Донација за Најден утре во парк 14.04.2013

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Донација за Најден утре во парк
13.04.2013 | 10:54

Утре во периодот од 12.30 до 14 часот во Градскиот парк во непосредна близина на Школка, (ќе има табла „Донација за Најден“) веднаш по завршувањето на Женскиот рекреативен маратон, група хумани граѓани ќе се соберат да достават донации за бебето Најден, кое лежи на интензивна нега во Клиничкиот центар Скопје.

Оттаму добивме информација дека им е потребно млеко НАН 1, но само доколку донаторот гарантира дека датумот на млекото е со неистечен рок. Тоа значи дека му е потребна и флаширана вода Ладна, Роса или Планинска.

Потребни му се тетра пелени за под главчето. Бебешка козметика за нега, влажни марамици и пелени за новороденче. Потребна е и облека, со големина како за едно месечно бебе. Ве замолуваме доколку донирате облека таа да биде исперена и испеглана. Кој чувствува потреба да достави донација во пари ви ветуваме дека педантно и агилно ќе бидат доставени до Клиничкиот центар. Потребно е сите да бидеме практични и добро организирани. Доколку имате можност донацијата да ја донесете во соодветна картонска кутија ќе ви бидеме благодарни. Имаме возило со кое веднаш после 14 часот ќе ги однесеме пристигнатите донации на Клиника.

Грижата за малиот Најден ја споделуваме сите, секој од нас му пожелува брзо закрепнување и му упатува позитивни и добри мисли. Ве молиме воздржете се да ја контактирате болницата и директорката, тие ќе ви одговорат на вашите прашања доколку ги побарате, но со тоа ги одвлекуваме од нивните обврски околу Најден и сите останати бебиња што се во моментот во болницата. А тоа секако не сакаме да го сториме, оти на сите ним, а посебно на Најден им е потребна нивната целосна концентрација и посветеност.
http://tocka.com.mk/1/92386/donacija-za-najden-utre-vo-park

Се работи за бебето кое беше најдено оставено во двор во Арачиново со исечен јазик.
 
Значи бебето лежи на интезивна нега во Клиничкиот центар и не можат да му овозможат храна и вода? Нешто не сфаќам... дали ако ние граѓаните не донираме храна и вода на клиничкиот центар тој ќе умре таму? Сред интезивна нега поради недостаток на најосновни работи?
 
Е не, ќе го чешлат..
Сурова вистина, тоа е.
 
На клиникине нема материјали за пломба да ти стават, храна имало :unsure: Него може ли директно на клиника да се донира, уствари има ФБ линк ќе си прашам :)
--- надополнето: 13 април 2013 во 13:17 ---
Ве молиме воздржете се да ја контактирате болницата и директорката, тие ќе ви одговорат на вашите прашања доколку ги побарате, но со тоа ги одвлекуваме од нивните обврски околу Најден и сите останати бебиња што се во моментот во болницата

Нека не го дрват .!. само некој што нема искуство од идење по клиники знае што колку се „засекирани“ за све.
 
па шо ако го нашле, не мора одма Најден да го крстат. Утре другиден ќе го заебаваат за тоа.
 
На клиникине нема материјали за пломба да ти стават, храна имало :unsure: Него може ли директно на клиника да се донира, уствари има ФБ линк ќе си прашам :)
--- надополнето: 13 април 2013 во 13:17 ---

Нека не го дрват .!. само некој што нема искуство од идење по клиники знае што колку се „засекирани“ за све.
Moжеш, но нивна иницијатива е донирањево. Затоа што премногу луѓе одат на клиника да прашаат за бебето.
--- надополнето: 13 април 2013 во 14:14 ---
па шо ако го нашле, не мора одма Најден да го крстат. Утре другиден ќе го заебаваат за тоа.
Колку што знам, не му е тоа официјално име.
Така нагалено почнале сестрите, не знам дали бебето воопшто има официјално име. И кој се води како негов старател моментално.
 
Најмал проблем е како се вика (Мислам дека 40 дена бебето може да нема официјално име, така што има време додека да биде заведено како новороденче со официјално име). А што се однесува до акцијата, јас ја поддржувам затоа што знам како е во клиника за детски болести. Ако нема новинари и некој активно да се интересира за одредено бебе (кое притоа нема родители/старатели) грижата им е помала. Не дека не водат сметка, но таа е значително помала. А за облека и пелени и логично е да се побараат од граѓани, затоа што родителите во болница си носат се што е потребно за бебето, ова бебенце е само и нема кој да му води грижа дали има пелени, павловичева маст или влажни марамици.
И на крај луѓе сме, на страна политика и држава.
 
На детска клиника доаѓаат донаци од разни земји и разни здруженија.
Но колку тоа се дели на децата е прашање. Посебно за Нова година.
Прво си се дели и тоа подоброто помеѓу вработените,на пр.пакетчиња од УСА, не како нашиве со бонбони и чоколадца туку со школски прибор,играчки и слично,што го праќат деца од таму до некој овде непознати деца а и по цел свет изгледа,до непознато дете.
 
Докторките и сестрите нели може дневно да даваат по 20 ден?
30 докторки и сестри по 20 ден тоа е 600 ден на ден и ќе има за памперс, млеко, влажни марамици и маст.
 
Докторките и сестрите нели може дневно да даваат по 20 ден?
30 докторки и сестри по 20 ден тоа е 600 ден на ден и ќе има за памперс, млеко, влажни марамици и маст.

Тоа не е ниту нивна, ниту наша одговорност. Нивна одговорност е да го одржат детето во живот.
Моралната одговорност е сечија, за секое живо суштество.

Не гледам проблем зошто ние ,,не треба,, да се грижиме?

Моја морална обврска е да се грижам за секого, и да помогнам секому кому можам.
А ако веќе не можам, барем да не му попречувам.
 
па шо ако го нашле, не мора одма Најден да го крстат. Утре другиден ќе го заебаваат за тоа.

prekrasna simbolika si ima imeto....i ne mi e jasno kako moze od se da se fatite za najbanalnata rabota imeto...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom