Бог да го прости...ми беше еден од омилените пејачи во Ex ЈУ ... се сеќавам на времето пред 20 години кога си ја купив касетата од неговиот прв албум ( немаше цедиња тогаш ) , нон стоп ја слушав едно 2 недели...веројатно умрел од дрога ( дали се предозирал или слично )
Последниот поздрав на хрватската ѕвезда Дино Дворник се одржа во Загребскиот крематориум. Семејството, колегите и пријателите ја испочитуваа желбата на Дино, и на погребот не дојдоа во црно, но малкумина можеа да ја сокријат тагата поради прераната смрт на пејачот.Скандирање, музика и игра беше погребот на Дино, а со тоа се исполни и последната желба на пејачот кој не ја сакал ни црната боја ни погребните поворки.Тој е кремиран во своето црвено одело и шапката цилиндар.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.