Докажете дека Господ (не) постои

  • Креатор на темата Креатор на темата OFcp&&&
  • Време на започнување Време на започнување
Кој мисле дека постое нека се изјасне.. па да видеме шо како ???
Јас до сега ниту го видов ниту сум видел докази за тоа дека постои па... :nenene: :vozbud:

А ти ја гледаш љубовта?
Само то одговори ми.
Не ја гледаш ама знајш дека постои.
 
Да да да во право си.....Меѓутоа не е битно....Сакав да кажам дека црквата го спречила да ја докаже вистината.....И АКО ПОСТОИ ГОСПОД ТОЈ СИТЕ НЕ УЧИ ДА НЕ УБИВАМЕ....ЗАШТО ИМАШЕ 9 КРСТОНОСНИ ВОЈНИ....ЗАШТО СЕА ОСАМА КИНЕ СЕ ШТО КЕ МУ ДОЈДЕ?????????И СЕ ТОА ВО ИМЕТО ГОСПОДОВО

Па види... то што крстоносците носеле крстеви на облеките не ги прави божји воини, тој што ги водел не значи дека бил инспириран од бог, или ако видиш денес некој да носи привезок крст не го прави автоматски верник.
поентата ми е дека крстоносните војни не се доказ за постоење на бог па дури ни постоење на црква и како институција и како објект не е доказ дека постои бог.
 
Son.Of.Macedon жал ми е што ке те разочарам ама нема ни да видиш докази дека постои!:salut:
 
Па види... то што крстоносците носеле крстеви на облеките не ги прави божји воини, тој што ги водел не значи дека бил инспириран од бог, или ако видиш денес некој да носи привезок крст не го прави автоматски верник.
поентата ми е дека крстоносните војни не се доказ за постоење на бог па дури ни постоење на црква и како институција и како објект не е доказ дека постои бог.

Да да....ама крстоносните војни ги предизвикува римокатолишката црква....а таа е институцијата што треба да не учи на божја заповед и да ни покаже колку е всушност моќен тој....И после 9 војни ако постоел господ....Сигурно ке го казнел овој свет заради користењето на неговото име како повод за војна!!!!!:salut:
 
И православната црква имала свои “мрачни“ периоди, али да се запрашаме, дали постоење на било која црква како институција е прифатлив доказ дека постои бог??
 
А ти ја гледаш љубовта?
Само то одговори ми.
Не ја гледаш ама знајш дека постои.

Љубовта е чусвство а не верба во нешто што непостои....Хахаха не го гледаш ни воздухот ама го дишеш!
 
И православната црква имала свои “мрачни“ периоди, али да се запрашаме, дали постоење на било која црква како институција е прифатлив доказ дека постои бог??

Воопшто не е доказ дека постои бог...Ако има оган незначи дека има пожар...Јас мислам дека дадов доволно докази дека непостои такво нешто...Кој ке докаже дека постои????
 
Љубовта е чусвство а не верба во нешто што непостои....Хахаха не го гледаш ни воздухот ама го дишеш!

Љубовта е чувство, верба за подобро утре, надеж за понатаму.
Токму тоа е и Христијанското учење.
 
Љубовта е чувство, верба за подобро утре, надеж за понатаму.
Токму тоа е и Христијанското учење.
Сиромаштијата ја чувствуваш????аааа???кога си гладна кога ти е ладно.....ама не ја гледаш...сите да постапуваат како учењето би било супер....ама пази СИТЕЕЕ.....а не тие што треба најмногу да го почитуваат тоа прават сосема обратно.....ШТО ТОЛКУ ВЕ ТЕРА ДА ВЕРУВАТЕ ДЕКА ИМА ГОСПОД????
 
Па поред господата овде долу што ги оставија без работа, пари и сл. само тој им преостана...не е врема за молби...друго треба!
 
А ти ја гледаш љубовта?
Само то одговори ми.
Не ја гледаш ама знајш дека постои.

како што кажа Grmys Љубовта е чусвство а не верба во нешто што непостои....Хахаха не го гледаш ни воздухот ама го дишеш!

:pos2::pos2:
 
И православната црква имала свои “мрачни“ периоди, али да се запрашаме, дали постоење на било која црква како институција е прифатлив доказ дека постои бог??

- Посочи, кои се тие мрачни периоди...
- да, Сам Христос ја создаде Црквата, на Духовден/Педесетница и таа Црква, проповедајќи го Христовото учење, сведочи за својот Творец.
 
1.Колку ги има....па да ти кажам никој незнае: Исус, Алах, Буда, Конфучие, јас мислам дека и Дарко Панчев господ ке го направат...
2.Хехе епа тоа е историја друже...Галилео Глалилеј е само еден од мн. примери за тоа...ја истражувал вселената и докажал дека на небото не е господ тука дека има планети кои се вртат околу една точка...затоа е жив запален
3.Па да беше качен на дрво барем ке можевме сите да го видиме и да се увериме дека постои!
1.Има само еден Бог...
2.Не си ја научил добро историјата друже...Ама пред се си заглавил со сваќањето на поимот Господ...Аман избришете ја таа слика дека е горе на небото и изгледа како Горѓи Колозов.
3.Некои не би го виделе и шлаканица да им удри...
 
Ајде пак...

Еден математичар, Курт Гедел (Kurt Gödel), покажал дека секој логички систем на знаење, кој се базира на аксиоми (т.е. вистини кои ги прифаќаме како апсолутни, без доказ), на крајот произведува и нови вистини, кои исто така не можат да се докажат, т.е. кои мора да се прифатат без доказ.

Со други зборови - секогаш ќе има дупки во знаењето и секогаш ќе има потреба да се верува во нешто.

Со трети зборови - секогаш ќе постои потреба за бог, или „виша сила“.

Од друга страна, потребата за такво верување се појавила еволутивно, со текот на времето, и се задржала во човечкиот разум, зашто била еволутивно корисна. Секој човек од време на време се сретнува со огромноста на природата, вселената и слично и има потреба да верува дека сè ќе биде во ред, т.е. има потреба од духовна поддршка. Понатаму, секој човеќ ќе умре, па има потреба да верува дека со него сè ќе биде во ред и после тоа и слично.

Значи, секој човек има вера во бог (мислам дека тој термин е најсоодветен), вградена, бидејќи е човек. Оној момент кога таа вера ќе се насочи на нешто конкретно и материјално (црква, на пример, како институција), станува збор за религија - може да е христијанска (православна, католичка, протестантска, методистичка, презбитеријанска...), муслиманска, јудаистичка, хиндуистичка...
 
- Посочи, кои се тие мрачни периоди...

Судирот на иконокластите и противниците на иконите во Византија кога (во зависност кој бил на власт) имало убивање, казнување и протерување на противниците.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom