До убавина со мака ...или без?

  • Креатор на темата Креатор на темата Apokalipto
  • Време на започнување Време на започнување

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Понесен од мудрата (за кого како) мисла: Ако сакате да видите виножито, морате да поминете низ бурата... и дискусијата која се разви под неа, ја отворам темава за со свои размислувања и ставови се вклучат и други.

Мојот став е дека до убавина може да се стигне и по полесен не толку мазохистички пат, а задоволстово од таа убавина да биде исто или еднакво со она кое ќе го доживееш ако минеш низ трња и притоа убаво се повредиш за да стигнеш до т.н убавина т.е целта. Настрана од тоа дека за некои работи е неопходен труд за да се постигнат.
 
Не си баш во право за ова:) Сеа ќе ти кажам зошто: За да видиш каква е ноќта, некој ќе ти речи треба да го видиш ДЕНОТ.
Јас велам не мора. Можеш да преспиеш преку денот и да се разбудуваш константно само ноќе и да ја гледаш ноќта колку сакаш.

Што губиш? Ти никогаш нема да дознаеш што е денот и нема да ја знаеш разликата од него према ноќта:)

Така да тој што ти го рекол ова сигурно мислел на тоа дека, убавината постојано ја имаме со нас и убави работи постојано имаме околу нас, но како ќе знаеме дека имаме убави работи ако не ги знаеме неубавите? Замисли сеа викаме во македонија е лошо за живот, и сеа ти наеднаш одиш во Индија или Зимбабве или некоја слична земја. Е тогаш ќе сфатиш што е лошо а што добро затоа што ќе забележиш дека имало и полошо и ќе ги забележиш убајте работи шо ги имаш околуи тебе во македонија.
 
Бејб, дилемата е дали да се избере потешкиот пат до нешто или полесниот... Остани на темата.
 
Абе ти не ме сфати изглеа, се е до твојот избор и до твоето гледиште. да речиме за да заработиш 50 денари ти треба 1 час да работиш, на пример да растовараш камион со пакети од кои еден пакет е 2 килограми. Ти еден час да растовараш нема да се изморипш многу и ќе растовариш околу 80 пакети односно 160 килограми. И заработка 50 денари.
Е сеа ако ти на друг камион растовараш пакети од 160 килограми и треба да работиш еден час можеш ПАК да заработиш исто 50 денари само работата ти е потешка.
Е сеа шо сфативме:

Замисли дека имаш двајца луѓе.
И на двајцата им требаат 50 денари.
Едниот е посилен другиот послаб.
За едниот растоварање на 160 килограми е лесно
За другиот е многу тешко.

Значи зависи од твојот избор и осет за “Тешко“ што е. Значи ја ако сум силен физички втората работа и нема да ми се види така тешка и ќе ги заработам парите. Ако сум послам ќе сакам повеќе да ми се плати:)
 
Бејб, дилемата е дали да се избере потешкиот пат до нешто или полесниот... Остани на темата.
Бејб дилемата не е кој пат да се избере... Туку кој пат ќе ти го направи резултат помил, поубав и позначаен:)

Сепак, мое мислење е дека убавината на нештото е далеку повредна кога знаеш колкав труд си вложил, колку работи си поминал и колку битки си освоил...
Најинтересно е што понекогаш за да ја видиш таа убавина, едноставно мораш да истрпиш некоја бура. Да беше животот розов, можеби ќе се согласев дека можеш да седиш и од страна и да си чекаш да ја видиш убавината. Ама едноставно работите кои највеќе ни значат се оние за кои знаеме дека се стекнати со многу пот и макотрпна работа.

Ќе се согласам и со Sextasy... За виножитото да биде уште поубаво потребно е да ја видиш прво гадната страна на бурата.
 
Значи зависи од твојот избор и осет за “Тешко“ што е. Значи ја ако сум силен физички втората работа и нема да ми се види така тешка и ќе ги заработам парите. Ако сум послам ќе сакам повеќе да ми се плати:)

А зошто тебе ти е толку “ТЕШКО“ да разбереш.
Сакаш да си купиш телевизор. Баба ти ти вика чедо ја ќе ти дадам пари, а ти сакаш сам да ’рмбаш за да собереш пари да го купиш.
Ра ’рмбаш е потешкиот пат, Баба ти готовански да ти даде пари е полесниот пат. Got the point?
Во таа смисла е поставено прашањето.
 
А што кога некој нема баба, дедо му е непознат јунак и сам живее? Кој ќе му даде. Затоа ја зборам за луѓе што сакат САМИ да ја завршат некоја работа.
Еве ти уште еден пример, сакаш 100.000 евра ама да заработиш ти требаат многу години. Е сеа имаш опција играј лото да добиеш без работа или работи 10 години па имај ги.
Што ќе одбереш ти?
 
so maka u picku materinma

Зошто мака? Каква мака? Што и како направи,какви мерки превзеде? Болни,тешки,напнати,медицински,естетски,психолошки?
Сподели искуства за маката,сепак тоа е и целта на темата!
 
aj be ne seri ne mi se praj mapemten

Како прво даваш кратко мислење на темата и пцуеш! Not ok!
Навредуваш! Not ok!

Ти поставив едноставно прашање на кое ако сакаш одговори,сподели искувства или па не мораш!

Битно свативме дека имаш мака и тоа не една! Прибери се!
 
Викаат на кого како му се погодила среќата. Некој може да рмба ко вол , и пак да остане на таа работна позиција цел работен век. Или пак, некој може да му се потрефи огромно наследство или убава акт-ташна и за помалку од минута да му се насмее среќата. Си зависи од човекот а највеќе да се биде на вистинското место во вистинското време (момент). Примериве ги дадов чисто онака како илустрација, а за крај на мислењево ќе го цитирам адвокатот каде што работам.
На прашањето што ми го постави еднаш за тоа дали сум трудољубив и работлив, му реков дека сум ,бидејќи оној кој работи добива повеќе и полесно му се насмевнува среќата. На тоа тој одговори- "Колега, обично оние кои најмаклу работат и се трудат денеска, добиваат највеќе богатство"
Што знам, можеби е и во право :)
 
До убавина е поубаво да се стигне со мака ,но таа мака да не биде премногу мачна да уживаш во патот додека стигаш до убавината да не биде пеколен тој пат ама и да не биде чекање на готово ,зошто во тој случај нема доволно да го цениме постигнатото што сепак е дискутабилно например јас сите 3 години у средно до сега , најверојатно и оваа ке ја поминам така ,ги поминувам премногу лесно не учам воопшто освен по некој предмети од личен интерес ,но тоа не значи дека не си го ценам успехот мн повеке си го ценам одколку да учев,сите поминуваат со учење значи јас сум малце подобар од нив и поминувам без учење и без знаење .Се е индивидуално и зависно од тоа за каква цел станува збор .
 
Абе што се правите сите луди и упорно филозофирате, нормално е дека е поубаво кога на полесен начин и без многу труд ќе постигнеш нешто за кое се друг мачи долго време, секој си го бира полесниот начин но истотака и најдобриот начин, вие слободно гледајте виножита и проживувајте бури.
Да се надопунам, на кого каква му е ѕвездата, ако му е судено да се магарчи ќе се магарчи ако му е судено да ескивира и пак да живее убаво ќе живее.
 
Колега, обично оние кои најмаклу работат и се трудат денеска, добиваат највеќе богатство"
Што знам, можеби е и во право :)
Зависи кој со шо е задоволен... некој ќе има се, и пак ќе му биди малку. Оние што работат и се трудат денеска ќе бидат на некоја минимална средина. Нема да имаат да се расфрлаат, ама нема ни да мизеруваат.

Назад на темава: јас би до убавина со мака. Едноставно, нештата повеќе си ги цениш кога си ги засукал ракавите и си ги заработил или створил. Не е исто да растовариш камион со пакети и да заработиш LCD телевизор или баба ти да ти го купи (пример лупам). Барем не е за мене, таков сум, неможам да седам на едно место и да непрам ништо...
 
обично прво иде срањето после доброто.. Али барем тогаш ке уживаш
 
До убавина, до доброто, до целта или сеедно како, најчесто се стига по потешкиот пат, но неретко се стига и по полесниот пат, без никаков труд и мака.

Според мене многу е поубаво да стигнеш до целта минувајќи низ потешкиот пат, затоа што таквата исполнета цел е најслатка. Така правиш разлика меѓу доброто и лошото, се чувствуваш силно, чувствуваш дека нешто си направил, чувствуваш дека сето лошо поминало и дека дошле тие добри денови и дека среќата ти се насмевнала. А тој што оди по полесниот пат, без никаква мака и се му е ставено на тацна, можеби ќе ужива во она што го освоил или што му го дале некои други, но сепак монотонијата ќе го прегазува, а неискуството ќе му отежне сам да се снајде во животот и да го сфати вистинското значење на зборовите труд, почит, човек и живот.

:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom