Дк,
Ми текна на една епизода од twilight zone, и тоа у 5 сабајле.
Беше за едно пристаро човече со наочари кое многу сакаше да чита. Немаше нешто што сакаше повеќе од читање. Кога ќе немаше книга или нешто друго при рака, дури ги читаше натписите на производите, декларациите.
Со жена му многу често се караше поради таа негова желба за читање. Често знаеше на работа кај него во банка, да земе весници, да се пикне во еден огромен сеф и да чита, да чита.
Така еден ден, читајќи во истиот тој сеф, се случува огромна експлозија.. излегува и сфаќа дека тој останува единствениот човек на земјата ( нели твајлајт зоун ).
Незнаејќи што да прави со себе, движејќи се онака.. никаде, наоѓа дури пиштол, го става на глава да се самоубие.. кога пред него ја гледа најголемата библиотека што ја имаше видено, книги, книги..
Си ги нареди кои книги ќе ги чита во Јануари.. кои во Фебруари, Март, Април, наредна година.. годината после таа..and the year after that. Конечно беше среќен.
Ја немаше повеќе жена му да досаѓа, ниту шефот, никој.
Викаше: "А најдобрата работа од се е што имам време, време, време.. сето време што ми треба, сето време што го сакам, време, време, време.. конечно време!"
.. Се наведнува да ја чита првата книга, му паѓаат наочарите.. пред него се е магливо, неможе да гледа.
"Не е фер! А го имав сето време што го сакав, сето време што ми беше потребно! .. Не е фер"
Таква промена на тркалото на среќата и длабока иронија, што ете.. само еднаш во животот ја имам гледано пред многу години оваа епизода, и никогаш повеќе.
пис К, одам да спијам