Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Се шетам вчера низ град и незнам колку типки видов со чизми до колена. Па добро бе 30 степени најмалце беше вчера, 22 Мај бе алоооо? Чизми до колена уште?? Па кога ќе си појдете дома паѓате ли во несвест самите кога ќе ги соблечете? Како бе, зошто алоо? Да зеам гузериците утре да ги извадам на 30 степени ако не. Како не ви се сваруваат тоа нозете не ми е јасно. ДНО.
 
Ептен забеган е народов.
Не толку близок пријател на татко ми, се разведе со сопругата на 50 годишна возраст.
6-7 години немаме никаков контакт со госпоѓава.
Пред 15 минути дојде и зазвони на звонче со 3тиот маж , бараше пари на заем.Туѓ срам ме јади.
 
Драга,

Може биле од оние летните чизми. :toe:

Алергијо моја, заврна, подзалади, фак ју. Уште малце да издржиме и годинава ќе поминам апла лаганица со нејзе. :love:
 
Драга, ја ти испишав цел реферат со патешествија, ама откако завршив си реков шо замарам со глупости, имам за учење... И еве си најдов и музика на јутјуб шо трае 3 саати, нешто у стил study focus, brain power, concentration music, а - у, ... све бе најдов, само уште да почнам да учам. (y)
Ај, пријатно. :D
 
Не е возможно правам премети колуци напред назад мост на глава и разни други движења шо не ми се познати ама пот пот тоа ти е :icon_lol:.
 
ДДДДДДДДДДД...дддддддд само да ти кажам очекувај да во наредните 24 часа некој член регистриран од денес отвори нова тема се разбира во тој потфорум Љ и С... и тоа со анкета. А насловот ќе биде нешто вака.
- Дали него му е тенок или мене ми е многу широка........Picture 3235.jpgоди сега зјапај во Мелита на бело море јас ќе си листам од овие списанија и гледам кога жените беа со една Д....
 
Колку зависен од интернет, турски серии, и peer pressure driven народ имаме може лесно да се забележи од Фејсбук страната на Телеком.
Проблеми Телеком во мојот реон има 1-2 пати годишно, и се безначајни или брзо решени.
Еднаш ќе снема интернет (а всушност не ни снема кај мене, само малку лагираше) и готово, летаат кецови таму на reviews, ГОВЕДАА КАТАСТРОФАА НАЈСКАПИ СТЕ ШТО Е ОВА хур дур.
Се враќаме на она направи 99 добри работи и 1 лоша, и ќе те памтат по лошата.
Само што во случајов е бетер затоа што Телеком сигурно не го направиле ова намерно :)

Ниту еден од нив не разбира што значи да се работи на терен, а да не збориме како ваквите коментари делуваат на оние кои работат макотрпно.
 
требаше да се видам со еден мајстор кој отиде во пензија, испаѓам и ги гледам со колегата што не се мирисаме многу, земав, си извадив пари, си купив стрипови и му пишав порака - мајсторе, земав стрипови и ми испадна една важна работа. убав помин со колегата. потоа го ставив телефонот на сајлент и... t r u s t n o o ne .
 
Драга,
како да им се изнаебам све на овие шо непрекидно ги отвараат темите за суплементи, медицински и козметички препарати?
 
Драга Кајгана,
Досадно ти е, немаш што да правиш, времето не поминува. Имаш обврска што мораш што побрзо да ја завршиш и мислиш стрелката на саатот пет пати побрзо се врти.

Успат се чудам како некои луѓе јадат торта на парчиња/залаци. Јас слој по слој по убавина си ја јадам тортата:D
 
Драга,
Вчера на предавање, фокусиран максимално, еден колега почна да ми дише во фаца и јас инстинктивно му подадов мастика од џепот без да го погледнам. Сите околу мене почнаа да се смеат, а тој излезе од предавањето а јас после 2 минути сфатив зашо се смеат. Дали сум до толку отрпнал од животот и сум станал без осет? :toe:
 
its-not-the-fall.gif
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom