Уште една од низата на аргументации сведени на "поделби", а не на аргументи.
Имено, јас имам таква аверзија кон полицијата како институција, и како што кажав во претходниот пост, автоматизацијата/дигитализацијата на сообраќајната безбедност е нешто што ќе го елиминира човечкиот фактор и пристрасноста на полицијата.
Не дека го бранам членот кој де-факто е џандар, далеку од тоа (за него подолу ќе си го напишам мислењето). Но мора да се излезе од македонскиот синдром на аргументации и перцепции базирани на "наши" и "не-наши", односно "обичен граѓанин" и "полицаец".
Како прво, да, полицаецот треба да е културен и учтив... Ама да му ебам матер бе, луѓе сме, имаме лоши денови, ваљда и они искомуницираат со 100 души во тек на ден, башка, како што етаблиравме, не се најписмената сорта во државава... Сеа, да не биде ултра сељачко понашањето, ама смешно ми е што очекувате да бидете третирани како англиска кралица. Најпогрешното во таа смисла е што вие градите аргументации и генерализирате врз база на субјективното (она што вам ви се случило). Така за жал функционираме, и се додека не излеземе од таа мантра ќе си тонеме...
Ве прашувале кај ќе одите? Од кај факинг знаете бе? Може, лупам, разбиваат меѓународен ланец на шверц со дрога, и имаат дојава дека некој со возило како вашето го врши транспортот? лупетам, ама така е... и на крај од денот можете да излажете...
Веќе кога се зборува за сообраќај, најголемиот проблем е што, реално, искрено и без лажење, НЕМА СООБРАЌАЈНА КУЛТУРА во државава, значи таа не постои. Пази, имаш пишани и непишани правила во сообраќајот. НЕПИШАНИТЕ едноставно не факинг постојат, како да ви кажам. Од пишаните важи генерално само едно - гледај да не чукнеш/удриш друг учесник во сообраќај (дали е пешак, велосипедист, моторциклист или пак друг автомобил). Тоа е единственото правило по кое се води нашава орда овде. Едноставно, мораме да си бидеме искрени сами кон себе и да си го прифатиме тоа, ако не, ништо никогаш нема да постигнеме во поглед и на сообраќајната полиција, безбедноста во сообраќајот и општата совест на оваа 2 милионска глутница на планктони што живееме овде.
Она што јас пример го имам како најголем проблем во однос на работата на сообраќајната полиција пред се, покрај нели негативната селекција која што ја напоменав во претходниот пост, е СЕЛЕКТИВНОСТА, како во поглед на стопирањето, така во поглед и на казнувањето. Значи се додека постои истата, ќе постои и менталитетот на планктоните да си праат што сакаат, пошто така, имаат некаков основ за
а) да се вадат
б) да плукаат по полицијата.
Исто во однос на селективноста, ќе кажам дека не сум политички определен, и мислам дека најголемо ДНО, а воедно врв во селективна егзекуција на право и сообраќајни правила е СТОПИРАЊЕ НА АВТОМОБИЛИ со регистарски таблички од друг град. Имаше конкретно Левица едно интересно решение предложено (не знам колку е изводливо), да се воведат регистарски табли кои нема да го отсликуваат градот/општината каде што таа кола е регистрирана, со што малце ќе се намали тој тип на селективност.
Друга работа, колку де факто технички неподобни возила имаме во сообраќај, знае некој? Огромен проблем за кој не е директно крива полицијата...
Е сега, во однос на членот, мислам, искрено убаво што се зачленил овде, добро е од внатре административците да се мотивираат да се зачленуваат на форуми и да одговараат FAQ на обичната раја, без оглед дали овде, Фемина или Карклуб форумот, твитер митер и што уште не, а тоа да не биде пи-ар контроверзи како онаа на министерот ни генијалец за намалување на криминалот во година на полициски час... И за истото би било фино и арно да се плаќа некој дигиталец, малку по-писмен човек од полиција/социјално/пензиско или whatever, наместо твитерџиски ботрони. E сега, за однесувањето на човекот, што да кажам... Типичен пример за припадник на безбедносните служби во Севергнасија.
Наместо да ја доближи работата, наместо да покаже едно ниво во кое што ќе ја демистифицира работата на МВР, тој се понаша провокаторски. Не ни знам дали воопшто е полицаец додуше, влегувам со претпоставка дека е, нели.
Полицијата треба да биде продолжена рака на севкупното граѓанско општество, треба да биде максимално отворена и транспарентна, и да биде сервис на граѓаните, а не да ги дотолчува и онака големите разлики кои постојат меѓу тоа граѓанско општество и безбедњаците. Полицаец не е, и не смее да биде бела мечка, не смее да биде on a high horse, нити пак да се потсмева, туку треба да биде нешто сосема поинакво од она што членот го дава како впечаток.