Solid
Зона на самракот
- Член од
- 26 август 2007
- Мислења
- 7.177
- Поени од реакции
- 4.133
- Локација
- Охрид
- Веб-сајт
- kladilnica.forumup.com
Шокантни сметки за парно
Коментари (3)
15.01.2009 14:09
Бројот на револтирани граѓаните, кои во декември добиле многу повисоки сметки за парно од вообичаеното, секојдневно расте. Месечниот износ што некои корисници треба да го платат за декември сега им е зголемен и до 150 отсто.
На оваа актуелна тема денеска поголемо внимание посветуваат дел од печатени медиуми.
Весникот „Дневник“ ја консултира Организацијата на потрошувачи на Македонија, која ги советува незадоволните корисници, да инсистираат на повторно читање на потрошената топлинска енергија, но во присуство на куќните совети.
Од Организацијата најавија дека ќе и препорачаат на Владата да го задолжи Државниот пазарен инспекторат да го провери работењето на „Топлификација“, како што постапи во случајот со електрокомпанијата „ЕВН Македонија“.
Истовремено, од Организацијата информираат дека досега само двајца граѓани се пожалиле до нив за високите декемвриски сметки.
Организацијата на потрошувачи реагирала до Регулаторната комисија поради колективното мерење на потрошената енергија, но писмената реакција немала ефект.
Според Регулаторите, за секој влез од зградите се мери потрошената енергија, па се дели според квадратните метри на становите. Затоа станарите на постарите згради, кои имаат лоша изолација и губат многу топлина, добија највисоки сметки .
„Утрински весник“ во денешниот редакциски коментар прашува дали можеби Регулаторната комисија направила грешка кога стави „амин“ на наплатата по мерач.
„Треба ли премиерот Никола Груевски да ги повика регулаторите и за „Топлификација“, како што го направи тоа во врска со работата на ЕВН, или Владата и натаму ќе молчи кога е во прашање „Топлификација“?“, прашува весникот.
Наплатата по испорачана енергија преку мерач сега отвори и една друга дилема -дали претходно со паушалната наплата „Топлификација“ ги одра граѓаните. Ова го покажуваат и бројките што ги соопшти самата. Наместо 620 милиони денари колку што биле наплатени во периодот од август до септември лани со паушалната наплата, годинава претпријатието фактурирало 120 милиони денари помалку.
Одредени граѓани изразуваат сомнеж, дека топлификација на овој начин сака да собере пари, пред најавеното поевтинување на парното, кое се очекува во јануари.