Дојдов од Шведска да гласам во Кукуречани

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.264
Поени од реакции
12.562
5728F7C84271C9408E385B02464CDEC8.jpg


По 38 години иселенички живот во Еслев, Шведска, македонскиот печалбар Јордан Шулевски (70) деновиве се врати во родното село Кукуречани во Битолско за да го оствари своето гласачко право. На денот на изборите, со наша лична карта и со верба дека и неговиот глас ќе биде еден од тие што ќе одлучуваат за иднината на родната земја, гласаше веднаш по отворањето на гласачкото место број 194 во Кукуречани. Со ќеф отидов на гласање уште утрото. Не е важна политичката партија за која го дадов гласот, туку тоа дека се почувствував како важен Македонец, кој не остана настрана од случувањата во татковината. Иако живееме во странство, секојдневно преку сателит ги следиме македонските програми, и по интернет-изданијата на весниците и добро сме упатени за положбата во која се наоѓа Македонија. Иако физички сме далеку од државата, со мислите и срцата сме тука - рече Шулевски. Државата ја напуштил пред повеќе од три децении, притиснат од финансиските проблеми со кои се соочувало неговото семејство. За време на престојот во Шведска неколкупати ја извршувал функцијата претседател на Македонскиот сојуз, залагајќи се за зацврстување на односите помеѓу македонските иселеници во Скандинавија и матичната држава. Имал можност да разговара и со високи функционери на кои им предочил дека не е фер да им се ускрати правото на глас на илјадници Македонци од иселеништвото. Во странство се чувствува голема потреба за тоа, но свесни сме дека се работи за тежок процес и дека треба да се трошат многу пари. На пример, со семејството сме оддалечени 600 километри од амбасадата во Стокхолм. Потребно е да има центри што ќе бидат поблиску, на пример, во Гетеборг и Малме. Има голем интерес кај македонските иселеници, но дел од нив имаат шведско државјанство, а со шведски пасош не можат да одат на гласање. Наши пасоши немаат сите - рече Шулевски.Низ светот има илјадници раселени Македонци што гласаат само доколку имаат среќа да се затекнат за време на избори во државата од која потекнуваат. Голем дел од нив со душа го чекаа новиот изборен закон, кој треба да им овозможи право на гласање. Но, законските одредби заглавија во Собранието поради големиот број поднесени амандмани. Така иселениците пропуштија да бидат еден од значајните фактори во епилогот на годинашните парламентарни избори. За разлика од кај нас, во западноевропските земји практика е иселениците да гласаат. Така, на иселените граѓани на Шведска избирачкото право не им е ускратено, а можат да го продолжуваат секоја десетта година со пријава поднесена до надлежните органи. Во земјите од соседството, како што се Хрватска и Србија, такви временски ограничувања не се предвидени со законските прописи.

Жанета Здравковска
 
Не е важна политичката партија за која го дадов гласот, туку тоа дека се почувствував како важен Македонец, кој не остана настрана од случувањата во татковината.

Aшколсун.

Има и други начини за делување како Македонец, дури и од далечната Шведска, кои начини се надевам дека нашите таму ќе ги откријат што побрзо.

Хинт: Drink Milk. :smir:
 
Мат организира по повод секои избори лет до Македонија и назад за пониски цени.Мислам дека картата важи за денот на изборите и утредента се лета, повратната барем.Знам за Германија има многу кои доаѓаат за да гласаат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom