Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
 
Последно уредено:
Драга Кајгана,
По учество во повеќе од 60 изданија на натпреварот Кајгана готвач конечно победив. Пред некоја недела првата победа ми беше тоа, сега еве втора победа:love:

Ми иде да прославам:D
 
Ao1oZAv.gif
 
Драга,

Од секогаш сум важел за принципиелен човек и сум го исполнувал договореното. Без разлика дали се работи за некоја минимална услуга која сум ја ветил некому, до некој посериозен проект или milestone, па се до банални работи како договарање за кафе.. Всушност, никогаш и не сум каснел повеќе од 5 минути за било што во животот и не сум сакал да ја оставам особата со која сум се договорил да ме чека, а нечесто сум знаел да чекам поради луѓе што секогаш каснеле и не си го исполнувале ветеното (посебен круг во пеколот за овие).
Но, никогаш не би можел да помислам дека зборот на сериозна високо етаблирана македонска фирма (како што они умеат да се претстават) ќе важи толку малку и нема да го испочитуваат датумот и договореното. Каде ви е кредибилитетот господа? Засрамете се! Сериозност нула.
Всушност и не знам зошто сум толку изненаден од таквата постапка кога нашиве фирми уште при интервју за работа ги мрзи да пишат еден меил дека на функцијата за која кандидирате е вработен друг кандидат, да не бидете во исчекување со седмици.. а не па кога се работи за посериозни договори.
Каде бе со ваквиов македонски менталитет? : (
Памет за друг пат.
 
Драга,
Една до мене во автобус се жали дека здравството во Словенија било катастрофа хахахахах. Ќумрам.
Секако кај нас е подобро, затоа дошла тука.
 
ДК,
денес го исслушав и последното предавања од моите студии.

Мислам дека ќе ми фали факултетот и покрај целиот хаос, неорганизираност и проблеми низ кои поминав овие 4 години :(
Би рекол најинтересниот дел од целото образование. Учиш тоа што сакаш и запознаваш и се дружиш со ликови кои имаат слични интереси како твоите (y)
 
Драга,

свртив нов лист, на претходниов му е**в мамата. Ми го направија она "ама ја те глеам само како другар". Гадно чувство... :sick: Ако за некого се надевав, праев све што можам и изгледаше дека ќе ја биде работата, ми даде гол у 90та за пролаз даље. Јебига, ќе морам да се навикнам дека сум вечити лузер. Како во љубовта , така и со факултетот забушавам, не знам што ќе биде, али страшно ме нервира. Смачено ми е од сите луѓе , смачено ми е од све што се дешава во ова парче земја. Ми се иде некаде далеку од сите, да бидам раат некој период и да пробам да го сменам начинот на живот. Едино ме радува што има уште многу луѓе што играат фудбал во слободно време, па можам и ја негде да си ја истурам нервозата собрана од претходните денови. Исто така заклучив дека овој народ (во глобала) не заслужува парична награда, како награда за некој успех (конкретен пример турнир во фудбал). Очи ќе си извадат за тие мочани пари, да ти се изнамочам у парите. Си пцујат мајки, шајки, ќе се тепаат за смешни 50 евра по чоек. :bravobe:

Освен што желба (а и план) ми е да се преселам во Германија, друга желба ми е барем еднаш среќата да ми се насмее, а не да ми врти грб. :D

Во останатите вести од денот, утре е сабота.:icon_mrgr:
 
Дк,

Ми текна на една епизода од twilight zone, и тоа у 5 сабајле.
Беше за едно пристаро човече со наочари кое многу сакаше да чита. Немаше нешто што сакаше повеќе од читање. Кога ќе немаше книга или нешто друго при рака, дури ги читаше натписите на производите, декларациите.
Со жена му многу често се караше поради таа негова желба за читање. Често знаеше на работа кај него во банка, да земе весници, да се пикне во еден огромен сеф и да чита, да чита.
Така еден ден, читајќи во истиот тој сеф, се случува огромна експлозија.. излегува и сфаќа дека тој останува единствениот човек на земјата ( нели твајлајт зоун ).
Незнаејќи што да прави со себе, движејќи се онака.. никаде, наоѓа дури пиштол, го става на глава да се самоубие.. кога пред него ја гледа најголемата библиотека што ја имаше видено, книги, книги..
Си ги нареди кои книги ќе ги чита во Јануари.. кои во Фебруари, Март, Април, наредна година.. годината после таа..and the year after that. Конечно беше среќен.

Ја немаше повеќе жена му да досаѓа, ниту шефот, никој.
Викаше: "А најдобрата работа од се е што имам време, време, време.. сето време што ми треба, сето време што го сакам, време, време, време.. конечно време!"

.. Се наведнува да ја чита првата книга, му паѓаат наочарите.. пред него се е магливо, неможе да гледа.

"Не е фер! А го имав сето време што го сакав, сето време што ми беше потребно! .. Не е фер"

Таква промена на тркалото на среќата и длабока иронија, што ете.. само еднаш во животот ја имам гледано пред многу години оваа епизода, и никогаш повеќе.

пис К, одам да спијам
 
ДК

Ја читам статијава за донации на партииве. Искрено не знам дали ми се повраќа или не. Ај некој Стојко, Петко што сака нека прави ама државни фирми донирале на сметка на партија?

Ако е ова легално си пакувам куфер и да ме нема.

П.С Некоја баба ја пикнале во затвор за гледање на кафе пошто земала пари се рачунало проневера, а црквиве и партииве што земаат пари не е битно.

Уствари они не наплаќаат, они примаат „донации“. :pos::place:
 
Последно уредено:
@Liverpool_4ever Еве ти ја епизодата :icon_mrgr:

Него ова со Евровизијава... дај бе веќе нека не праќаат преставници, кај одат со наши пари, па уште и се глупираат таму ни ја срамат цела држава. Која е потребата пред цела Европа да знае дека си бремена а капак на се уште и јавно запросување...?:несвест:

Знам дека е ептен ептен ептен клише муабетов, али нека го пратат Гиш со Самовилската Свадба и потоа нека му турат пепел на тоа натпреварување... извинете дечки тоа е најдобро што може да го понуди нашава мила и напатена земја, ако ви се свиѓа добро, ако не ебете си мајката и одете лижете ја пичката/курот на Кончита Вурст.

Јебала вам прозападњачка либералност :blablab:
 
Иако ми беше комшија сепак со него израснав и ми беше како дедо. Маме му ебам колку е суров животот, за две недели човекот отиде, од нигде никаде... Ме јаде језа од сабајле зашо последните зборови му биле да му направам јас тикет пошо немал пишано ништо месец дена... :place: Ок Марио и Пеџа ќе се смеат за ова ама имавме таква пракса со него, чат пат му пишував тикети кога не можеше он да пише. Ќе пуштам едно на 100че после у негова чест. Лесна ти земја мајсторе, се гледаме во некоја наредна прилика.
 
Драга,

Ептен лигле сум станала во последно време. Ќе прочитам нешто, дали некој бара донации дека е болен, дали некој починал од болест, а пак за дете ако се работи, толку ми треба. Камо никому да не му треба лечење или пари за таква работа. Последниве три месеца после влечење по доктори, нестручни специјалисти и матични кои мислат дека Господ за јајца го фатиле па не можат да ти пишат упат за специјалист, со завршување на прегледи и снимки 90% на приватно, имам огрооооомна почит за сите кои мораат да се лечат со нашево ебано здравство. Сите вие што сте болни или се грижите за некој близок што ви е болен, вие сте сериозно најсилни личности што можам да си ги замислам во државава. Најдобро што може некој да ви посака е здравје, па бидете здрави, другото е секундарно.
 
Иако ми беше комшија сепак со него израснав и ми беше како дедо. Маме му ебам колку е суров животот, за две недели човекот отиде, од нигде никаде... Ме јаде језа од сабајле зашо последните зборови му биле да му направам јас тикет пошо немал пишано ништо месец дена... :place: Ок Марио и Пеџа ќе се смеат за ова ама имавме таква пракса со него, чат пат му пишував тикети кога не можеше он да пише. Ќе пуштам едно на 100че после у негова чест. Лесна ти земја мајсторе, се гледаме во некоја наредна прилика.
Не е многу пари, 500 и кусур денари, ама добитно е. Сега цел се наежив жими се...
18470818_10212988075325411_1333116959_n.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom