Доквалификација за наставник/професор по информатика

  • Креатор на темата Креатор на темата arizanov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 ноември 2010
Мислења
70
Поени од реакции
10
Дали некој знае која е процедурата за доквалификација за наставник/професор по информатика со завршен 3 годишен факултет по информатика и комјутерска техника.
Имам слушано дека треба да се положат дополнително 3 предмети плус пракса во училиште, но не сум сигурен.
Исто така, колку чини, дали лесно се наоѓа работа или сеуште е со врски од политичките партии и дополнителни информации кои би ми помогнале?
Благодарам однапред!
 
Последно уредено:
Јас колку што знам за да запишеш доквалификација треба да имаш завршено факултет со четиригодишни студии, поточно да имаш освоено 240 кредити.
 
Дали некој знае која е процедурата за доквалификација за наставник/професор по информатика со завршен 3 годишен факултет по информатика и комјутерска техника.
Имам слушано дека треба да се положат дополнително 3 предмети плус пракса во училиште, но не сум сигурен.
Исто така, колку чини, дали лесно се наоѓа работа или сеуште е со врски од политичките партии и дополнителни информации кои би ми помогнале?
Благодарам однапред!
Еве ти на Филозофски факултет на УКИМ (Институт за педагогија) Правилник. Еве Предметна програма, и Студиска програма. Студиите траат еден семестар, уписите се во септември за зимски, и февруари за летен семестар. Потребни документи за упис се образец за запишување семестар, оригинал уверение за завршен факултет или копија заверена на нотар, индекс, две фотографии, извод, уверение за државјанство и уплата од 250 евра. Сакав и јас да се запишам, затоа знам.

Исто и Педагошки факултет на УКИМ организира студии за педагошко-психолошка и методска доквалификација, но таму не знам какви се условите и што е потребно.

А за тоа дали треба 4 години факултет, или 3, прв пат слушам.
 
Кај нас никогаш не требале политички врски со партиите за вработување. Секогаш се гледал само квалитетот, за сите државни фирми и администрацијата. :love:
 
Еве ти на Филозофски факултет на УКИМ (Институт за педагогија) Правилник. Еве Предметна програма, и Студиска програма. Студиите траат еден семестар, уписите се во септември за зимски, и февруари за летен семестар. Потребни документи за упис се образец за запишување семестар, оригинал уверение за завршен факултет или копија заверена на нотар, индекс, две фотографии, извод, уверение за државјанство и уплата од 250 евра. Сакав и јас да се запишам, затоа знам.

Исто и Педагошки факултет на УКИМ организира студии за педагошко-психолошка и методска доквалификација, но таму не знам какви се условите и што е потребно.

А за тоа дали треба 4 години факултет, или 3, прв пат слушам.

Фала другар за информациите. Инаку сега 90% од факултетите се со 3 години според ЕКТС системот така да и јас незнам дали тоа има некаква врска или не.
Дали знаеш за кои предмети може да конкурирам за наставник во основно и за професор во средно освен информатика откога ќе ги положам испитите?
 
Нема на што.

Не знам тоа, јас имам друг факултет. Веројатно само информатика.
 
Фала другар за информациите. Инаку сега 90% од факултетите се со 3 години според ЕКТС системот така да и јас незнам дали тоа има некаква врска или не.
Дали знаеш за кои предмети може да конкурирам за наставник во основно и за професор во средно освен информатика откога ќе ги положам испитите?
За наставник или професор мора да имаш 240 кредита, те 4 години, побарај низ огласи за наставници и професори во службен весник и ќе видиш дека 240 ектс кредити е услов секаде. Имам прјател кој со 3години факс беше примен на определено време(во средно информатика да предава) и паралено додека работеше идеше и на постдипломски за да исполни услов, после тоа му дадоа решение за стално.
А тие трите за педагошко-психолошка и методска доквалификација мора да ги поминеш безразлика што планираш да предаваш и колку години ти бил факсот.
 
Јас имам 198 кредити. Моментално постипломските ми се на мирување пошто сум во странство на работа. Со положување на еден семестар на педагошки/филозовски тие 3 предмети (педагогија, психологија, методика) плус 2 изборни се добива 30 кредити. Дали тие се бројат во оние 240 кои требаат или треба 240 плус 30 кредити од доквалификацијата?
 
На ненаставните факултети (каде што сигурно спаѓа и информатиката, освен смерот наставна информатика) потребно ти е четиригодишно образование кое ти дава 240 кредити и плус 30те од доквалификацијата.
 
Фала на информациите. Значи треба да си положам уште 6-7 предмети во зависност од кредитите. Па тоа е ок, еден семестар или два максимум.

Со 4 годишен факултет плус доквалификација се добива 270 кредити. Дали ако се положат уште 30 кредити дополнително на постдипломски се стекнува со мастер диполма, или доквалификацијата не игра улога во тие кредити?
 
Дали некој знае која е процедурата за доквалификација за наставник/професор по информатика со завршен 3 годишен факултет по информатика и комјутерска техника.
Имам слушано дека треба да се положат дополнително 3 предмети плус пракса во училиште, но не сум сигурен.
Исто така, колку чини, дали лесно се наоѓа работа или сеуште е со врски од политичките партии и дополнителни информации кои би ми помогнале?
Благодарам однапред!
18.000 Битола на Педагошки барем толку беше и нема врска 3 или 4. Порано биле 5 предмети мислам сега се 3
 
Фала на информациите. Значи треба да си положам уште 6-7 предмети во зависност од кредитите. Па тоа е ок, еден семестар или два максимум.

Со 4 годишен факултет плус доквалификација се добива 270 кредити. Дали ако се положат уште 30 кредити дополнително на постдипломски се стекнува со мастер диполма, или доквалификацијата не игра улога во тие кредити?
Доквалификацијата нема допирна точка со постдипломските студии.
 
Со 4 годишен факултет плус доквалификација се добива 270 кредити. Дали ако се положат уште 30 кредити дополнително на постдипломски се стекнува со мастер диполма, или доквалификацијата не игра улога во тие кредити?

Како си ги сфатил ти ова кредитиве како од пазар да се купуваат. Не.
Значи треба да имаш соодветен број на кредити во одредена област за да можиш да се квалификуваш за мастер. Тие од доквалификација ти се од педагошка и можи да ти важат само таму и тоа во додипломски студии доколку некогаш се решиш да учиш таму.
 
Ги контактирав на педагошки во Битола. Може со 3 годишни студии.
 
Може, да, ќе ти ги земат парите и ќе ти дозволат да си доположиш за педагошка доквалификација. Само што на работа во образовна институција нема да те примат без 240 кредити. Убаво ти пишал
Motherboard. Не е ова пазар. Дај дозаврши си го факултетот прво.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom