Дигитални учебници во образованието

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за дигитализација на учебниците во образованието?

  • Да

    Гласови: 14 27,5%
  • Не

    Гласови: 37 72,5%

  • Вкупно гласачи
    51
Не е вистина, и кај други политичари коментираат. Од Оливер, Заев, Груевски, па и Филипче. Имало негативни коментари, но не до овој степен.

Убеден сум дека е еден од најнепопулатните министри во Владата. Прво, не е дете на Сдсм и второ си турка пропаганда која секогаш наидува на нож. Карактерот и е посебна приказна.
Да не и грешам душа, незнам каква е... Едно нешо со 100% сигурност знам. Многу е ниска.
 
Ако има референдум нема да гласам поради:
1. Не сум доволно стручен да решавам
2. Не ме засега
3. Сакам да неуспее а да има гласови повеќе против диг.учебници и со тоа ќе се испрати порака дека треба да се укине или намали излезеност на референдум.
4. Ќе се стави владата во незгодна позицина...еден референдум не слушаат друг да (името)
5. Ако веќе бирам би бил за дигитални ако ептен морам.
 
Зошто ти треба стручност за да знаеш дали да заокружиш За или Против? Треба да имаш став и да ја следиш состојбата.

Владата ќе се стави во незгодна позиција ако референдумот успее и, секако, ако победи опцијата Против (ако прашањето биде поставено: Дали сте за дигитални учебници?"). Не треба да се намалува цензусот за излезност. Не гледам причина. :)
 
Зошто ти треба стручност за да знаеш дали да заокружиш За или Против? Треба да имаш став и да ја следиш состојбата.

Владата ќе се стави во незгодна ако референдумот успее и, секако, ако победи опцијата Против (ако прашањето биде поставено: Дали сте за дигитални учебници?"). Не треба да се намалува цензусот за излезност. Не гледам причина. :)
Ако ме тераш да бирам сум за да пропадне...види точка 5. Сакам дигитални учебници. Но не треба да бидам прашан зошто не сум стручен. Мое право е да бојкотирам или да немам став...
 
Последно уредено:
Денес на вести имаше дека се укинуваа печатените учебници освен за прво, второ и трето одделение.



Живеме во ера на дигитализација. Денешно време за многу работи се користат дигиталните уреди како што се компјутерите, лаптопи, таблети и интернетот. Конкретно за ова сум и за да ама сум и за не. Сум за да затоа што помалку ќе им тежат ташните на децата, нема да има уништување на книгите како што е случајот со печатеното издание бидејќи едно издание кружи низ повеќе генерации . Но од друга страна не сум за да се случи ова затоа што ќе има други поголеми трошоци за таблети или лаптопи кој ќе мора да ги носат децата на училиште секој ден освен ако тоа не биде на трошок на државата како што беше неуспешниот проект со компјутерите во училишата. Друго можеби за тие книги ќе им текне и интернет користење со тоа и лош ефект за децата па на училишен одмор сите деца наместо физички да се дружат ќе седат на интернет цело време.
Дигитални учебници треба да постојат, но не смее тие да ги заменат стандардните печатени учебници. Никогаш. И колку да се развие системот
 
Дигитални учебници треба да постојат, но не смее тие да ги заменат стандардните печатени учебници. Никогаш. И колку да се развие системот
Знам постојат дигитална форма учебниците и тоа е супер. И дигитални и печатени учебници си има предност и мана.

Кај нас најчесто во училиштата дозволуваат да се има и фотокопирана книга. Барем така беше додека јас одев средно. 99 процент книгите ми беа фотокопирани. И тоа си има предност и мана.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom