Ако можеш мојте зборој што ми ги вадиш со клешта да ги извадиш од контекст и да ги злоупотребиш, за библијата кога ќе ја отворите вие двајца да не прајме муабет какви колажи сте во состојба да залепите...
Бездруго, јас пак ќе се повикам на сегашноста, на животот во сегашно време и на чувствата. Ти пак ќе ми речиш дека треба да читам и да знам од прочитано и дека чувствата не се посилни од знаењето и ќе одиме во круг.
Муабетот ми беше во сегашноста
Знајш во сегашноста имаме секој свој живот и јас времето си го посветувам себе си на блиските и за хоби и време што можам да посветам на историја се сведува на историскиот канал кога не ми се спие, и доволно со оглед дека световниот живот е краток... Знајш по нешто за животот во 2016та така? Или си цело време преселен во времето на Каин и Авел.
Во сегашноста, дали е можно православен христијанин да донесе маса луѓе во некоја заблуда под која масата луѓе би донела смрт некому, немири, хаос. И од тука, што ви пречам на пример јас што ви посакувам душевно и телесно добро? Сега ќе речиш хиперактивни деца

Така и ти треба

Да не пукниш...
И во сегашно време, иако имаме технологии и лагоден живот, се нешто ни фали ама е многу полагодно од времињата во стариот завет, јас го имам почувствувано Божјото присуство, не го имам простудирано, не го имам докажано, немам ни намера да губам драгоцено време да го докажувам она што го чувствувам одвнатре. Оној што ми помогнал кога сум го повикала. Да речам не, сама се направив, никој не ме крена од жив песок што се вика, и чекај сега кога ми е добро да седнам да докажам дали постои или летечките шпагети беа. Не можам да бидам толку лош пријател за на обичен човек така да му покажам недоверба откако ми помогнал а камо ли на сам Бог. И затоа одбирам да не докажувам, да не прашувам туку да верувам и да сакам.
Дај лоцирај се себе си во сегашно време, и кога мислиш на христијаните или било кој други луѓе различни од тебе, имај на ум дека и ние сме од сегашно време. Сега и овде живееме. Кажи ми сега што ти правиме ние тебе и со што ти наштетуваме?