DLC (Downloadable Content)

Дали ви се допаѓа концептот на DLC?

  • Да

    Гласови: 4 11,8%
  • Не

    Гласови: 30 88,2%

  • Вкупно гласачи
    34
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
DLC или Downloadable Content е додатна содржина за игра симната преку интернет од официјалните сајтови на издавачите или други овластени дистрибутери. DLC може да содржи неколку видови на содржина како:
Нови модови
Нови мисии
Нови карактери
Нови возила
Нови мапи
Нови оружја

и друго, за игри кои веќе се во продажба.

DLC.jpg

Според мене, DLC е модерниот начин да се заработи долар повеќе за недовршена работа. Цената на DLC се движи околу 10тина долари од пакет. 10 долари за пакет кој најчесто содржи 4 мапи или глупав side quest со детски easter eggs.

Понекогаш, содржината на DLC пакетот е солидна и вреди да се изигра но сепак не вреди 10-20 долари од пакет. 5 такви пакети прават експанзија која играта наместо компресирана за 40 долари, на делови ја продава за 60-80.

Во многу случаи, битна содржина од главната мисија е пуштена со DLC, терајќи те да доплаќаш за недовршениот продукт на фирмата. Честопати пак, станува збор за обична оптимизација или неколку скинови. Понекогаш чувството е како да плаќаш 10 долари за модови кои порано беа 3rd party бесплатен софтвер.
Најтрагични се DLC пакети кои се најавени за време/пред да излезе играта. Често пати, ваквата содржина е бесплатна како на Dragon Age: Origins бидејќи не била спремна да излезе со оригиналната игра, но сепак постојат случаи каде што ова не е така.

Што мислите вие за DLC содржините? Дали се ефтин начин да се освежи игра или обичен rip-off механизам?
 
DLC-ата не се елементарниот проблем, туку постојаното тегнење и проширување на франшизи со популарност без значајни промени во структурата. Скоро секоја достојна франшиза што излезе во последниве 8 год. се извитопери без конструкција, почеток-крај. Фриковите од инфинити беа у толкава заблуда веќе што изгубија осет и допир со створот од производ што го издаваа заслепени од непрекинатото приливање вреќи од плебсот. Така да длцата се додаток на веќе пуштен во оптег рипоф. Шо е до мене поприфатливо би било комплетна игра со солидни длца како Вичер,Елдер Скролс,Џаст Кос 2,Фар Крај 3...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Поглупо прашање немам сретнато Дали ви се допаѓа концептот на DLC :facepalm: Па кој сака да го дерат бе ало :tapp:
 
После дебаклот на Mass Effect 3, секако дека не оправдувам.
 
problemot e so prodavaat nedovrseni igri pa posle ti zimaat pari za da gi sredat...
 
Пошто гледам дека сум единствениот што гласал со "Да", ај да се објаснам.

Да, ми се допаѓа концептот на DLC. Тоа се работи што не ја менуваат главната игра, туку најчесто менуваат скинови за оружја или облеки итн... Во други случаи каде што со DLC се нудат нови мапи, јебига, тие и онака не биле дел од главната игра, не можете да им замерите на издавачите. Просто и едноставно, тие што го сакаат тоа - ќе дадат пари за DLC. Останатите? Не морате, DLC-ата нема да ви ја сменат играта, така да нема зошто да се буните.
 
Освен што тоа скоро никогаш не е случај. Веќе подолго време е очигледно дека ги издаваат недовршени игрите, за потоа да продаваат DLC. Во многу случаеви си принуден да купуваш DLC ако сакаш до крај да завршиш со приказната. Зарем 50-60 евра за игра не се доволно за да добиеш се што треба да следува со производот.Кога CD Projekt RED можат секој додаток на играта да го даваат бесплатно, зошто тоа не би функционирало и за другите компании. Или пак FTL, само што издадоа бесплатно DLC, значи indie проект може тоа да си го дозволи.
Не се работи само за скинови или костуми и слично. Но дури и да беше само за тоа, зошто да мора да се плаќа за тие додатоци.
Или пак случајот со Street Fighter X Tekken кога DLC's што требаше да излезат месеци покасно, беа пронајдени на дискот од играта. Значи Capcom планирале да наплаќаат за нешта што веќе се вклучени во играта. Не за џабе испадна скандал од тоа, да беше нормално немаше оние што ја купиле играта да се бунат.
That being said, има ретки случаи кога е оправдано продавањето на DLC, на пример Blood Dragon за Far Cry 3. Тука веќе има додадено толку многу елементи, што може да се смета за нова игра што го користи енџинот на Far Cry 3. Тоа е единствена ситуација во која што 10-15 евра за DLC би биле оправдани.

Плаќање за скинови и други додатоци оправдувам во случај на free to play игри, на пример DOTA 2 е еден од најдобрите примери за тоа, или пак Path of Exile. Воопшто не е прифатливо или пак може да се оправдува ваквата практика кога станува збор за full-priced игри.
 
Наброј ми 5 игри кои не си можел да ги завршиш затоа што си бил приморан да купиш DLC.
 
DLC е одличне концепт но се злоупотребува. Пример доколку цената ја формираат на некои си 3 до 5 долари, симболична цена што секој може да си ја дозволи на 2 до 3 месеци и со тоа ја освежат играта со нова мапа/ниво, ако ја продолжат приказната со некоја нова задача која нема да се завршува за 5 минути, јас би платил. Доколку ми се допадне играта и сакам повеќе од истото за мала инвестиција би платил.

Но веќе кога сум одвоил 60 евра за игра сакам таа да биде целосна па и да има бесплатни апдејти во форма на пачеви и хотфикси за баланс/багови.
 
Наброј ми 5 игри кои не си можел да ги завршиш затоа што си бил приморан да купиш DLC.
Не знам баш зошто за тоа се фати од цел пост. Не е проблемот само дали јас лично сум принуден да купувам нешто. Ама еве ако треба да набројувам, DLC-јата за Alan Wake. Играта немаше баш најзадоволителен крај, продолжи со додатоци, кои што беа одлични, ама пак ако се хајпнеш на приказната треба да си плаќаш за да ја завршиш.
Mass Effect 3 имаше day 1 DLC со многу важен елемент од lore-от на овој серијал. Постои начин на кој што може day 1 DLC да се оправда?
Dead Space 2 и 3. Еве ај за последната, заврши на cliffhanger, приказната си ја продолжи во DLC што излезе некаде месец после излегувањето на играта. И нормално се продаваше за 10 евра.
Овие се први што ми паѓаат на памет. Искрено, не сум платил за ниедно DLC од овие (ретко и кога плаќам, најчесто ако е ефтино и/или за DLC на игри како Deus Ex - Human Revolution, The Lost and the Damned и The Ballad of Gay Tony за GTA IV, ако сметам дека тоа што го добивам се исплати), ама не значи дека не смеам да ја критикувам ваквата бизнис практика. Особено кога DLC-јата излегуваат на истиот ден со играта, а скоро секоја нова игра може да се спомене како пример за тоа.
Ми текнува и на Asura's Wrath, која што завршуваше на евтин cliffhanger, само за подоцна да ја заврши приказната во DLC.

Не се самите по себе лоша појава, ама факт е дека најчесто купувачите се искористуваат од страна на компаниите токму преку нив. Не ми е проблем да платам за продолженијата на GTA IV кога добивам толку многу. Проблем ми е да платам за код за да отклучам нешто што веќе се наоѓа во играта, и тоа најчесто да биде достапно на release day. Сигурно не треба и за тоа да наведувам примери, ги има премногу.
 
Ова е сива зона за мене. Би купил DLC само за игри кои навистина ми се допаднале а за некои игри кои не ми се допаѓаат не ни се замарам. Во главно концептот на DLC е да се направи поголема заработка од играта или пак да се вложи во фирмата преку неа (ова важи повеќе за релативно новите или за независните фирми) или пак да се вметнат работи кои биле изоставени или непланирани на почетокот. Би сакал DLC но под услов да не сум приморан да ги купувам бидејќи содржат важни делови од приказната на играта . Мислам дека тие не треба да содржат 1-2 левели 1 оутфит и разно разни козметички глупости кои можеле да ги дадат или беспари или пак уште во пакет со играта.

Но сепак јас повеќе пиратирам отколку што купувам така да моето мислење не е баш пресудно бидејќи се исто ми се фаќа, и онака не плаќам ниту за играта ниту за DLC за неа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom