D'N'B - DanciN' Beatz

  • Креатор на темата Креатор на темата VremeE
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
570
Drum and bass, dnb, драм енд бејс.. сигурен сум дека ако не можете да го препознаете по слух (иако е прилично лесно..), барем сте слушнале за овој музички правец.

Поради заситеноста на етерот, реален и виртуелен, со сите останати подвидови електронска музика, како и поради подобрување на имиџот (кој засега, барем во Македонија е на ниво на андерграунд) одлучив терминот што го имам во сабота да го посветам на оваа музика.

Во топиков ќе одат сите информации кои се релевантни за емисијата, како и повремените tracklists. Слободно прашувајте и одговарајте на прашања поврзани со темата (правецот и емисијата).

Не мислам да ве замарам многу со историја (освен ако нема интерес), па затоа ќе ве оставам да уживате во музиката, и сами да си одлучите дали ви се допаѓа, или не. Запамтете:

СЕКОЈА САБОТА (накај недела), 23:30-02:00

Enjoy. (=
 
БРАВО. Лелеее не ми се верува дека има уште некоја будала како мене на форумов.:je:
Мене днб ми е омилен правец од електронска музика кога станува збор за клабинг музика.
Риспект за идејава и да знаеш дека имаш поддршка, не знам колку ќе можам да те слушам у сабота пошто обично не сум по дома, ама како и да е.. уште еднаш браво. :aplauz:
И нормално, праќај траклисти од тоа што пушташ. Ја сакам малце потврд днб со помасивни бас линии, мада кај нас приметувам по днб журкиве поише ликвид се фура со вокалчиња... не знам ти шо ќе понудиш, ама што и да е ДОБРО е.
:cheeky1:
 
Искрено кажано, се срамам што немам доволно познавања околу овој вид на електронска музика. Она што сакам да го кажам е тоа дека ми се допаѓа она што драм енд бејсот со себе носи некаква едноставност која што ретко друга електронска музика ја има. Едноставна, но сепак силна музика. Кога започнав да слушам, почнав да слушам миксови на Марки Марк, и ептен многу ми се допадна. Од тој впечаток, составив неколку сетови со македонските дј-и и видов дека драм енд бејсот како култура има своја разновидност, без разлика што се впаѓа во ист смер.
Она што сакам да го кажам е дека и од мене имаш подршка и се надевам дека ќе можам да одвојам малку време да можам да те слушам, а воедно да добивам нови идеји за даунлоад.

Истовремено, сакам да додадам дека преминав на Скуерпушер. :)
 
StormAngel напиша:

Браво Сторми, Скверпушер е закон! Само не е баш за у оваа тема, поише за у електроника е, може таму да праиме муабет за него. :wink:
 
Пред неколку години, воопшто не ни бев запознат дека постои такво нешто како електро култура. Со тек на време, ептен многу ми се допаѓаат ритамот и животот што го дава овој термин, така да секој ден се повеќе и повеќе се трудам да навлегувам во она што се нарекува електронска музика. Знаењата за неа, пак, ми се ограничени, ама не и љубовта кон неа. Можам да се пофалам дека сум музичка душа и не правам расизам околу музички правци.
Но исто како и таткото кој што има многу деца, еден ќе му биде најмил од сите, тоа е повеќе од сигурно. :)

Марта, можеби моето ниво на познавање не е доволен за да можам да придонесам во убавината на дискусиите поврзани за електронската музика, но ќе се потрудам да дадам се од себе.
 
Вечер, 23:30.
Ќе има за сите.. и ликвид, и кршоини :wink:
 
Bilo je to nekad davno.. а убаво си почна првата емисија (=
Ме фати носталгија, мамата (=
 
Drum'n'Bass

и луѓе како со овој вид на музика? Јас лично го обожавам овој стил на музика.
 
DnB postuvam so e nad 220 bpm....respect...
 
дечки каде би можел да најдам нешто од овој музички правец?
дајте кажете некој линк за спуштање или на пп
фала
 
d'n'b е супер музика,на мене посебно ми свиѓа d'n'b со потврда бас линија,hardstep i techstep. енергија до коска. у the club журките оваа година беа закон,посебно bungle ,black sun empire bea ludnica
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom