Дискусија за играч(оваа недела:Кевин Гарнет)

Ejj mi ja pogodivte temava!!Znaci LeBron e momentalno spored mene a i mnogumina najdobar vo NBA i svetov!Ne za dzabe mi e idol:)Samooo mislam deka sporedbata so Mickael Jordan e malceku losa...kako prvo ne igrale vo isto vreme sosema razlicna kosarka se igra sega.Kako vtoro na razlicna pozicija igraat a i mnooogu razlicen stil imaat.A inace u pravo e stix posto so takov tim do tamu da stasas stv e uspeh.Iako sum za San Antonio opsto kako tim alal neka im e na Klivlend za se sto postigna..sega pa nemozea i protiv najdobrite da tepaat:D
 
Дефинитивно најкомплетниот и најдобриот играч во светот.Може едноставно се.Да биде плејмејкер,бек,крило па и центар.Оваа сезона до сега е со просек нешто помалко од 28 поени,7,5 скокови,7 асистенции,2 украдени топки,1,3 блокади.Едноставно најдобар.Како што кажа некој погоре ќе нема конкуренција за МВП иако требаше и лани да го земе тоа признание но знаеме каде заврши и од коа проста причина.Ако не ја земеше лани Коби немаше да ја земе никогаш покрај ЛеБрон а тоа е едно од ретките кои му фали на Брајант.И се надевам наскоро Кливленд ќе стигне до титулата.Сега за сега имаат најдобар резултат во лигата.Ако остане тоа така до крај огромни се шансите за титула пошто кливленд дома незнае за пораз во евентуалните плајофф серии секогаш ќе има предност на домашниот терен
 
Коби Брајант

Му дојде ред и на него а ме инспирираше синоќешната утакмица со Кливленд...

Несомнено најдобриот бек-шутер во НБА лигата во последните 5,6 години...Иако во некои периоди на Лејкерси не им одеше тој сепак остана со екипата и дочека повторно да има екипа за титула...Човек од контроверзи, аферата со силувањето како да го направи уште посилен,посигурен,поискусен, и подобар не само играч туку и човек...Со Шек ја започнаа онаа традиција во екипите да има доминантен центар и лидер на бековските позиции а сега со Гасол и Бајнум повторно гледаме еден сличен стил...Не отиде во Чикаго кога имаше можност за тоа а кога Лејкерси беа просечна екипа, и стрпливо сочека како да знаеше дека тој повторно мора да е на врвот...

Кога бев помал не го сакав Коби од причина зашто навивав за Сакраменто а у тоа време Лејкерси им беа редовни крвници...Тогаш ми изгледаше како надуен мочко само со добар шут и атрактивност, тактички непоткован и без некоја посебна дисциплина...Али, како што растеше Коби така пораснав и јас и увидов дека лигава всушност (со се уште 5,6 луѓе) се базира на него и дека НБА не би била НБА без Коби Брајант...

Драфтуван е од Шарлот а интересното е што е трејдуван во Лејкерси за Владе Дивац...Мислам дека е 8-ми пик на драфтот , а секако покажа многу повеќе од тоа...Сите споредби што се прават за нов Џордан слободно може да се упатат на негова адреса...Како да гледам еден стил што владееше во 90-тите...Движењата,шутот, дрскоста,одбраната и секако лидерствово...Коби во секоја ситуација се снаоѓа и како намерно да ги бара тие тешки скок-шутеви од дистанца, па уште преку рака кои ги шутира со 45 % успешност...Завидното ниво добива на тежина кога ќе се види дека тој во еден момент од играта на себе влече повеќе од еден чувар и кога таквите ситуации ги решава без проблем...Едно нешто по што се разликува од Џордан е шутот за 3 поени, не сум сигурен за рекордот ама мислам дека еднаш постигна 11 тројки на една утакмица и тоа комплетно без проблем...Кога сме кај рекордите, во глава ми се вртат броевите 81 и 61...

Незаменлив човек е во својата екипа и сигурно е еден од најдобрите на денешницата...
 
Коби Брајан, најдобриот кошаркар според мене воопшто во историјата на НБА.
Одличен шутер, елегантен, голем работник.Како што кажа Марко, со тек на времето созреа и стана еден од најкорисните играчи на НБА, впрочем и ланската награда за МВП го докажа тоа.
Покрај него е лесно да се игра. Оделе и други дрим-тимови на ОИ и СП ама џабе се додека не увидоа дека треба да го земат него за САД да земе злато.
Најмногу ме радува и тоа што и кога пишуваа за Леброн погоре, сите го споменуваа Коби, значи батето вреди и може сите да му се фатат.
Единствен кој според играта и елеганцијата во шутот може да се спореди со Џордан е КОБИ БРАЈАНТ!
 
Најладнокрвен играч што некогаш сум имал прилика да го гледам. Подобар играч за завршница моментално во НБА нема. Плус кога влегува во таа "негова" зона, боже пази. Исто прави по 5.6 скокови по игра што го ранкира трет во НБА во неговата класа. Коби не е веќе стариот Коби кој е себичен и не му верува на своите соиграчи. Многу луѓе му ја оспоруваат неговата МВП титула, ама тие луѓе се обични фанови и ништо повеќе. А луѓето што му ја доделија титулата се експерти. Додуша ако тоа му помага полесно да заспијат навечер , нека си се тешат :)

Единствен играч на кој мислам дека не му фали ништо...хмм кога ќе размислам подобро му фалат 2 прсти моментално ама пак ок е :smir:
 
+Плус
единствениот кој му се доближи на Чембрлен за поени по натпревар....не верувам дека некој во блиска иднина ќе се пофали со повеќе или приближно на 81 поен.Моментално Најдобриот кошаркар во светот...
 
Мноооогу ме нервираше порано Коби пошто беше таков млад , дигнат и се мислеше дека е најдобар. Али дечкото бил у право коа бил таков. После Мајкл дефинитивно најдобриот Clutch играч во лигата , секад прв избор кога се решава натпреварот. Треба почит за човекот што го истрпе СЛАВА Медведенко во екипа.

Да не беше Џордан ќе речев најдобар бек на сите времиња , ама вака втор најдобар бек на сите времиња , што доволно кажува за неговата величина и игра. Мој омилен момент од Коби беше со Феникс пред 2 години во плеј оф (поправете ме ако грешам) кога прво со луд влез ги однесе Лејкерс во продолжение , а после на крај украде топка на 8,9 секунди до крај и скок шут и жглаааб. Делириум :vozbud:
 
Чекав чекав и дочекав Дирк и Леброн не коментирав пошто не ги обожавам многу па така еве дојде на ред и мојот омилен играч.Што да се каже посебно за Коби најдобриот кошаркар на светот минатогодишен МВП на лигата еден од најкомплетни играчи што играле после големиот Мајкал Џордан и многупати именуван како негов наследник.Икона на екипата на Ла Лејкерс каде што настапува скоро цела своја НБА кариера каде што од секогаш е еден од најдобрите играчи или најдобар.:salut:
 
Не ми се допаѓа стилот и играта на Коби Брајант. Многу е самобендисан.
Има освоено 3 титули заедно со Шекил О`Нил кој тогаш беше најдоминантниот центар во НБА (беше и MVP на сите три финалиња). Шекил замина во Мајами и си освои уште една титула. Коби остана во Лос Анџелес и не собра сили за уште некој прстен.
Не мислам дека Коби е лош или просечен играч. Напротив. Но преценувањето никогаш не е на арно. И медиумите можеби му направија мечешка услуга, па однапред го прогласија за најдобар. Обично за да се прогласи некој за најдобар во нешто треба истиот да доминира во дадената дисциплина (во последниве пет-шест години Лејкерси немаат титула).
Почна со игра во 1996 година, така што нема многу време за статистичка еднаквост со Џордан на пример. За друга и да не разговараме...
 
Maлце е забаталена темава , али ај еден предлог ====> Двајт Хауард...

Најдобриот центар во НБА моментално според мене...
И тоа не е само според бројките кои одат во негов прилог туку првенствено поради смиреноста, посветеноста кон екипата, лидерството без претерувања и дигања во облаци...
Орландо како цела сезона да беше фаворит од сенка , а еве сеа се покажа дека големината на екипата треба да биде во тимската игра...Има солидни имиња кои конечно, на моја радост, профункционираа како што треба...
Лидер на екипата е Хауард...До утре може да се збори за неговата доминантност во рекетот, и дека тешко кој во наредните 10 години ќе може да го тргне од местото на најдобар центар во НБА...Доказ како треба центар правилно да се развива...Мислам дека беше втор пик на драфтот, не сум сигурен , ама кога влезе во НБА не се крена толку прашина како што на пример се дигна за Дурант или некој друг после него...Со работата на физикалиите обезбеди доминантност, а со работата со Петрик Јуинг изнајде начин како попаметно да игра, да се чува од непотребни фаули, да штеди енергија , и најважно да се посвети на екипата...
 
40 + 14 = НБА финале...
Ѕвер, животиња која долго ќе владее со НБА, само да нема некоја посериозна повреда...
 
Не обожавам вакви играчи кои што играат само на сила,како Шек што беше исто така е и Хауард.
Така да не знам што да кажам повеќе за него,џабе го прави просекот што го има за мене не е тоа тоа.
 
Некој уводен збор ако сака да даде за најдобрата 4-ка у НБА моментално...
Од мене само дека у последните 10 години дечкото владее на оваа позиција, иако играше во слаба екипа сепак солидно се држеше , но мораше озбилно да тргне по прстен па премина во Бостон...
Се покажа дека Селтикси без него не се вистинска екипа, и сигурно е дека е тој предводник на екипата, како дефанзивно така и офанзивно...
 
Кевин Гарнет...Еден од легендите што уште играат во НБА. Во 1995 година беше избран за 5 пик на драфтот од страна на Минесота. Во почетоците на неговата НБА кариера најпрво влегуваше како резерва. Во неговата руки сезона имаше солиден просек од 10.4 поени,6.8 скокови и 1.8 асистенции. Во неговата 2 сезона управата на Минесота го донесе Стефон Марбери и играа за 1 прв пат во плејофот. Во 2003/2004 година играат во финалето на западната конференција каде губат од Лејкерс. Истата година Гарнет е прогласен за МВП. Минесота не успева да се пласира во плејофот се до ден денес,а Кевин Гарнет потпиша за Бостон на 31 јули 2007 година. Заедно со Реј Ален и Пол Пирс го сочинуваа големото трио и истата сезона ја освоија титулата,а Кевин Гарнет беше прогласен за најдобар дефанзивец во лигата. Тој има златен медал од Олимписките Игри 2000 година и е 12-кратен ОлСтар. Висок е 2.11 метри,но е исклучително подвижен за негова висина и игра на позиција високо крило
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom