Дино Мерлин во Метрополис Арена -18.09.2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Слушнав, т.е прочитав ваква информација во еден од нашиве весници, па да прашам да не има некој поконкретни информации?

Ако е точно, аууу одлично! :vozbud:
 
Точно е, во еден куп медиуми имаше објавено. Е сега дали ќе биде запазен датумот не знам, ама сигурен сум дека концертот кај и да е ќе се случи. :)
 
Глупо е само што се паѓа за време на Пиволенд :nenene:
 
Добар е човекот. Легенда си е. Само да не лупнат некоја ненормална цена ко што знаат да направат.
 
Добар е човекот. Легенда си е. Само да не лупнат некоја ненормална цена ко што знаат да направат.

Аууу топ еј ... Какви песни има дечкото , хехехе, растурааааа .Добро викаш само уште некоја нормална цена да стават и идемееее .

:oftopic: Една од моите омилени :
 
А некој да не знае колку пари ќе биде картава за концертов????
 
По спектакуларниот концерт во Охрид минатото лето, во организација на Talent Box, Дино Мерлин повторно во Македонија. Овој пат во македонската метропола. Концертот на овој најпознат босански пејач, е закажан за 18 септември во Метрополис Арената.


По успехот на последниот албум „Ispocetka“ Мерлин во вистинско време доаѓа во Скопје. По минатогодишната промоција на албумот на стадионот Билјанини извори овој пат, доаѓа релаксирано без потреба да провери дали македонската публика ги знае песните од новиот албум. Организаторите, за 18 септември, во Метрополис арената на скопското сајмиште, најавуваат вистински спектакал и уживање со големото име од екс југословенските простори.



Дино Мерлин доаѓа со својот комплетен бенд, кој што го следи на сите турнеи, и се очекува како и секогаш на публиката да и понуди повеќе од тричасовно концертно уживање.

Естрадниот магазин Бекстејџ и телевизија Сител по трет пат, последователно, се концертни промотори на Дино така што оние кои од оправдани причини нема да присуствуваат на концертот деталите ќе ги имаат на фреквенцијата на Тв Сител.
 
За Мерлин ако треба и кредит ке подигнам ама мора да одам на тој концерт:)
 
Count me in, count me in :vozbud: Здравје само, му се спремам од пред 5 години да идам на концерт :vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom