До каде ќе оди Швајцарскиот франк?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lorddd
  • Време на започнување Време на започнување

Lorddd

Титула - Лорд
Член од
18 март 2007
Мислења
1.067
Поени од реакции
53
Возраст
34
Сигурно сите сте запознаени со ненормалниот раст на Швајцарскиот франк, особено во последниве неколку недели. Се расчитав низ интернет некои добри статти и колумни, а истото мислење и јас го имав, дека заради стравот од колапс на еврото, а и доларот, инвеститорите ги купуваат франците како луди.

Денеска гледам кај нас народна банка откупен курс е 56,7, а во менувачниците се наоѓа и по 57,1/2. Швајцарците почнуваат да се загрижуват бидејќи нивните производи стануваат неконкурентни на светските пазари, а се очекува и пад на зимскиот туризам доколку остане јак франакот.

Како две главни прашања би ги поставил, дали мислите дека е можна девалвација на франакот, и дали уште ќе расте?
 
Јас мислам,а и се надевам да расте уште франакот,зошто имам пари во франци,а ми требаат така да :)
 
А еврото кај нас не мрда а нема ни да мрдни !
 
Исто и на мене ми одговара да расте, ама ми изгледа дека најмногу што може да стигне е да се изедначи со еврото. Па после тоа, ќе почнат да го продаваат франакот со што ќе му падне вредноста и може многу да се изгуби ако не се внимава.
 
Американскиот долар и Американските обврзници колабираат пополека. Благородните метали и франкот ќе одат нагоре уште. Најверојартно 1:1 со еврото па и нагоре.
 
Skoro izednacen e so evroto, ama 100% ke go devalviraat ako prodolzi vaka, samo prasanje e na vreme
 
Колку само можеше да се ќари од оваа качување на франкот , и тоа многу лесно , само смени евра во франци , стави ги под перница 10.000 франци , и после еден месец пак менувај ги во евра , и ете ти 1500 евра плус
100.000 франци = 15.000 евра ќар за еден месец.

Но толку знаеме и толку имаме.

А Швајцарија од минатата година презела мерки за да ја стабилизира валутата , но без ефект , и сега се обидуваат да сторат нешто , наводно ќе успеат.
--- надополнето: Aug 10, 2011 11:40 PM ---
Американскиот долар и Американските обврзници колабираат пополека. Благородните метали и франкот ќе одат нагоре уште. Најверојартно 1:1 со еврото па и нагоре.

Па еве сега гледам на берза , 1 франк = 0.974 евра , скоро е 1:1
 
Отиде франкот надоле , падна.

Вчера 100 франци=97 евра

Моментално 100 франци = 92 евра

Ова значи кој имал 10.000 франци изгубил 500 евра за еден ден. Изгледа мерките што ги презедоа дадоа резултат.
 
Шпекулацијата дека ќе го врзат за еврото го испрати франкот 600+ пипса надолу.. Инаку сега риск-ревард ратио не е толку добро за купување франци.Сепак неодамнешново движење надолу дава добра можност да се влези, под услов центералната банка на швајцарија да не превзема ништо и немо да го набљудува тонењето на европа. Тоа ме носи на мислење дека има ризик да го пегнат за еврото и да заврши целата приказна со франкот, затоа наместо франк треба да се бега во валутата на сите времиња -златото.. Јас лупав на маса и викав франци франци франци кога беше 47,48,50,51 и 52 денари.. Уште да знаев и имав време самиот да го направам тоа во поголем размер...

Јебига сега ќе си се туфкаме оти не се обложивме со повеќе пари и со повеќе ливериџ...

Исто така и познатото: be right and sit tight.
 
Злато сребро дукати :icon_lol:.....
Би се запрашале што е вистински вредно која валута вреди, што вреди? Златото среброто шарената хартија со замислена вредност врз нејзе и виртуелните бројки кои што реално не постојаат имаат толкава вредност колку што субјективно гледа човек на тоа.
Златна треска тој поим е добиен по луѓето кои што биле болни по златото и ја менувале бојата и сјајот на очите како да биле болни од треска (Термин добиен по копачите на злато во Дивиот Запад). Секојдневно овде јас го гледам тоа кај нас ливчето во кладилница кои што ќе ги реши сите проблеми, брокерот кој игра казино на берзата, разните шпекулатори кои што сакаат да го предвидат курсот на валутите сите се болни од таа златна треска.
 
Сигурно сите сте запознаени со ненормалниот раст на Швајцарскиот франк, особено во последниве неколку недели. Се расчитав низ интернет некои добри статти и колумни, а истото мислење и јас го имав, дека заради стравот од колапс на еврото, а и доларот, инвеститорите ги купуваат франците како луди.

Денеска гледам кај нас народна банка откупен курс е 56,7, а во менувачниците се наоѓа и по 57,1/2. Швајцарците почнуваат да се загрижуват бидејќи нивните производи стануваат неконкурентни на светските пазари, а се очекува и пад на зимскиот туризам доколку остане јак франакот.

Како две главни прашања би ги поставил, дали мислите дека е можна девалвација на франакот, и дали уште ќе расте?

Svajcarskiot frank dali ke raste ili ne znae samo
Jacob Rothschild
--- надополнето: Aug 11, 2011 4:13 PM ---
http://www.youtube.com/watch?v=rgdn0bNsMkQ
 
Злато сребро дукати :icon_lol:.....
Би се запрашале што е вистински вредно која валута вреди, што вреди? Златото среброто шарената хартија со замислена вредност врз нејзе и виртуелните бројки кои што реално не постојаат имаат толкава вредност колку што субјективно гледа човек на тоа.
Златна треска тој поим е добиен по луѓето кои што биле болни по златото и ја менувале бојата и сјајот на очите како да биле болни од треска (Термин добиен по копачите на злато во Дивиот Запад). Секојдневно овде јас го гледам тоа кај нас ливчето во кладилница кои што ќе ги реши сите проблеми, брокерот кој игра казино на берзата, разните шпекулатори кои што сакаат да го предвидат курсот на валутите сите се болни од таа златна треска.
А јас па цело време се чудам од каде тоа, у последно време..... нашиов tomsaso доби таков див златно-среберен отсјај у тоа очите!!!!!!;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom