Нема бе компромис, јас вечерва ќе идам во "xxx" дека таму се пуши. Ако сакаш, бујрум, ако не не мора. Остани си дома. Друг ден кога ти ќе идеш во некое место каде што не се пуши, јас ќе си останам дома ќе гледам фудбал. Проста математика е. Одлуките сами ги носиме. Тоа е и целата поента. Не ми дозволуваат сам да си донесам одлука дали ќе се трујам или не.
Дај просторија за пушење, и чао пријатно. Дозволи по кафани ресторани самиот газда да одлучи од какви муштерии има повеќе профит па каков ќе му биде кафичот, пушачки или непушачки, па нека си работи така. Ако треба и низ цел излог нека пишува ТУКА ТРУЕ НА ВЕЛИКО...па луѓето сами нека одберат дали ќе влезат или не. Непушачите со коментарите демек нив ги труеме, слободно нека не влагаат, ама ич око не ми трепнуе. Ни ја не сакам кога некој мириса на лук и ќебапи и е запотен под мишка па ете ...нема закон против тоа, ниту некој се буни. Ниту па се бунат за пун ку*ац фабрики кои што каде каде повеќе не трујат...та се фатиле за цигари кој што проблем мнооооогу лесно може да се реши.
Смокинг...нон смокинг. Тенкју вери мач.