Дилема : ЛЦД или ЦРТ монитор?

  • Креатор на темата Креатор на темата SteF
  • Време на започнување Време на започнување

SteF

I love this Kich
Член од
19 март 2006
Мислења
2.183
Поени од реакции
1
Ја кога го склопував мојот комјутер многу се мислев каков монитор да склопам со машината и ми беше потешко пошто не бев информиран што е што.
Ова што го пишувам го имав правено за проект во школо па викам да го споделам со вас (можеби на вас ке ви помогне да се одлучите кога ке купувате)
Многу се мислат дали ЦРТ или ЛЦД, и стварно е тешко да се одлучиш пошто у сам старт многу е тешко да се споредуваат две различни технологии.

али ке почнеме со физичката големина :
Една од најголемите предности кај ЛЦД мониторите е тоа што се компактибилни и лесни. ЛЦД монитор содржи тенок екран во споредба со тубата кај ЦРТ мониторите. Тоа значи не само дека се далеку полесни и дека можат да се сместат на места каде ЦРТ монитор неможе. на сликата е прикажан 12,1 инчен ЛЦД во споредба со 14 инчен ЦРТ монитор.

89a8d6ca.jpg


како второ Големината на дисплејот.
како што се гледа на сликата 12,1 инчен ЛЦД монитор има малку помала видлива површина во однос на 14 инчен ЦРТ монитор, а замислете ако правиме муабет за 17 или 19 инчен ЛЦД монитор. Видливата поврчина кај 17 инчен ЦРТ монитор е 16 инчи (се намалува) додека кај ЛЦД видливата површна не се намалува (колку купувате толку и гледате.)

f3158377.jpg


како трето бои
ПОвекето ЦРТ монитори се способни да прикажат бесконечен број на бои додека ЛЦД мон. можат да прикажат неколку стотици или илјади на бои (со исклучок на некој профи варијанти или понови ЛЦД монитори)

како.... резолуцијата
ЦРТ мониторите можат да прикажат повеке резолуции со ист т.е. добар квалитет, додека ЛЦД имаат фабричка резолуција која дава најдобар квалитет додуша таа им је најголема резолуција која можат да ја прикажат, а кај некои со зголемување се губи на квалитет.


...... Осветлување
осветлувањето не ги засега ЦРТ мониторите, додека ЛЦД мон. се поназадени и имаат различни нивоа на осветлување. Мерењето на осветлување се означува со нит, и за ЛЦД тоа би било од 70 до 250 нити, Што повеке нити тоа посветло.


......Видлив агол
исто така минус за ЛЦД мониторите е видливиот агол, мислам што да ви зборам кога сликата прича пуно.

b30b575d.jpg


..... Економичност и Радиоактивно зрачење
ЛЦД мон. покрај тоа што се лесни, компактибилни и се многу економични па затоа се употребуваат кај лап топовите, мобилните и палм топовите и така натака + ЦРТ мониторите зрачат радијација пошто електронски топ (во таа пластична кутија) е насочен према васи зрачи со мала радијација, додека ЛЦД не ма такви ствари и не зрачи.

И ЦЕНАТА
што е многу битен фактор,т.е. колку твојот џеб може да си дозволи дома твојата машина да е накитена со некој ЛЦД, ама кога ке видиш пошто се многу економични за едно 50 години ке го исплатиш .

и на крај ке ви речам дека јас си купив 19 инчен ЛЦД - LG, а што мислите или што би избрале вие?
 
abe brat za poubavo se znae so e poubavo ama cenata koci rabota mislam deka tie pari podobro da gi dajs na podobra masin a za monitor da si zemes edno pristojno 19 incno LG super se
 
p177c.jpg


spored mene definitivno lcd se bolje mada se poskapi ali za vistinski filing lcd e zakon !!!!!!
 
Абе Стеф си заборавил брзина да пишеш....на послаби(поефтини) ЛЦД кога играш игри сликата е мутна....ептен
 
Mac)) напиша:
Абе Стеф си заборавил брзина да пишеш....на послаби(поефтини) ЛЦД кога играш игри сликата е мутна....ептен

да да. тоа е поспоро.

течниот кристал или панелот е поделен во мали индивидуални келии кои посебно се контролираат од мал транзистор за да се напојува и такви во еден пиксел има по три (келии и транзистори), за сите основни бои.

да е малце појасно, за да еден пиксел биде бел, треба сите транзистори да биат исклучени, за сите три основни бои да можат да поминат низ течниот кристал, за на крај финален поризвод од основните (RGB) е бала боја. и поентата е : за да транзисторите се вклучат и исклучат треба време (не многу, али повеке од што на електронот му треба за да дојде до екранот -кај ЦРТ) и затоа не се многу ОК со квалитетот кога гледаш некој филм
 
Дефинитивно LCD. Како прво ја спомна радијацијата. Зарем не ти се драги твоите очи и не сакаш едноставно да ги заштитиш од радијацијата која иако е мала сепак делува на очите... бидејќи CRT мониторите работат со помош на катодна цевка, а LCD со течни кристали, LCD мониторите не предизвикуваат толкаво зрачење. Еве малку потехничко објаснување: Твоите очи се "програмирани" да работат на 200 Hz фрекфенција на освежување. CRT мониторите можат максимум да прикажат до 85 или малку повеќе освежување. Ова е и причина зошто некои монитори "трепкаат". Ова предизвикува главоболка и понатамошни деформации со твоите очи што може да доведе до рак и други прерани болести.
Ова не е случај со LCD мониторите. LCD мониторите работат на друг принцип на обојување на мониторот со течните кристали така да немаш никакво "трепкање", фрекфенција или нешто што може да ги уништи твоите очи. LCD мониторите се многу подобри за твоите очи. Што се однесува до радијацијата, која претходно ја спомнав, кај LCD мониторите скоро и како да ја нема, додека кај CRT секој момент се проектираат електрони кои овозможуваат да ја гледаш сликата на LCD мониторот со брзина на светлината. И сите тие електрони се одбиваат меѓу тебе и мониторот секоја секунда!!! Размисли какви последини може да има ова на твоето здравје. Уште еднаш, моја препорака е да одиш на LCD мониторите бидејќи се многу подобри за твоето општо здравје и за здравјето на твоите очи.
Што се однесува до компјутерските игри, со развојот на технологијата се создаваат понови монитори кои ги прават новите компјуерски игри да се играат многу, многу подобро со појасна слика. Така да ако сакаш да играш некои понови игри со навистина брзи движења земи си поскап LCD монитор.
Исто така, LCD мониторите штедат многу повеќе електрична енергија и простор.
Дефинитивно ако имаш можности не ни размислувај за CRT, туку земи си LCD.
 
Друже Одлична тема.

Веќе десетина месеци имам ЛЦД, презадоволен сум, нема повеќе пиење кафетини и аспирини пред легнуење, носење цвиќери...
Да се пофалам, од петокот имам ЛЦД Филипс 19, претходно имав Филипс ама 17.
 
Стварно темава е супер!
Јас имам нешто нејасно ако може да ми се објани. За монитори (во постов ќе зборам само за тенки монитори) имам слушнато дека има LCD и TFT. Е сега што е разликата меѓу овие два. Знам само дека и двата се тенки и дека кога на TFT мониторот ќе го допреш екранот, боите се мешаат и се преливаат како кога ќе стиснеме дигитрон. Друго ништо незнам и би било убаво некој што се разбира да направи спредба помеѓу овие два стандарди.
Друго нејасно имам забележано дека има LCD, TFT, и плазма телевизори. Би било убаво некој да објасни и за ова.
 
Нема дилема уопште... LCD...ако нишо друго ради очите :)
 
Jane напиша:
Стварно темава е супер!
Јас имам нешто нејасно ако може да ми се објани. За монитори (во постов ќе зборам само за тенки монитори) имам слушнато дека има LCD и TFT. Е сега што е разликата меѓу овие два. Знам само дека и двата се тенки и дека кога на TFT мониторот ќе го допреш екранот, боите се мешаат и се преливаат како кога ќе стиснеме дигитрон. Друго ништо незнам и би било убаво некој што се разбира да направи спредба помеѓу овие два стандарди.
Друго нејасно имам забележано дека има LCD, TFT, и плазма телевизори. Би било убаво некој да објасни и за ова.

LCD си е (Liquid Cristal Display) се трансмисивни дисплеи . со тоа се мисли дека не користат сопствен извор на светлина, така да светлината поминува низ панелот (течните кристали ) па доага до окото. и сега светлниата може да помине или да не помине , а тоа зависи од МАЛИТЕ ЕЛЕКТРОДИ. (у смисол ако поминат сите основни бои ти ке имаш бела, ако помине само црвена ти ке гледаш црвена.)

Е сага TFT дисплеите работат на принцип на активна матрица, која се тостои од многу мали транзистори .Во секој пиксел има три келии (со течни кристали) и со нив има и три мали транзистори. Е тие транзистори контролираат дали светлниата ке помине или не. и поради тоа што имаат транзистори им произлегува и името Thin Film Transistor.

сума сумарум: ЛЦД обичните работат со помош на мали електроди, а ЛЦД ТФТ работат со помош на мали транзистори.
 
Еј... не збори глупости ! Tiny Flat TranZistors ? ? ?
да не се Tiny Funny Turttles ?

TFT = Thin Film Transistor
 
Vnuce напиша:
Еј... не збори глупости ! Tiny Flat TranZistors ? ? ?
да не се Tiny Funny Turttles ?

TFT = Thin Film Transistor

добро де англискиот ми е срање, иначе така е.
го корегирав
 
па и после ”корегирањето” не е точно... не се TINY... THIN !!!
Thin Film Transistor
 
тебе брат не ти треба монитор... тебе ти треба лечење
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom