќи намирници. Сама во книжара барајќи ново четиво.

Не ми смета да отидам на кафе со пријатели, понекогаш добро е да поразговараш со некого или едноставно да бидеш со луѓе. Но, претежно уживам во работи кои можам да ги правам сама. Да се биде сам со себе е ослободувачки, не мора да внимаваш што ќе кажеш или ќе направиш.

Не ми смета да сум сама, не сум осамена, едноставно сакам да поминувам време сама со себе си.
 
Не идам со точак на работа ради мочаниве прогнози, а пошто сум совесен граѓанин идам со автобус. Џабе се потам цела недела во 23ка, еве и денес ќе истурало, јаки бури ќе имало, и пак не сум со точак. За пола саат ќе си одам дома, повеќе сум мокар од што сум испотен него дожд да ме наврнеше...
*кхм*
 
Драга Кајгана,
Еден куп обврски ги запоставив поради тоа што сум изморен од извршувањето на истите, затоа што ми е топло, затоа што ми е досадно, потоа се здебелив, не внимавам на исхраната, на вежбање којзнае од кога не сум бил и мислам имам како некој душевен немир од толку трчање наваму натаму и од обврски, а уствари некои обврски не ги ни завршувам.

Ама еве тука нека стои постов, си ветувам дека до крајот на летово ќе ги завршам сите работни обврски, ќе ослабнам и повторно ќе имам идеално тело, повторно ќе се хранам здраво и ќе го пронајдам својот душевен мир. И секако ќе се потрудам да ги реализирам моите неколку желби што ги имам/планирам оддамна.


И исто така, нека ни е за многу години празникот Св. Константин и Елена!
Нека не чуваат светците од лошо и нека ни даваат само добро! Среќна слава на сите оние кои го слават празникот и честито име на сите оние кои се викаат Елена, Константин, Костадин, Костадинка, Ленка...:)
 
Драга,

Дали вечно ќе бидеш рамо за напатените души? Без душа, без тело, но немаш поим колку ни олеснуваш на тие што доаѓаме на утеха кај тебе. Пробувам да останам присебен, но секогаш ќе боли, секој ден кој врне. Дали сум толку многу отворен, за капките од дождот да паѓаат врз мене? Дали ќе дочекам еден ден јас да го видам виножитото, и престанокот на дождот? Кога силно сонце ќе даде одсјај од сите вирчиња и наполнети дупки од дождот? Дали ќе можам да се погледнам во огледалото на вировите кои се створиле? Верувам дека дождот ме направи поцврст, но дали сум? Дали сум спремен, да танцувам по дождот? Дали треба да се препуштам, на капките дожд?
 
Не знаев каде да пишам... Чудово е од фонтана. Ако знае некој како можам да ги сменам диодиве и да го отворам, нека ми пише пп, ќе му бидам благодарна.

Не може од задната страна.
20170603_192417.jpg
 
Од рубриката најголеми #КајганаМистерии, никогаш нема да научиме за кој навиваше apidrone вечерва. :D А најверојатно ни каков дрес ќе носи на Телеком Арената на 8ми Август. :icon_mrgr::icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom