До кога вака?

  • Креатор на темата Креатор на темата Чај
  • Време на започнување Време на започнување
1. Дали Бог сака да го спречи злото, ама не може? Тогаш не е семоќен. Дали може, ама не сака? Тогаш е зловолен. Дали може и сака? Тогаш од каде сето зло? Дали ем не може, ем не сака? Тогаш зошто се нарекува Бог? (Епикур)

Сметам дека Епикур избрзал со заклучоците. Бог сака и може да го уништи злото, но Тој го одложува уништувањето не затоа што е злобен, туку затоа што не љуби. Хм, навидум контрадикторно нели?
Да појасниме: ние често се прашуваме зошто Бог не ги уништи сите зла и неправди. Но, што е тоа што Бог треба да го уништи, во тој случај?

Тоа сме ние луѓето. Тој треба да ја уништи нашата омраза, насилство, алчност, себичност, љубомора, нечесност.. и уште многу други работи.
Што мислиш, ако Бог утре реши да го уништи сето зло, неправда и грев на овој свет, колкумина од нас ќе останат живи? Кој е тој човек кој не направил грев во својот живот?
Созеницин рекол: Линијата што го одделува доброто од злото поминува низ човековото срце, низ сите човечки срца.
Бог може во еден момент да ги уништи сите луѓе, и го има тоа право, бидејќи сите ние имаме грев и заслужуваме казна. Но Тој не ја сака смртта на грешникот, туку сака сите да се покајат, да се одвратат од гревовите, да поверуваат во Него и вистински да живеат.

"Господ нема да задоцни со својот суд, како што некои мислат, туку долго време трпи, бидејќи не сака да изгинат некои, туку сите да се покајат" (2 писмо на апсотол Петар 3:9, Библијата)

Бог е свесен дека како праведен Бог мора да го казни гревот и неправдата. Но Неговата огромна љубов кон нас луѓето не му го дозволуваше тоа. Затоа Бог, не деградирајќи ја Својата Праведнсот, ниту Својата Светост, ниту пак Својата огромна Љубов кон човекот, Божествено одлучи пресудата за човекот да ја премости од Едемската градина, на Голготскиот Крст.
Казната за нашите гревови ја презеде Божјиот Син, Исус Христос. Тој, на крстот, со Својата смрт плати за секоја неправда и грев на секој еден поединец на планетава кој ќе се покае и лично ќе ја прифати Неговата жртва.

Но Бог нема вечно да го одложува судниот ден. Бог е долготрпелив, ама не е вечно трпелив. Се ближи денот на Божјиот конечен суд. Тогаш ќе биде суден секој човек, според делата негови и ќе биде казнет за неговите недела. По тој чин, целосно ќе биде задоволена Божјата правда. Ќе бидат помилувани само оние кои се покајале и го прифатиле Христос како нивен Спасител. До тогаш, на земјата сеуште ќе има неправди, зло, страдање, бидејќи Бог сеуште го одложува својот суд затоа што чека уште некој да се покае, да се спаси и преку Христос да стане Негово чедо.

Кога некои луѓе дојдоа и го известија Исус за едно злодело на Пилат и за дена трагедија што се случила во Ерусалим, Исус им одговори:
"Тој одговори и им рече: „Мислите ли дека тие Галилејци беа повеќе грешни од сите други Галилејци, зашто настрадаа така? Не, ви велам, но ако не се покаете, сите ќе загинете така. Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа повиновни од сите луѓе, кои живеат во Ерусалим? Не, ви велам! Но ако не се покаете, сите ќе загинете така.
(Исус Христос, ев. Лука 13:2-5, Библијата)
 
Зошто мора ако сака да спречи зло кај некој човек да го убие истиот? Не постои ли друг начин?
 
1.Ако бог сака да го уништи злото, страдањето, гревот....зошто воопшто го создавал?
2.Ако бог е праведен и милостив, зошто ги создал Адам и Ева без сознание за добро и зло, и потоа ги казнил кога погрешиле?
3.Ако бог е безусловна љубов, зошто создал пекол во кој ќе ги мачи сите оние кој не се согласуваат со него, безусловна љубов значи да сакаш некого БЕЗ - УСЛОВ?
4.Ако ние луѓето сите до еден сме грешни поради нашите карактеристики, тогаш зошто бог не создал со нив?
5.Ако има само еден пат и вистина и ако за се останато не чека казна, зошто не создал со слободна воља?
 
1. Бог не го создаде злото, туку само доброто, оти се што е од Бога, добро е. Ако е творецот добар, и творението е добро. Злото нема своја природа/суштина и злото постои само ако доброто недостасува.

2. Адам и Ева се створени само во добро, во добра околина, а требало да го спознаат и злото, во моментот од нивната доволна духовна „пораснатост„ со која ќе можеле да го примат и знаењето за злото.

3. Бог не го создаде пеколот, оти во пеколот најдборо се чувствуваат само демоните. Таму каде обитуваат демоните и нивното зло, таму Бог не обитува.

4. Творецот не не' создава со лоши карактеристики, туку мојата/нашата лошотија е последица од мојот/нашиот погрешен избор во однесувањето: или е добро или е лошио.

5. Бог не' створи по Негов „...образ и подобие...„, што значи дека Он, како Творец, има слободна волја па таа особеност, Творецот ја пренел и на творенијата. Да немавме слободна волја, ќе бевме само испрограмирани роботи.
 
Исаија 45:7
Koji pravim svjetlost i stvaram mrak, gradim mir i stvaram zlo; ja Gospod činim sve to.
2. Адам и Ева се створени само во добро, во добра околина, а требало да го спознаат и злото, во моментот од нивната доволна духовна „пораснатост„ со која ќе можеле да го примат и знаењето за злото.
Јас не прашав како и во каква околина се створени, туку зошто се создадени без сознание за добрo и зло, и после се казнети поради наводна грешка.
3. Бог не го создаде пеколот, оти во пеколот најдборо се чувствуваат само демоните. Таму каде обитуваат демоните и нивното зло, таму Бог не обитува.
Ако не го создал бог, тогаш кој го припремил, како што стои во следниов стих? Нели бог е творец на се?
Матеј 25:41
Tada će reći onima na lijevoj strani: "Idite od mene, prokleti, u oganj vječni, što je pripravljen đavlu i anđelima njegovim!
4. Творецот не не' создава со лоши карактеристики, туку мојата/нашата лошотија е последица од мојот/нашиот погрешен избор во однесувањето: или е добро или е лошио.
Ако немаме лоши карактеристики тогаш зошто гордоста се смета за грев? Таа е човечка карактеристика, секој човек ја поседува! Зошто сексот се смета за грев, исто така особина - потреба која секој човек ја има? Зошто гневот се смета за лоша карактеристика?
5. Бог не' створи по Негов „...образ и подобие...„, што значи дека Он, како Творец, има слободна волја па таа особеност, Творецот ја пренел и на творенијата. Да немавме слободна волја, ќе бевме само испрограмирани роботи.
Имаме слободна воља ама ако ја искористиме и не се држиме до заповедите, тогаш ќе бидеме вечно мачени!? Слободна воља во стилот - "офарбај си ја сине собата како сакаш, ама ако небиде портокалова ќе те искршам од ќотек!":toe:
 
1. Бог не го создаде злото, туку само доброто, оти се што е од Бога, добро е. Ако е творецот добар, и творението е добро. Злото нема своја природа/суштина и злото постои само ако доброто недостасува.

2. Адам и Ева се створени само во добро, во добра околина, а требало да го спознаат и злото, во моментот од нивната доволна духовна „пораснатост„ со која ќе можеле да го примат и знаењето за злото.

3. Бог не го создаде пеколот, оти во пеколот најдборо се чувствуваат само демоните. Таму каде обитуваат демоните и нивното зло, таму Бог не обитува.

4. Творецот не не' создава со лоши карактеристики, туку мојата/нашата лошотија е последица од мојот/нашиот погрешен избор во однесувањето: или е добро или е лошио.

5. Бог не' створи по Негов „...образ и подобие...„, што значи дека Он, како Творец, има слободна волја па таа особеност, Творецот ја пренел и на творенијата. Да немавме слободна волја, ќе бевме само испрограмирани роботи.

1,2,3 и 4... не ги коментирам..пак си „набадаш’’ по твое.

5. За програмирањето.... изгледа религиите се програмерите.:helou:
 
Vone, легендо, почнаа да ми недостасуваат твоите празни постови...
 
1. Бог не го создаде злото, туку само доброто, оти се што е од Бога, добро е. Ако е творецот добар, и творението е добро. Злото нема своја природа/суштина и злото постои само ако доброто недостасува.
images

„2. Адам и Ева се створени само во добро, во добра околина, а требало да го спознаат и злото, во моментот од нивната доволна духовна „пораснатост„ со која ќе можеле да го примат и знаењето за злото.“

Многу изненаден некако дедо боже кога овие к'снале од тоа овошката... А и многу поуплашен да не пробаат од тоа другото дрво. Ко да не бил најсигурен дедо боже у креацијата своја, а? Се чини ко кризен менаџмент, наместо мазен божји план.

„3. Бог не го создаде пеколот, оти во пеколот најдборо се чувствуваат само демоните. Таму каде обитуваат демоните и нивното зло, таму Бог не обитува.“

Абе како тоа „не го создал“ бог?!?! Па нели Он е креаторот на све?!?!

„4. Творецот не не' создава со лоши карактеристики, туку мојата/нашата лошотија е последица од мојот/нашиот погрешен избор во однесувањето: или е добро или е лошио.“

Значи никаква контрола од омнипотентниов горе...

„5. Бог не' створи по Негов „...образ и подобие...„, што значи дека Он, како Творец, има слободна волја па таа особеност, Творецот ја пренел и на творенијата. Да немавме слободна волја, ќе бевме само испрограмирани роботи.

:D :D :D Ти си, Мики, супер лик!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom