Абе за мене CRT си е CRT, и LCDто се далеку во поглед на квалитет на слика, бои, контраст, и агол на гледање. Ти тука си кажал за хоризонтален агол на гледање, а вертикален? Тој е многу послаб кај LCD мониторите отколку кај CRТ мониторите. Истотака си треба да знаеш за различните стандарди на LCD мониторите и тоа дека секој си има свои предности и мани. Така да би му дошло дека различни LCD Монитори се за различни намени, и ретко кога ќе се најде некој кој ги задоволува сите корисници. На пример ако е за играње FPS или слични игри каде што ти е важна брзината на мењањето на боите тогаш TN ти е подобра варијанта. Мада тоа 12ms и 8ms ти е на мењање на бојата на пикселт од црна во бела, а за различни нијанси на сиво е потребно е многу повеќе време. Така за MVA матрицата колку е помала разликата мегу различните ниијанси на сиво толку поголемо време им е потребно на пикселите да ги сменат боите. Ама затоа MVA ти нуди подобар контрас и поголем агол на гледање. Така ако го користиш мониторот за куцање текст, цртање и слично тоgаш MVA ти е подобар избор. За разлика од тоа на пазарот може да се најде CRT монитор со добар refresh rate, бои, контраст итн. што ќе ги задоволи сите корисници