Извини, чисто ме занима, во кој бог веруваш?
Атеист, на некој форум, многу одамна, ако си ти тој имам видено дека се интересираш за Шамани. Сега под твојот аватар исто гледам некој сарказам во врска со шамани и слично (се мислам дека не грешам дека ти си тој). Така ниту ти ниту никој не смее да ми замери поради тоа што не верувам во некое си специфично божество, а со отворен ум гледам и читам за културите и религиите низ целиот свет. Во тоа патешествие наидов на луѓе кој не го одвоиле бог од себе и на луѓе кој го одвоиле бог од себе (прекрасен начин да држиш една култура и општество под контрола и не знаење)
Со кратки зборови природата е мојот бог и сите нејзини аспекти меѓу кој и животот и смртта. Е само што сега малку ми е глупаво да верувам дека после смртта има рај или пекол, па еве, живеам и чекам да умрам, да видам што понатаму.

[DOUBLEPOST=1452015277][/DOUBLEPOST]Можам да си земам за право да кажам дека постои нешто надвор од овој материјален свет поради тоа што во секое време, на секое место од светот, по една култура го предава тоа учење.
Кабала, Хиндуизам, Таоизам, Тибетански Будизам, Шаманите.
4 светови во Кабала, Астрален свет во Хиндуизам, Јинг и Јанг Шен и постоење на небесно тело во Таоизам и Тибетскиот Будизам има длабока Шаманска позадина и учи на светлосни тела и духовни светови.
Во Христијанството и Исламот сето ова е ТАБУ и ГАВОЛСКА работа, според атеистите пак, сето тоа не го докажала науката, а според мене... јас не гледам друга смисла на овој живот освен да растеш духовно.
