Дозволувате ли сеир на ваша сметка?

  • Креатор на темата Креатор на темата spooky
  • Време на започнување Време на започнување
Не! Се смејам на моја сметка и никогаш на сметка на други, така и очекувам
 
Да, секогаш сум расположен да се шалам и на моја и на туѓа сметка само да нема претерување и да не преминат сеирот и шегите во навреди!

Така кажи бе брат ааа сеа што ќе ти праиме со апо ХАХА позз
 
:helou:Сеир ниту правам ниту трпам на моја сметка ,додека шала да, сакам да правам и на своја и на туга сметка се разбира во граници на пристојност .:smir:
 
Епа мораш кога тогаш да се насмееш и на сопствена сметка. Јас само трескам глупости ама на крај краева ќе ми биди смешно или на пример ако паднам негде на јавно место нормално во моментот ми ида да пропаднам вземја ама после ќе сватам дека е смешно:kesa:
 
Абе како не во моментот така да ти дојде. Веруј ми ова од искуство како сеирџиа по јазикот на телото се познава кога го прифакаш сеирот кога не, а по тоа барема кај мене у друштво што прават ако го прифаќаш ќе те закачнат уште малку и после бараат друг зошто нема да си им интересен или интересна, не се нервираш ама малку да кикснеш нејќеш.
 
па морам да ги оставам понекогаш и другите да фатат сеир :baeh:
 
дозволувам... пошо со мене сеир мојш до сабјле да тераш :baeh:
 
Дозволувам. Има едно момче од друштвото наше, се лути на секоја шега на негова сметка.:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Нема што да дозволувам или не... Луѓето не се под моја контрола, па јас да им одредувам што ќе зборат, што не.

Мое е дали ќе ме тангира тоа што ќе го зборат или не. Ако не ме тангира, нека зборат што сакаат.

Не можат да ме налутат, ако не им дозволам. Па не им дозволувам. И сите среќни. ;)))
 
Дозволувам до одредени граници. Е сеа кои се точно тие граници неможам да кажам, зависи од муабетот, од друштвото и секако од моето расположение во моментот. Со најблиските секогаш си тераме сеир како на туѓа така и на моја сметка, не ми се случило да им се налутам досега зашто знам дека никогаш не мислат нешто лошо. А и нормално не сум јас совршена, знам да треснам некоја зелена кој стварно заслужува сеир, или пак некоја глупа постапка. Само да нема претерување и да не ме повредат со некои зборови. Исто и јас коа фаќам сеир за некого сепак пазам да не кажам нешто лошо ептен што стварно би можело да повреди некоја личност.
Само нескам луѓе кои уште при прво запознавање, при прв муабет почнуваат со сеир, безразлика дали е кон мене или некој друг. Некако не ми оставаат добар впечаток
 
до одредени граници а тие граници се мааааааааааааааааааааааали...
ама кога сум ин муд може и сам да си тресам заебанции по цела вечер ама кога не сум ин муд е тогаш пукам и за најмала заебанција.Обично кога сум нанервиран сакам од други сеир да гледам...па заборавам на нервозата па кој шо сака може да ми изнатропа...
damn...ептен сум дозволувал:vozbud::vozbud::vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom