Врска немаш, значи. Ете, прашај ги постарите што велат за празникот на трудот ако веќе ти не си го славел со скара и Цеца. Па човече, и на птичките им е јасно дека секогаш врне на 1. и 2. Мај и дека од времето човек не може скара да си направи, како човек. Ова е факт, непобитен. И се ова се прави со технологија на Западот, бидејќи комунизмот им беше трн во око и не можеа да поднесат таков совршен систем да им парира на квази-капитализмот што го промовираа. Ете, имаш интернет, изгуглај малце Никола Тесла, САД, ХААРП и не знам ти какви се не технологии, со кои Америка го контролира светот, предизвикува земјотреси, дождови, поплави, пожари, вулкани. Буквално сите природни катастрофи ги прават Американците. Ти што мислиш, поплавите кај нас минатата година беа случајни, баш кога ни тргна во земјоделието и ја загрозивме конкуренцијата на пазарот на земјоделски производи?
Мисли, мисли бе малце, не се што ќе прочиташ на интернет да го голташ и прифаќаш