Ако само тој дел од мојот пост ти привлече внимание, тогаш не вреди ова што го пишувам, но ајде...одговор од типот мразам хејтери ... а тебе па што толку те погодува што мислам и сакам јас од дота? едноставно сакам да го има евентот, имаа време да ја средат дота а за тоа имаа и финансии да го направат тоа. не сум фан на ајтеми и не ми претставува проблем да ги купам истите ако не веруваш иди и провери го мојот стим профил. поздрав и чао пријатно.
Да разјасниме основни работи. Мене воопшто не ме интересира твоето мислење за било што во однос на играва... се додека не постираш на темава. На форум си, нормално дека ќе ти реплицирам кога не се согласувам со твоите постови. Доколку не ти се допаѓа тоа, тогаш на тотално погрешно место си дојден.
Кој тоа имал време и што точно треба да се среди? Забораваш основни работи од типот дека годинава излегоа 4-5 нови херои, нови модови во нормал мм, нов систем на ап на ранкед, премногу новости за време и по ти4, измена на мапата и ред нерфови и бафови. За нареднава година се крчка еве нов енџин и 2-3 нови херои. Ако се ова што излезе оваа година е малку за тебе, ондак дечко ти треба да се пријавиш за девелопер дефинитивно. Забораваш какви беа серверите порано, посебно 2012. Ако ова сега ти е неигриво, ондак не ми оди во глава што си правел тогаш доколку си играл. Точно, има рандом дисконектирања и тоа во доста голем број, но далеку од тоа дека ептен ти ја нарушува играта (барем во моите случаи, се надевам не си до толку баксуз). И да, се сложувам дека треба да има евенти но не по цена на тотална неигривост. Затоа е и за поздрав што им текнало да ги тргнат. Тоа дека поголемиот дел од играчите сакаат евенти наспроти стабилна игра, мало сутра.
За колку милиони лапнале оставам на тебе пошто очигледно и на тоа поле си експерт.
Поентата е дека играва е далеку од перфектна, но се работи на неа. Факт е дека не може на сите да им се допаѓаат измените поготово кога има толкав број на играчи, но немаш никаква потреба да одиш со глава во ѕид за банални работи кои во случајов не би требало да ти бидат толкав deal breaker.