Дијатловата експедиција

  • Креатор на темата Креатор на темата КвикСилвер
  • Време на започнување Време на започнување

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.856
Локација
Haunted Hayride
Веб-сајт
misterijamk.blogspot.com
Мислам дека оваа тема ќе ве заинтересира и дополнително ќе барате информации на интернет. Сликите верувам дека нема да ве вознемират, но ајде ќе ве предупредам. Поради оваа причина, ќе ги ставам сите во спојлер. :)

Препорачана музика при читање :)

2.2.1959, Урал Планина се случи една од најчудните мистерии некогаш. Таа ноќ, нешто ги уби деветте скијачи. Доказите околу телата уште повеќе беа збунувачки, па дури некои и настанов го поврзаа со паранормалноста. Овој случај беше класифициран како Топ Тајна, а туристите и посетителите беа строго забранети во оваа област.

Скијачите биле студенти од Политехничката институција и нивната цел била да се вклучат во скијачка експедиција на северен Урал. Деветте скијачи биле предводени од Игор Дијатлов:
reconstuction_dyatlov_pass.jpg


Откако експедицијата не се врати на очекуваната дата на 12 февруари, 1952, уплашените фамилии контактираа со локалните служби за помош. Полицијата и армијата, заедно со професорите и други студенти се вклучија во потрагата.

Сликите:
Dyatlov_Pass_incident_01.jpg

4503785022_4215c988b5_z.jpg

Dyatlov_Pass_Incident_Banner_2_8_13-726x248.jpg

images

dyatlov-pass-incident.jpg

Den%2520bottom.png

299653_399664116783941_1512637958_n.jpg

Напуштениот камп на групата бил откриен на 26 февруари и откривачите одма знае дека нешто ужасно се случило

dyatlov2.jpg


Шаторот бил исечен и распарчен, а внатре биле сите работи како чизми на скијачите. Филмови (оние за камера) и дневници биле најдени наоколу.

На снегот можеле да се видат траги од стапала од скијачите, некои биле скроз боси, а некои со чорапи, кои воделе околу 500 метри далечина од шаторот и потоа исчезнале. Било смрзнувачко ладно, па одењето боси на -30 степени сигурно би ги убило.

dyatlov_pass_the_flight1.jpg


Првите две дела најдени биле Јури Кривониченко и Јури Дорошенко. Двајцата биле најдени мртви, боси и по нивната долна облека. Биле најдени одма до бор на работ на шумата. Се претпоставува дека тие направиле мал камперски оган бидејќи биле најдени куп гранки околу нив.

Игор Дијатлов, Зинаида Колмогорова и Рустем Слободин биле следните тела што биле најдени. Биле најдени измеѓу работ на шумата и кампот и се мисли дека тргнале накај кампот. Черепот на Слободина бил напукнат, но хипотермијата била утврдена како главна причина за смртта.

Два месеца биле потребни за да се пронајдат и останатите четири тела. Николај Бригнол бил пронајден со скршен череп. Лудмила Дубинина и Александар Золотарев имале скршени ребра. На Лудмила исто така, и бил исечен и јазикот.

Истражувачите веруваат дека домородните Манси луѓе биле одговорни за овие грозоморни смртни случаи, но набрзо ова било отфрлено. Докторите биле запрепастени дека немало други повреди освен споменатите и од силата која била еднаква на сообраќајка. Исто така, друго нешто што се забележало била облеката. Некои од скијачите немале облека, а додека пак на некои им била разменета. На пример Золотариов ја носел бундата на Дубинина, а едната чизма била замотана на панталоните на Кривонишенко

Уште почудно, одреден степен на радијација било најдено на облеката на жртвите. Пет жртви имале длабока портокалова дупка на нивната кожа.

Ни фамилиите неможеле да си ги објаснат појавите. Никакво објаснување не било дадено, па владата го затворила случајот.

Од кога случајот бил затворен, друг чуден детаљ излегол на виделина. Сведоштвото тврдело дека 50 километри од кампот виделе чудни портокалови кругови на небото тој ден.

Други теории биле објавени за што им се случило на скијачите. Лавината била отфрлена бидејќи шаторот бил над снегот и стапките биле видливи на снегот. Останува прашањето зошто шаторот бил исечен од внатре и зошто жртвите патувале скоро голи и боси.

dyatlov5.png


Други теории се дека областа била тест воена зона, па индивидуите биле случајно убиени. Но, владата негирала било каков воен тренинг или тест.
Други пак, веруваат дека ова можеби е и најцврстиот доказ дека сме биле посетени од НЛО. Исечен јазик, длабоки портокалови дупки и портокалови кругови на небото се аргументи за ова верување.

Како и да е, вистината никогаш нема да излезе за тоа што им се случувало на деветте млади скијачи таа февруарска ноќ. Но, едно е сигурно дека тие никогаш нема да бидат заборавени. Местото каде што скијачите ја поминале нивната последна ноќ, официјално е именувама како преминот на Дијатлов.


Што мислите вие за случајов?
 
Претпоставувам нешто ги исплашило па избегале голи и боси по снегот. Потоа ваљда се скриле овие двајца и пробале да ја преживеат вечерта ама не успеале. За повредите не знам ама сепак мислам дека има човечки фактор во ситуацијата.
 
Имало нешто чим биле најдени боси, и телата биле најдени на различни места. Сепак мислам дека се работи за НЛО :нинџ:.
Малце ОФ топик, нека направат модераторите една заедничка тема за вакви мистерии, вака за секоја мистерија да се отвара нова тема е малце глупичко :icon_mrgr:
 
не сум запознат, но ми изгледа интересно па ќе прогуглам :)
 
чудна работа то со радијацијата, сепак јас мислам дека некој ги искористи за некаков експеримент.
едит: имало и некое филмче, колку е веродостојно незнам го најдоф на гугл http://www.youtube.com/watch?v=FqfQupAZmDY
 
Јас мислам дека можно да е ЈЕТИ иако не верувам дека се злобни .
 
Имало нешто чим биле најдени боси, и телата биле најдени на различни места. Сепак мислам дека се работи за НЛО :нинџ:.
Малце ОФ топик, нека направат модераторите една заедничка тема за вакви мистерии, вака за секоја мистерија да се отвара нова тема е малце глупичко :icon_mrgr:
Има тема за рандом мистерии, ама па низ неа се губат многу работи, било како опција за спојување секогаш има, па ако нема интерес за темава ќе биде споена.
 
Мислев можеби мечка или нешто им ги нападнало шаторите па се разбегале така голи и боси, па дури и напукнати черепи, она со сменетите алишта може грабал кој што можел, и тоа да речеме ќе се објасне со ова, али радијација бе? Можеби налетале на некој радиоактивен материјал во таа област? Портокаловите дамки им се можеби од такво нешто.
 
Јас го имам читано тука. Има повеќе детали и теориите кои ги кажуваат што би ги натерало да бегаат(кои што ме мрзеше да ги прочитам :D). Навистина интересно и мистериозно, вреди да се прочита :)
 
Биле 10 души, а 9 умреле мистериозно. Јури Јудин преживеал. Му се слошило некое време пред настанот и си се вратил дома.
 
Имало нешто чим биле најдени боси, и телата биле најдени на различни места. Сепак мислам дека се работи за НЛО :нинџ:.
Малце ОФ топик, нека направат модераторите една заедничка тема за вакви мистерии, вака за секоја мистерија да се отвара нова тема е малце глупичко :icon_mrgr:

Има веќе тема за рандом мистерии, но неверувам дека некој би ја отворил, а и дискусијата би била значително мала. Таму можат да одат тие "помали" мистерии, т.е мистерии за кои нема многу материјал по интернетов. Конкретно за Дијатлов, мислам дека заслужува посебна тема. А, можеби и подоцна ќе ја споиме со Рандом Мистерии. :)

Линкот што го остави UncleSam е предобар. Го имате доле целиот распоред како се одвивале настаните и што им се случувало.

Еве слика од официјалната истрага:
dyatlov_pass_bodies.jpg



Несомнено е тоа што биле исплашени од нешто. Некој спомна погоре Јети. Многу се мали шансите за ова, бидејќи Јетито само по себе е сосема нова мистерија и не се знае дали воопшто постои. Исто така, некој ја спомна и мечката. Не верувам дека е и мечка, затоа што не сите умреле на иста локација. А и нивото на радијација е многу збунувачко.
 
Jezivo, nema sho!
Ama spored mene, najverojatno Ruskata armija ima vrseno probi na nekoe nuklearno ili hemisko oruzje!
Zatoa i vlastite se imaat tolku mnogu trudeno da go zataskaat sluacjot, za da ne ispadne deka pocnaa luge da koristat kako eksperimentalni gluvci!

Inaku ne veruvam deka se namerno ubieni, mislam deka se kolateralna steta na tie eksperimenti! A spored sostojbata na telata, recisi sigurno se raboti za nuklearno oruzje, a na toa ukazuvaat i tragite od radijacia najdeni na nivnite tela!

Spored mene ovaa verzija e najverojatna!
 
Не сум сигурен дека во официјалните советски документи се спомнува радијација. Состојбата на телата природно може да биде и од влијанија на елементите: сонце, мраз, микроорганизми, инсекти, лешинари, итн итн

Но дека целата работа смрди потврдува фактот дека тогашната советска и денешната руска влада, сеуште не вадат ништо за ова од тајните архиви. Паниката која извесно ги убила, можеби произлегла од тестирање на тогаш сеуште тајните нови МИГ модели, кои предизвикуваат бука кога го пробиваат звучниот ѕид. Звучело како лавина...
Сепак фрактурите на черепите и ребрата не можат да се објаснат така, во таа околина нема од каде да паднат за да се повредат така.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom