Додатоци (зачини) во јадењата?

  • Креатор на темата Креатор на темата bibika
  • Време на започнување Време на започнување
Јас ставам само Буковец во гравче....друго ништо
 
Хммм зависи како би се дефинирал зачинот...

Ако се мисли на сосови тоа е веќе комбинаторика на повеќе зачини најчесто со масло/оцет.

Има некои комбинации што навистина не се така лоши
Пример песто (Босилек, лук во прав/толчен, бадем/пињоли, и пармезан помешани во ;аслиново масло)
Или Италијански зачин (босилек, коријандер, сол, мајчина душица)
Или зачин за кус-кус (Ким, кориандер, лук, кромид, чили пиперчиња, анасон, цимет.

За секоја посебно па со што оди може до утре да се пишува. Кој има искуство слободно може да сподели.
 
Без кари и сол не седнувам. Преферирам и црн бибер во речиси секоја салата
 
Се` можам да поднесам и убаво ми е, во глобала сакам зачини, ама ако насетам рузмарин паѓам во несвест.
 
Оригано и мелена сол сакам најмногу! Посебно мелена сол :)
 
Не сакам многу зачини.Мелена сол, обична сол такво нешто.Оригано и такви ствари не јадам.Бибер во никој случај...
 
многу сакам зачини..
со секое јадење си ставам зачин,и ко ќе јадам вадам од сите зачини(оригано,чили,црн бибер,вегета,бел лук,)ама не ги ставам сите зачини во јадењето одеднаш,си прам комбинации со зачините...Инаку тобаско многу сакам со јадењето,до душа е сос ама дава шмек на храната :wink:
 
imgres
imgres
Basilico.jpg
Босилек

oregano_greek_whole5183119_std1.jpg
Оригано

ginger.jpg
Ѓумбир

трио снова :vozbud:
 

Attachments

  • 460-basil_802346c.jpg
    460-basil_802346c.jpg
    15,3 KB · Прегледи: 2
  • oregano.JPG
    oregano.JPG
    70,3 KB · Прегледи: 2
  • Dumbir_large.jpg
    Dumbir_large.jpg
    41,1 KB · Прегледи: 2
знае ли некој како се вика зачинот што се става во милибродите(кој пробал милиброд од кај гејците- јасно ќе му биде што прашувам) и дали го има овде
 
Што и да јадам секогаш ставам по 5-6 зачини, секој пат различни али во сите јадења ставам црн бибер. Омилен ми е и најубава арома има, после тоа кари, оригано, ѓумбир, лук во гранули (не толку често, само во супи и во некои сосови), чили, карамфилчиња (највеке во благи работи ради мирисот и плус мн јак вкус даваат, нешо ко медени срца) сув магдонос, ким (не секад не ми се свиѓа до толку), копар, босилек обавезно кај и да ставам црн бибер ставам и босилек, нане и мн други. Сеа може сум мањак за зачини али јадење вез зачини ми е ко трева да пасам :)
 
Се: црвен пипер, бибер, лук, босилек, нане, чубрица, кари, цимет, мајчина душица... Омилен ми е босилекот, особено свеж во салата. Исто и свежо нане во салата.
 
Обожавам , посебно луто....
Оригано , нане , буковска, магдонос, босилек , рузмарин.....ммммммммх
 
знае ли некој како се вика зачинот што се става во милибродите(кој пробал милиброд од кај гејците- јасно ќе му биде што прашувам) и дали го има овде

Веројатно станува збор за махлепи (го има во Тинекс и во Веро).

А за куркумата од претходната страна, низ Европа е познат како „евтин шафран“, па добар е за супи, чорби, сладок компир и ориз. Добро оди и со печена тиква :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom