Дозволувате ли сеир на ваша сметка?

  • Креатор на темата Креатор на темата spooky
  • Време на започнување Време на започнување
До одредена граница дозволувам некоја шега, најчесто и сам праам шеги на моја сметка, ама сепак да не се претерува со реметот :)
 
Нормално ,но да нема претерување...да се има граница
 
Да ама со мерка... а таа е мерка додека не прејде веќе во вреѓање :)
 
Најинтересно ми е кога ми пукаат сеири, за одредени глупости од моја страна , најчесто за постапки непромислени, зашто плус сите се смеат, плус јас се корнам од смеење без притоа да се замарам дали некој ќе се навреди, зашто тој некој сум јас...
А да , се во граници на нормала, зашто како што сум била сведок на тешки реметења на некои особи Х ...
Некои и го заслужуваат тоа искрено кажано
 
Ам многу ретко да дозволам а речиси воопшто мајтап на моја сметка, едноставно ми делува понижувачки шо не би морало да значи и То :)
 
па и не баш... во школо мене и другар ми не викаат сеирџии така да повеќе јас пукам сеир неголи некој на мене... :vozbud:
 
додека не стане досаден , и веќе не е интересно тоа што го зборува ..
а мисли дека со тоа се става над мене .. по доминантен .. хах
 
Сеирот си е балканска традиција и е во тесна врска со еснафл,кот. Кој не трпи да биде мета на сеир, не е еснаф:jaj:. Јас прифаќам да ме сеират ако сум за сеир, а ако сум расположена можам дури и да напраам некој виц на моја сметка шо му иди како џек-пот на сеирџиите:salut:
 
па зависи кој тип на ремет,мислам за што,има пример некои теми коишто нејќам ич да ме заебаваат било кој да е!
Ама за нешто што не ми смета слободно
 
А како да не дозволувам кога сум дудук накај два за многу работи! Мислам, каде отиде светов со high tech-ов мамата, каде сум јас?
Уанс техно дудук оулвејс техно дудук! Проклетство!
И ќе ме ребрат другарчињата хакери после, епа ќе ме ребрат!
Трпи душава! Ама Твистер кога играм страшно се иритирам од сеирџиите удобно сместени во фотелји околу нас газ преку глава испревртени! јас разбирам дека смешно е кога ти е заглавена главата под нечија задница ама come and see what it's like!
Овие работи секако ду нат хрт мај филингс, ама сеир на работи кои се ми значат, ме прават среќна и ги љубам, јок:nenene:!
 
Дозволувам, ама до одредени граници. Се помине ли границата е тогаш доста зафрканција, преминувам на заебанција. xexexe
 
Дозволувам затоа што уште подобро враќам :helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom