Значи имате 3 левели во matchmaking системот.
Low Priority, Medium Priority и High Priority.
Се си зависи од тоа какви противници добивате. Вашата улога во тимот во досегашните изиграни партии, kills, deaths, assists, бројот на бетл поинтс кој го добивате, бројот на партии кои сте ги изиграле, бројот на Commendations, рејтингот како сте играле одреден херој во однос на другите луѓе и слично, бројот на победи и порази, победи и порази во различните левели во Matchmaking системот исл.
Од сите овие фактори ви зависи тоа како добивате одреден противник.
Секој играч почнува во Low Priority, каде што се среќава со противници. Победувате во Low Priority? Веднаш системот ве префрла во Медиум. Таму ќе наидете на противници кои имаат исти скил како вашиот и слични статс и достигнувања како вашите.
Така да ако сте играч со медиум скил и играте во Medium Priority, и тепате па губите, па пак тепате, па пак губите, вие константно останувате во Medium Priority.
Ако губите цело време во Medium Priority секцијата, автоматски системот ве враќа во Low Priority. Исто е и во спротива, ако тепате цело време во Medium Priority, системот ве носи во High Priority.
Ако губите цело време и неможете да дојдете до победа, ќе си играте во Low.
Ако неможете да победите во Low, тогаш се стекнувате со титула Total Noob и си играте лоби.

Секако, дополнително зависат и горенаведените фактори од првиот дел од мојот пост.
Исто така зависи и дали имате пријател со вас. Ако сте про играч и ако играте со 4 проа во парти, противниците ќе ви бидат 5 проа.
Ако сте 2ца во парти, ќе добиете 2ца играчи од спротивниот тим кој се со сличен скил како вашиот, а останатите играчи ги усогласува системот автоматски (нивниот скил сеуште е сличен на вашиот).