Тотално се сложувам со АлтернативФ, незнаете кој шок е тоа на организмот, многу дебело не чини, ви го зголемува естрогенот, потикнува ароматизација на тестостеронот кај маживе и слично.
Ама ништо полошо нема од нагло слабеење како 10 kg на месец, тоа е тотален хормонален дисбаланс, но настануваат и минеролошки пореметување, пореметувања во ензимите шо веќе станува заебана работа. Иначе хормониве се најтешки за оправање после и нивното доведување во ред бара време и има последици.
Еве ја држам диета бе, се здебелив последниве 3 месеци и генетски све у стомак иде и троа у груди.

Знам од шо ми е, тостовите, компирчињата, тестенините ама шо да правам у брзање бев, нејсе, доста се правдам.
За да држиш диета треба да знаеш прво дали си здрав, човек со хронични заболувања треба да пази како држи диета, барем така викаат моиве.
Сам си ја правам, не ми требаат специјални совети од интернет шефови, пошто знам троа појќе биохемија, знам дека моево дебелење се должи на шеќерите, од пируват во масни киселини па до липиди.
Избацив: тестенини, бел леб, благо, компири, брза храна.
Јадам: интегрален леб по 2 парчиња на оброк, протеини: риба, пилешко, соја, грашок, грав, печурки. Млечни производи: се конзумирам. Овошје и зеленчук, нормално како и пред тоа. Внесов варена пченка и пченица.
Пијам по пола литар планински чај за да исчистам троа токсините и то.
Нема јадење после 8

.
За 2 недели 2,5 kg ослабнав, добро е темпово или да успорам?