Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга Кајгана,
Од мал ме учеа дека треба да имам почит кон постарите и до ден денес знам за почит кон постарите, но зар треба да почитуваш некој стар човек ако тој тебе не те почитува? Незнам дали е до времето во кое живееме, но стариве луѓе за ништо немаат трпение, разбирање, почитување, па донекаде и некаква култура на улица. Одиш во продавница, на пазар, на улица.........., не те гледаат, те буткаат, битно они да бидат први услужени. Па како еден таков некултурен и дрзок стар човек да почитувам? Туку добро, бар имам некаква култура, па ги игнорирам и се тргам од нив кога прават таква мешаница.
 
Страшно ме занима шо музика слушаат стариве шо ги глеам низ град со слушалки у уши ?
Замисли да си идеш по улица и да си слушаш, шо знам.... „Назад назад Калино моме“ пример :icon_mrgr:

Коа сме веќе кај стариве, сабајле една бабичка као се стрча по автобус, ја глеаш иде полека полека, си подкривнува малце и наеднаш од висок старт почнува шпринт :pos:
Побрзо од мене трчаше бе :vozbud:
А тоа кондурите и клапаа, мислев ќе и испадне некоја ко на Пепелашка :icon_lol:

А коа сме па кај Пепелашките, онаа матурантката си ја зема штиклата од ЈСП или уште ја држат у автобусите ко пехар ? :icon_lol:
 
Стариве ти се нешто интересна работа.
Кога се во автобус,абе цел автобус ќе мора да стане за да поминат и седнат само они.Кога ти си во прашање,е друго е веќе.Они фино лепо те одбацуваат,пази дечко,не можам сега.Ти се убацуваат у меѓу редови.Во влез на автобус,таман фино си влагаш,стариве абе мора да да влезат одма први.Мислам,со опроштење,ами постари се ;) демек:D
 
^
Е да, колку само серии и филмови треба да се изгледаат, игри да се изиграат, башка Кајгана и останат интерент да се прочита, каде е тука работа, вежбање, посветување време на девојката, чат-пат некоа пијанка со друштво.

И најбитно, спиење
за кое најмалце време останува се кога ќе собереш
 
Бев сведок на случка во која еден младич место да помогне, се ситеше на туѓа мака. Мажиште едно духовито. Се надевам ако утре, не дај Боже пукне војна, нема да остане само на таквите да не бранат.
 
Тажен ден, многу тажен...

14650462_10209191247450357_8657149604920932249_n.jpg
 
Aбе овие кај Драган Вучич шо ги гледаме смешни ни се вака нивните глупости ама кога малку подлабоко ќе размислиш сфаќаш дека дека интелектот и општата култура кај нас се на многу ниско ниво.
 
Фатив Топ тема на крајот и у моето себепцуење зошто не сум уклучил порано и да се смеам како се караат ЗАМП и антиЗАМП излага тој еден од антиЗАМП таборов, познат лик ама не му го знам името (мислам нешто од Сител дека е) и вика:

„За денот на Тоше ние не можевме да пуштаме негова музика и не можевме да го одбележиме денот на Тоше Проески“.

Абе лингур, се утепавте вие од пуштање музика на Тоше до пред забранава и сеа тешко ви падна баш на 16 шо не можете да пуштите една песна од него, а ?
Тоше не се сака само на 5ти и 16ти октомври и за неговиот роденден, па после цела година да се заборави.
Тешко му било, не можел денот на Тоше да го одбележи....

Ти ако толку го ценеше Тоше, секој ден ќе ти беше ден на Тоше па ќе пушташе негова музика !
Немој вакви патетики да ми користиш за твои интереси, ѓубре едно покварено !
 
Kej,

Инаку кеј, возев еден познат шипоња до с. Копаница, познато село меѓу тетово и скопје, каде си расте трева и останати ствари...

Битно опасното помина жив и здрав дома ... и така.
 
Кеј,

Само што ја догледав серијата Cosmos: A Spacetime Odyssey, под огромни импресии сакам да споделам едно парче од цитатот кој треба да делува освестувачки за сите нас. Инспириран е од фотографија направена од вселената на 14 февруари 1990 година на која Земјата се гледа како бледа сина точка - A pale blue dot. Всушност ова е извадок и од истоимената книга на Карл Саган.

Додека читате пуштете го видеото во позадина.


„Тоа е овде. Тоа е дом. Тоа сме ние. Тука се сите што ги сакате, сите што ги знаете, сите за кои некогаш сте слушнале, сите човечки суштества кои постоеле, ги проживеале своите животи. Собир од нашите радости и страдања, илјадници самоуверени религии, идеологии и економски доктрини, секој ловец и сточар, секој херој и кукавица, секој создавач и уништувач на цивилизацијата, секој крал и селанец, секој млад заљубен пар, секои мајка и татко, надежно дете, секој изумител и стражувач, секој морален учител, секој корумпиран политичар, секоја „суперѕвезда“ и секој „врховен водич“, секој светец и грешник во историјата на нашиот вид живеел овде - на прашинката која лебди на сончевите зраци.

Земјата е многу мала сцена во пространата космичка арена. Сетете се на реките од крв пролеани заради сите тие генерали и императори за во слава и триумф да бидат моментални господари на делче од точката. Сетете се на бескрајната суровост која жителите на еден агол од овој пиксел им ја направиле на едвај различните жители на некој друг агол, колку се чести нивните недоразбирања, колку се желни да се убиваат еден со друг, колку е жестока нивната омраза.

Нашите ставови, нашата измислена само-важност, заблудата дека имаме некое привилигирано место во Универзумот се предизвикани од страна на оваа точка со бледа светлина. Нашата планета е осамено зрнце во големата космичка темнина што се одмотува. Во нашата оскудност, во сиот овој простор, нема никакво навестување дека помошта ќе дојде од некаде и ќе нѐ спаси од нас самите.

Земјата е единствениот свет за кој досега знаеме дека одгледува живот. Нема никој друг, на кој би можеле да се преселиме барем во блиска иднина. Да посетиме, да. Да се населиме, сѐ уште не. Ви се допаѓало тоа или не, во моментот Земјата е местото каде што остануваме.

Речено е дека астрономијата е скромно искуство кое изградува карактер. Можеби не постои подобар приказ на човековото глупаво вообразување од оваа оддалечена слика од нашиот малечок свет. За мене, тоа ја потцртува нашата одговорност да се однесуваме пољубезно едни кон други и да ја сочуваме и цениме бледата сина точка, единствениот дом што некогаш сме го знаеле.“
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom