Дилемата на затвореникот (Split or steal)

  • Креатор на темата Креатор на темата Srcee
  • Време на започнување Време на започнување
Сакав еднаш да отворам ваква тема. Не за шоуво туку за концептот на затвореничка дилема. Само мало интро да дадам.
Затвореничката дилема се состои од следнава хипотетичка ситуација. Полицијата приведува двајца криминалци и ги носи во одвоени соби за испрашување. Во недостаток на цврсти докази, полицијата се надева дека едниот од двајцата ќе пропее. Затоа и на двајцата им даваат понуда да го исцинкарошат другиот. Ако го направат тоа ќе бидат ослободени или ќе добијат минимална казна. Постојат 4 можни исходи:
1. Двајцата да молчат. Во тој случај и двајцата ќе бидат ослободени.
2. Особа А пее а особа Б молчи. Во тој случај особа А ќе си помине лесно а особа Б го јаде.
3. Особа А молчи а особа Б пее. Во тој случај А ќе го јаде а Б ќе биде пуштен.
4. И двајцата пеат. Во тој случај и двајцата го јадат.

И двајцата добро се запознаени со 4-те опции.

Е сега интересно е како ќе изреагирате вие да сте на место на особа А или Б. Не знаете што се случува во другата соба а треба да донесете одлука.

Подетално тука
http://en.wikipedia.org/wiki/Prisoner's_dilema
И јас и тој ќе го искористиме правото на молчење и ќе чекаме адвокат. Откако адвокатот ќе дојде и ќе увиди дека немаат цврсти докази, двајцата сме слободни.

Ова нема никаква врска со доверба, односно точка 1. Зошто ако имаат докази доволни за обвинение но ете сакале да ме натераат да сведочам чисто за да се осигураат дека нема да го изгубат случајот на суд, тогаш можам со адвокат во соба кој ќе ми каже кои ми се реалните опции, да го исцинкарам другарот (или тој мене). Ако немаат цврсти докази, двајцата сме слободни. Крими правило број 1. - не отварај уста без присуство на адвокат. Запамтете луѓе, секогаш кога сте во станица, чекајте адвокат. Ако треба и трпете ќутек, ама не признавајте ништо.

Многу гледам филмови, уживај, знам дека ја промашив поентата на дилемава. :D
 
Замислете ги Бранко и Грујо во квизов за сума од 100.000.000 денари. :vozbud:
 
абе бранко и грујо некако на крај би се договориле и ќе си ја наредат работата во нивна полза, само ние меѓу себе додека би ги гледале би се испокарале кој за кого
 
Не сум јас за ваков квиз, немам толку нерви.

Видете ја само старава. Со кој презир само ќе ја гледам ако ми помине на улица. Во лице ќе и плукнам, толку ниско да паднеш бе. Полошо и од Момент на вистината ова.

edit: Грев ли е бе да сакам старово да умре побрзо? :mad:
 
Ауф идиотка, па барем на крај да речеше дека и е жал. Ај да разберам да станува збор за стотици илјади долари, ама за нивни просечни три плати бе. Па не се исплаќа да се брукам мајкуму стара. Идиотка, ме нанервира.
 
Види и ја жити се фацата на 3:57-3:58 :mad: Па и се потсмева бе.
Да бев јас, ќе станев ќе ја заколев.
Изгледав многу видеа, страшно се разочарав во луѓето...
 
А водителов па и вика "Украдовте 10.000 долари.", и оваа цела среќна, "Ова е само игра.". Мрш мори таму, игра е икс точка.
 
Замислете ги Бранко и Грујо во квизов за сума од 100.000.000 денари. :vozbud:
Ќе ги земат тие и уште толку ќе украдат? :sneaky:
--- надополнето: 16 март 2013 во 22:31 ---
И јас и тој ќе го искористиме правото на молчење и ќе чекаме адвокат. Откако адвокатот ќе дојде и ќе увиди дека немаат цврсти докази, двајцата сме слободни.

Ова нема никаква врска со доверба, односно точка 1. Зошто ако имаат докази доволни за обвинение но ете сакале да ме натераат да сведочам чисто за да се осигураат дека нема да го изгубат случајот на суд, тогаш можам со адвокат во соба кој ќе ми каже кои ми се реалните опции, да го исцинкарам другарот (или тој мене). Ако немаат цврсти докази, двајцата сме слободни. Крими правило број 1. - не отварај уста без присуство на адвокат. Запамтете луѓе, секогаш кога сте во станица, чекајте адвокат. Ако треба и трпете ќутек, ама не признавајте ништо.

Многу гледам филмови, уживај, знам дека ја промашив поентата на дилемава. :D
Ова може смешно звучи, ама којзнае колку се имаат така заебано.
Така да чекај си адвокат со него ниту ѓаволот не сака да си има работа :vozbud:
 
И нашиот Васил беше затвореник во 1942 година,
Но тоа беше вистина а не некој си квиз са запада.
„- Ненадејно Васил се приближи до масата на судот и посегна во десниот џеб од палтото.Врз масата истресе нешто од шамичето што го извади од џебот.
- Пред судот на масата се најдоа ноктите,како неумоливи сведоштва од сите десет прсти на нозете на Васил.
- Погледнете го ова господине претседателе,да видите како се однесуваше полицијата при иследувањето...“
----------------------------------------------------
Треба да се учиме на овие настани и сведоштва,а не на некој квизови.
 
Од коментарите

LOL so far
Black people: Always chose steal
Young women: 80% of the time chose steal
Young men: 90% of the time chose split
Homosexuals: always chose steal
Older women: 90% of the time chose split
Just a life lesson for ya.
 
И јас и тој ќе го искористиме правото на молчење и ќе чекаме адвокат. Откако адвокатот ќе дојде и ќе увиди дека немаат цврсти докази, двајцата сме слободни.

Ова нема никаква врска со доверба, односно точка 1. Зошто ако имаат докази доволни за обвинение но ете сакале да ме натераат да сведочам чисто за да се осигураат дека нема да го изгубат случајот на суд, тогаш можам со адвокат во соба кој ќе ми каже кои ми се реалните опции, да го исцинкарам другарот (или тој мене). Ако немаат цврсти докази, двајцата сме слободни. Крими правило број 1. - не отварај уста без присуство на адвокат. Запамтете луѓе, секогаш кога сте во станица, чекајте адвокат. Ако треба и трпете ќутек, ама не признавајте ништо.

Многу гледам филмови, уживај, знам дека ја промашив поентата на дилемава. :D

Многу добра тактика, само што не е секогаш така лесно. И со адвокат и без, ти не знаеш што се случува во другата соба и што другар ти го советуваат. И полицајците знаат да изблефираат, да не ги откријат сите кецови во ракавот, да подлажнат ситуација да фрлат јадица за да се фатиш. Ако си го гледал филмот за Џон Готи кога ги сместија во одделни ќелии и на крај им успеа намерата Семи Гравано да пропее, ќе ти текне на што мислам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom