Долги постови и содржајни теми!

  • Креатор на темата Креатор на темата RealGirL
  • Време на започнување Време на започнување
Стварно кратко и јасно. Ама со тоа кратко ти не објаснуваш целосно и некој погрешно може да те свати. Така да најубаво да си објасниш сите да те разберат. Ова е за корн не за чнм ме мрзеше да цитирам.
 
јас ги читам сите постови, не ми е битно колку се долги и дали се на кирилица или латиница.ги отварам само тие теми што ме интересираат.не пишувам доли постови зошто не сакам да зборам многу, а и некој може да мисли дака сакам да се правам паметна.
 
Штом сум ја отворила темата, значи ме интересира и ги читам сите постови, без разлика дали се состојат од неколку зборови или се километарски. Во спротивно не ни кликам да ја отворам.

На латиничните ретко им обрнувам внимание. Ако се случи постот да е од една/две реченици ќе го прочитам, но ако е од десетици редови, па уште и ако не е поделен на пасузи, не се ни мачам да го читам. Ме заморува латиницата.

Знам да пуштам пост од максимум две реченици, а знам и да се заборавам пишувајќи. Зависи од темата и од тоа колку ми е потребно за да ја доловам поентата и да го искажам своето мислење.
 
Се зависи од тоа каква е темата и каков одговор си бара. Не можеш на некоја тема каде што се бара едноставен одговор од неколку збора да се заборавиш од пишење. Некогаш ме мрзи да читам долг пост, али ако се задлабочам во темата ги читам и те како. Ги одбегнувам да ги читам постовите пишани на латиница, едноставно ме замараат особено ако се работи за долг пост.
 
...толку многу сакал да продолжи да те чита и се изнервирал. Ја лупнал тастатурата и му се скршило копчето С. Лупнал уште еднаш по маусот, ама тој бил со одличен квалитет па сепак успеал црвеното да ти го даде.
јас увек лупам трипути...за среќа...:pos2:
се` ќе се среди, не бери гајле :wink:
сепак оптимист....
Не глобализирам али има впечаток дека најчесто долгите постови се прескокнувани а содржајните теми се најслабо посетувани!?
На што се должи тоа?
Ве мрзи да читате?Досадни ви се?Поубаво ви е кога давате мислење кое содржи два-три збора?И во секојдневниот говор штедите на зборови?Гледате да сте кратки и јасни?
За темиве..ве мрзи да разглабате?Немате навика да се докажувате?Немате оформени ставови?
Се надевам на искрени одговори!:smir:
долги постови читам, одкако постот ќе задоволи 1 од моите 3 побарувања....

1.глеам кој го напишал, ако ги почитувам неговите мислења, читам
2.сум го/ја разгледал постот набрзина, и сум бил заинтригиран
3.неам што да праам....

значи, у глобала читам долги постови, практикувам да пишувам само, фала богу, кога иам нешто повеќе да пишам....:helou:
 
Не ми преши ако темата или постот се долги,ги читам ако ме интересира одредена тема повекето од постовите,и баш посветувам повеке внимание кога некој убаво и глобално ке се изрази,ке го каже своето мислење!Ме нервираат постови на пр-,,НЕ ЗНАМ,,или ,,МОЊЕБИ ДА;ЗАВИСИ,,и слични на нив!Можеби и ја го нервирам некој со моите ,,филозофирања,,али таква сум по пророда,зборлива,сакам сликовити опишувања и раскажувања!:toe:
 
Сè ми зависи од расположението. Понекогаш сите мислења ги читам во темата, без разлика колку се долги или колку ги има... А некогаш веднаш скокам на крајот и само си го кажувам она што имам да го кажам и не се малтретирам.
 
Има луѓе што и во најпростите теми забегуваат со пишување.Избегнувам да ги читам долгите постови освен ако темата ептен ме заинтересирала или го познавам тој/таа што го напишал/а постот.
 
Читам долги постови во зависност на која тема се (дали ме интересира темата), а во други теми кои не ме интересираат баш многу, во зависност кој ги пишува.

Не пишувам долги постови затоа што покрај училиштето и други обврски едвај наоѓам време само да прочитам нешто на форумот. Кога пишувам или пишувам нешто кратко или прашувам нешто што ме интересира на некоја тема.
 
Не е воопшто важна должината на постовите туку нивниот квалитет. Убаво е кога знаеш со што помалку зборови да кажеш што повеќе...:smir::helou:
 
Скопје и новата генерација

Не знам од каде да почнам, гледам и се чудам. Како од ден во ден во Скопје се менува по нешто. Страшна работа е тоа што секој нов ден, се појавуваат нови “хулигани” и наркомани по улиците на нашиов град. Не ми се верува дека за нив тоа е нормално, а со брзина на светлината бројот им се зголемува. Не сме некој голем град, сите се знаеме од некаде, не само тоа проститутки или курви како сакате зборов стана универзален и за малолетни девојчиња, и на нив им се чудам. Среќа не се во голем број, ми се допаѓа што почесто гледам фини и дотерани девојчиња штета малце повеќе пцујат и се на некој начин, ние тоа што го викаме “дигнати” ама во пролазна фаза се и они. Се надевам ќе им дојде памет и на нив па ќе си го сменат речникот, ќе сфатат дека треба да бидат девојчиња со карактер, став и ни помалку ни повеќе да не паѓаат на некој 25-годишни со некое БМВ со затемнети стакала што внатре се слуша српска музика т.е турбо-фолк. И да, најдете си го правиот за да не си ги менувате дечковците како чорапи. Ова беше за вас девојчиња, а за вас момци време е да се освестите дека не треба сите да шетате по шушкавци и тренерки низ Скопје, и дека не секој може да биде тоа што во населба е некој дург. Се знае секаде има хиерархија. Бидете малце по самостојни, нека не ви го гради некој друг животот, ако сте толку јаки не ја искажувајте силата во вас преку тоа што ќе се соберете во поголема бројка и ќе се тепате низ градов. Едноставно кога ќе се смените ќе се сменат девојчињата, а и целата генерација што во моментов очигледно дека е СЈЕБАНА.
не е долго но ми се допадна :)
 
Јас во принцип избегавам долги постови. Пусти предрасуди дека тој што сака најмногу да каже - најмалку има за кажување :). Е сега ако некоја тема ми е симпатична или се најдам засегната, фино лепо ќе си прочитам подолг пост.
Не ми е проблем да пишувам долги коментари ама некои теми едноставно не трпат непотребни разглабања и во тие се таквите веројатно опширните мислења се прескокнувани.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom