Дино Мерлин во Метрополис Арена -18.09.2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
кој два саати бе...почна во 10,30 заврши 11,40

Ептен кратко прошлиот пат беше од 9-12 без престан. И не испеа песни како мјесечина мед и сл.
 
кој два саати бе...почна во 10,30 заврши 11,40

Ептен кратко прошлиот пат беше од 9-12 без престан. И не испеа песни како мјесечина мед и сл.
Не знам шо си видел ти ама во 9 и 40 почна :) а заврши во 11:45.
 
да да грешка 9-40...како и да е ни скрати саат време
Мед не ја испеа најнова песна, мјесечина, сибирска...

Pa dobro e 2 saata peeshe:) Inache ubavi pesni ispea, Deset Mladja, Godinama, Supermen, moj je zivot svicarska itn.
 
Лоша музика,кратко,а скапо и на крај на излагање ко стока се буткаше народот кој да излегол побрзо.
Некој си игра со фановите.
 
Имаше очигледно технички проблеми, но јас си поминав убаво. Само ептен ми е криво што не ја пееше “Да је туга снијег“.
 
Имаше очигледно технички проблеми, но јас си поминав убаво. Само ептен ми е криво што не ја пееше “Да је туга снијег“.
Убава песна,се сложувам дека и јас сакав да ја чујам.
За тие пари што ги зема очекував многу повеќе од технички проблеми и пеење да не кажам ради реда.
Ценам тоа што си поминала убаво ама до кога ќе живеат на таа стара слава и нема да се трудат да направат нешто повеќе од еден класичен концерт.
Не очекувам да е Мадона па да прави кореографии и сценографии за секоја песна ама циганчење до минута да пее и да наплати 500 па после глеам на врата 700 а па некоја си VIP карта 1000???
Па бев на Тоше бог да го прости па нит памтам да имаше толку скапа карта плус си беше на отворено,плус пееше повеќе,плус не се гушев во дим од цигари и на крај краева Мерлин има стаж позади него хитови на препад,а што покажа па да си речам кога ќе излезам БРАВО МЕРЛИН Е МЕРЛИН ЛЕГНДА СИ Е??????
Може сум перфекционист ама сепак ќе кажам за моите пари очекував бар три саата пеење,малце повеќе комуникација со публика,и музика да препознаам која песна иде а не да нагаѓам.
А да не забораам,се намачил да измисли неколку чекора со тој раперот,можеби тоа он го рачуна за некаков подвиг.
 
Дино Марлин повторно растури во Скопје
Понеделник, 20.09.2010
Македонска сцена
Балканската легенда Дино Мерлин растури во Метрополис арената во Скопје. Повеќе од три часа, Мерлин, ја забавуваше неколку илјадната публика.

Концертот, нешто по 21 часот, го започна со песната „Испочетка“ од истоимениот албум. Мерлин не застана на сцената на едно место. Очигледно добро подготвен и кондиционо и тонски, Мерлин одушеви во Скопје.

Од новите хитови Да шутиш, Десет Млаџа, Недостајеш, до Годинама, Све је лаж и Супермен, публиката пееше во еден глас. Минатогодишното гостување на Мерлин на стадионот Билјанини извори во Охрид, не ги спречи илјадниците повторно да пеат заедно со легендата.

И овој концерт потврди дека Мерлин во Македонија е добредојден во секое време. Македонската публика ќе остане меѓу најверните.
Покрај многубројните членови на бендот, Мерлин сцената ја збогати и со жонглерски настап, со пластични чаши за пиво.

Српските медиуми кои беа ве Метрополис арената во сабота, овој момент го коментираа како поддршка за локалниот фестивал на пивото, Пиволенд на Скопско Кале.

По завршувањето на концертот, публиката не знаеше за крај. Побара уште. И доби. И не еднаш. Го врати големиот Дино Мерлин на сцена уште два пати.

По трите биса, сите хитови, многу емоции и желба за следна повторна средба, Мерлин ги остави илјадниците со спомени од саботниот концерт на легендата, во Метрополис арената во Скопје.
еве и неколку слики

http://backstage.com.mk/sites/default/files/merlin%203.jpg%201111111.jpg
http://backstage.com.mk/sites/default/files/merlin 1.tga publika.jpg
http://backstage.com.mk/sites/default/files/merlin 5.tga samo merlin.jpg
http://backstage.com.mk/sites/default/files/zonglerite.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom