Диети и слабеење

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Ако имаш 30 + зошто да не :D
И 50+ да имаш, промена од 20 килограми во рок од еден месец е голем шок за телото. Никогаш не ги сфаќам овие интернет диети кои налагаат брза промена на состојбата на организмот. Особено ако тоа е двоцифрен број.
Нормално губење килограми (значи по нормален пат) би требало да е околу 3-4 килограми месечно, а не 15-20. Не сум стефбакарето нутриционист, ама од вакви диети само мозокот слабее.
 
Мајка ми е нутриционист.
Ај вака ке ти објаснам: Ако си висок 1.80 цм а тежок 120 килограми значи 40 килограми си плус.Која сакаш диета употреби дури и Ун диетата што е една од најлесните и повисоко калорчни диети,пак ке намалиш од 10-20 кг.
Ако си 1.80 цм а тежок 90-95 килограми,да ја држиш оваа диета тогаш ке ослабиш 5 килограми за 1 месец.
Ако си 1.80 цм а тежок 85 килограми,тогаш на 1 месец по 2 килограми ке губиш од оваа диета.
ако си 1.80 а си 80 килограми,ке престанеш да губиш телото ке се навикне на таа диета.
Се надевам дека ке сватиш што се обидувамда ти објаснам
 
Аха. Значи сите диети магично делуваат на ослабувањето од 20 килограми месечно. Ок фала на објаснувањето. Колку фино изгледа вака напишано, но во праксата што мислиш, како делува тоа ослабување од 20 килограми? Ете мајка ти е нутриционист - знае кои последици би ги имал еден организам што ослабува 20 килограми по "природен" пат во рок од 30 дена?
Да не се лажеме, дај ми еден пример дека некој ослабел 20 кг по природен пат во толку краток рок? Нема.
 
нема да се препирам,едуцирај се првин па после ке дебатираме.Изгледа невозможно но можно е.Секој со голема маса слабее многу брзо а се што е помала масата помалку се слабее.Се надевам дека ке се разберем.Ако таа ти звучи невозможно ,како ти звучи диетата на Жан Митрев 15 дена - 15 кила?
 
Мајка ми е нутриционист.
Ај вака ке ти објаснам: Ако си висок 1.80 цм а тежок 120 килограми значи 40 килограми си плус.Која сакаш диета употреби дури и Ун диетата што е една од најлесните и повисоко калорчни диети,пак ке намалиш од 10-20 кг.
Ако си 1.80 цм а тежок 90-95 килограми,да ја држиш оваа диета тогаш ке ослабиш 5 килограми за 1 месец.
Ако си 1.80 цм а тежок 85 килограми,тогаш на 1 месец по 2 килограми ке губиш од оваа диета.
ако си 1.80 а си 80 килограми,ке престанеш да губиш телото ке се навикне на таа диета.
Се надевам дека ке сватиш што се обидувамда ти објаснам
Види вака, за 56 дена скинав 34кг, али само јас знам низ каква мака поминав тогаш и шо не зедов. Не се лажете со овие диети, оти нема врска ќе попуштиш психички. Според мене најдобро е броење калории (минус во однос на потребните) и физичка активност, било некој спорт, теретани, боречки вештини и тн и тн.
А то дека се ослабува 20кг мајка ти би требало да знае дека тие килограми не се сало, и втора работа со олку голема промена не е само проблем шокот кој го претрпува организмот, си размислувал за стриите кои се јавуваат?
Пробај се па ќе кажеш по еден месец резултати, али ако немаш физичка активност можи да сонуваш и со ваква диета дека ќе ги мавниш 20кг.
просто како грав 3500кг приближно пола кило сало, па сметај понатаму колку калории трошиш, колку ќе внесуваш, друга работа лимон наутро или јаболкова киселина незнам дали си пробал али ти кажувам од искуство дека по месец дена партал ќе ти биде желудникот.
секој 31 ден на вода, си пробал да живееш на вода цел ден?
Кои се последиците на мозокот без употреба на шеќери?
Ко ќе сумираш се на се ова не верувам дека ќе пробаш да ја тераш диетава, а ако толку си загреан за диета бујрум во порака ќе ти испратам јас една уште поригорозна од оваа која ја терав и после 8от ден да ме прашаше пола сат ми требаше да ми текни како се викам.
Ти кажав совет, ако ти треба симнување килограми од искуство само физичка активност, пресметај си калориски внес и терај -500-1000 калории зависи од тоа колку брзо ти треба, голема количина на вода и шибај.
 
Не нема ја да ја терам диетава,само ја најдов во книгите и ми изгледаше привлечна.Јас сум си таман,ете види и по сликата 186 цм тежина 82 кг.Јаболкова киселина секое утро конзумирам како и 1 месечно обавезно ден на вода ми е и 2-3 дена цел ден овошје за да се прочистам.И убаво ми е :D
 
нема да се препирам,едуцирај се првин па после ке дебатираме.Изгледа невозможно но можно е.Секој со голема маса слабее многу брзо а се што е помала масата помалку се слабее.Се надевам дека ке се разберем.Ако таа ти звучи невозможно ,како ти звучи диетата на Жан Митрев 15 дена - 15 кила?
И шо после кинење на тие килограми, ќе се истуши на човек нема да личи. Не се топи само салото да го сватиш тоа, се топат и мускулите, а мускул не се крева лесно
--- надополнето: 9 февруари 2013 во 20:22 ---
Не нема ја да ја терам диетава,само ја најдов во книгите и ми изгледаше привлечна.Јас сум си таман,ете види и по сликата 186 цм тежина 82 кг.Јаболкова киселина секое утро конзумирам како и 1 месечно обавезно ден на вода ми е и 2-3 дена цел ден овошје за да се прочистам.И убаво ми е :D
Ок ако си таман ти само да не се залетува некој што ќе прочита, оти тие диетите се глупости невидени во кои сеуште веруваат луѓето. :)
 
нема да се препирам,едуцирај се првин па после ке дебатираме.Изгледа невозможно но можно е.Секој со голема маса слабее многу брзо а се што е помала масата помалку се слабее.Се надевам дека ке се разберем.Ако таа ти звучи невозможно ,како ти звучи диетата на Жан Митрев 15 дена - 15 кила?
"Изгледа невозможно но можно е." - фала ќе го имам ова на памет кога ќе пробувам да ја смувам Кејт Аптон.

Јас убаво те прашав, ти ми велиш дека треба да се едуцирам повеќе?
Види, ти пробуваш да се едуцираш. Јас не се едуцирам, јас сум го осетил тоа на своја кожа. Ослабев 16 кила за еден месец. Кажи ми кои се твоите аргументи? Кои примери ги имаш? Посочи ми некој кој изгубил 15-20 кила за еден месец со помош на диета. Те прашав и ми го сврти одговорот во твоја полза. Ги немаш, тоа е тоа. Лесно е да се пишува за работи кои само ги знаеш од читање.
 
И шо после кинење на тие килограми, ќе се истуши на човек нема да личи. Не се топи само салото да го сватиш тоа, се топат и мускулите, а мускул не се крева лесно
Ова оди вака : 60 сало,20 вода и 20 ( посто) мускули.На почетокот на диетата е обратно само 60 посто вода.После почнува салото.Секој кој сака да е на диета,мора да ризикува.А ако се конзумира доволно протеини се намалува количината на изгубени мускули.
 
Се прашувам што станува со хормонскиот дисбаланс, целиот метаболизам, механизмите кои се активираат при вакви ригорозни диети...испитал некој лично? Има по нетов испитувања кои велат дека жлездите ја намалуваат својата активност, метаболизмот се успорува, се активираат механизмите за одбрана од гладување, се зголемува апетитот. Што се случува со панкреасот кога има малку шеќери или кога има многу протеини?
Можеби е подобро само мало менување на количината храна и зголемување на зеленчукот во комбинација со качување барем 2 пати месечно на некоја планина, да кажеме и Водно, хоби спорт или за дистанци од 2, 3 км да користи превозно средство пешки. Со вакви диети не знам која е гаранција дека нема да се наруши физиологијата на организмот.
нема да се препирам,едуцирај се првин па после ке дебатираме.Изгледа невозможно но можно е.Секој со голема маса слабее многу брзо а се што е помала масата помалку се слабее.Се надевам дека ке се разберем.Ако таа ти звучи невозможно ,како ти звучи диетата на Жан Митрев 15 дена - 15 кила?
тоа е специјална диета колку што знам за доста ризични срцеви пациенти и за пред операција.
 
нема да се препирам,едуцирај се првин па после ке дебатираме.Изгледа невозможно но можно е.Секој со голема маса слабее многу брзо а се што е помала масата помалку се слабее.Се надевам дека ке се разберем.Ако таа ти звучи невозможно ,како ти звучи диетата на Жан Митрев 15 дена - 15 кила?
Се надевам нема да ме сфатиш погрешно, но ако е мајка ти нутриционист не значи дека ти си стручњак за истата област, ниту дека мајка ти знае сѐ на овој свет.
Слабеење повеќе од 8-10 килограми месечно е огромен шок за организмот и е штетно, се губи и мускул и може да се предизвика и хормонален дисбаланс.
Инаку, таа ун-диета што ја спомна е прилично голема глупост. Најздраво и најпрепорачливо слабеење е со диета која содржи се и со физичка активност и најстабилно е кога е околу 6 килограми месечно бидејќи е трајно. Избалансираната диета која се држи подолго време му овозможува на организмот да се навикне на новиот начин на исхрана и да не "кризира".
Препорачливо е да се внесуваат три главни оброка и две ужини помеѓу нив, што би значело да се јаде отприлика на секои три саата. Во појадокот може да има и леб, но до 50 грама, може да се искомбинира со малку путер, варено јајце, 20тина грама посно сувомеснато (да не е сланина или чварки) и чаша млеко или јогурт. Ужините е најдобро да се составени од околу 150-200 грама овошје. Ручекот да биде порција зеленчук од околу 200 грама и 125-150 грама месо или риба. Вечерата слична на појадокот. Со таа диета се конзумираат околу 1400-1600 калории, во зависност од изборот на храна, што е оптимален внес на калории за бавно, но стабилно симнување тежина и со оваа диета комбинирана со редовно вежбање нема шанси за неуспех.
Lurtz овие ригорозни диети кај девојчињата ги уништуваат хормоните, често изостанува менструацијата, кај сите предизвикуваат косопаст, акни, заостаток во раст и ред други несакани последици.
 
Како само се лажете дека слабеете.
Вие губите тежина не топите масти.
За да стопиш 1 кг маст=7000-8000 калориски дефицит.
Кога идеш на нискокалорична диета а тоа е краток период 1 месец макс телото е во шок затоа што не е научено на толку низок внес на калории.
Прво висока протеинска диета е добра за топење масти,затоа што наместо да користи јаглехидрати(не есенцијални материи) користи амино киселини и масти како енергија.
Процесот се вика глукогенеза.
Телото може перфектно да работи на масти и на протеини,дури и студии што се правени на кетогенични диети велат дека високомаслените диети се подобри за здравје од високо-јаглехидратните диети.
Тоа не важи за активните луѓе кој ги користат јаглехидратите за перфоманси.
Во одредени случаеви може да се земе високо-протеинска диета,но во краток рок.
Диетата на Д-р.Орлов

Диетата се држи 1 месец.За тој 1 месец се очекува да се ослабне 15-20 килограми.Диетата е само за лица кои имаат прекумерена телесна тежина, т.е чиј БМИ е повисок од 32.
Филозофијата на диетата е следната:
1.За доручек секогаш да се конзумира 1 исцеден лимон во пола литар вода или една лажица јаболков оцет во 250 мл вода.Подобро е лимон да се конзумира,поздраво е и би се избегнале тегоби во желудникот.Значи веднаш после станување,лимон исцеден да се испие.(напомена: Потребата за дефекација поисебно наутро секако дека ќе биде зголемена)

2.После 2 саати откатко се испие лимонот,дозволена е конзумација само на јаболки.Значи,ако лимонот е испиен во 8 часот наутро,јаболките да почнат да се конзумираат во 10.Количината на јаболки не е ограничена,но сепак вреди да се знае дека едно јаболко сепак содржи околу 100 калории,така да не претерувајте најдобро е 5-6 јаболка.Јаболката да се јадат до пред 2 часа пред да се конзумира ручекот.(Значи ако ручекот е во 16 часот,јаболката да с еконзумираат од 10 до 14 часот).Ова е полезно бидејќи јаболката содржат влакна што го забрзуваат метаболизмот и го чистат организмот.

3.За вечера,како што одам по планот во 16 часот се препорачува секој втори ден протеини.Значи,дозволено е 1 парче црн леб(оргинал интегрален) и салата во неограничени количини.Храната да не се меша.Да не се јаде протеини и јаглехдирати во исти ден.Најдобро е првиот ден да се јадат јаглехдирати(ориз,компир варен или печен,мусли и др здрави намирници) а вториот ден да се јадат протеини.Од важна перпектива сакам да напомнам дека подобро е протеинот да биде од растително потекло.Доколку е од животинско потекло најдобро е тој да биде од зајачко или риба, а може телешко а и пилешко.Доколку сте вегетарианец,на место месо најдобро е да конзумирате лен,коноп,белка од јајце,соја и др намирници.

4.Доколку осетите глад навечер(што не би требало да се случи посебно не по протеинскиот ручек оти протеините се разложуваат најбавно),полезно е да изедете 1 јаболко но нека тоа биде 3 часа пред спиење.

Конзумацијата на кафе е неограничена но без шекер.Моја препорака е конзумација на какао,поради сите флавиноиди кои што ги содржи тој прав што ги солбоодува течностите во организмот.Исто така пијте и зелен чај или црн чај по 1-2 шољи на ден.

5.Секој 10 ден нека ви биде овошен ден.Значи само овошје,какво било,а 31 ден нека ви биде цел ден на вода.

6.Откако ке го завршите овој режим,битно е полека да се впуштате кон другата исхрана.Најдобро ке биде ако за доручек си ви остане навика да пиете лимон и да јадете овошје и за вечера само салата.
Каква глупа диета.
Протеините да не се мешат со јаглехидратите,воу каква дискусија е ова.
Ако ставиш доволно количество протеини и јаглехидрати нивото на инсулин се забавува+масти на него=побавно лачење на инсулинот и повеќе енергија за цел ден.
Тоа што секој треба да знае е кога држи некоја ригорозна диета е да одреди дневен минимален внес на протеини и масти.
Потоа се одредува јаглехидрати.
Ако сакаш брзо да ослабнеш некаде 8 кг за 2 недели,треба да го правиш стратешки и многу добро да знаеш што правиш.
Генерално диетава е ниско-калорична и ќе ве исцеди и ментално и психички,па ќе се откажете.
Како што пиша погоре член броење калории = успех долготраен.
нема да се препирам,едуцирај се првин па после ке дебатираме.Изгледа невозможно но можно е.Секој со голема маса слабее многу брзо а се што е помала масата помалку се слабее.Се надевам дека ке се разберем.Ако таа ти звучи невозможно ,како ти звучи диетата на Жан Митрев 15 дена - 15 кила?
Твоето е губење тежина што значи ако нема доволно протеини вола мускулите се трошат како енергија.
Доста со вакви диети идете да вежбате или бидете активни и почнете да го правите вистинскиот начин,полека да видите што функционира за вас.
Кардио=топење масти
Тренинг во теретена/кросфит=одржување мускулатура.
На крајот тие килограми ќе ги вратите дупло и ќе плачете за времето истрошено.
 
Тотално се сложувам со АлтернативФ, незнаете кој шок е тоа на организмот, многу дебело не чини, ви го зголемува естрогенот, потикнува ароматизација на тестостеронот кај маживе и слично.
Ама ништо полошо нема од нагло слабеење како 10 kg на месец, тоа е тотален хормонален дисбаланс, но настануваат и минеролошки пореметување, пореметувања во ензимите шо веќе станува заебана работа. Иначе хормониве се најтешки за оправање после и нивното доведување во ред бара време и има последици.

Еве ја држам диета бе, се здебелив последниве 3 месеци и генетски све у стомак иде и троа у груди. :pos: Знам од шо ми е, тостовите, компирчињата, тестенините ама шо да правам у брзање бев, нејсе, доста се правдам.

За да држиш диета треба да знаеш прво дали си здрав, човек со хронични заболувања треба да пази како држи диета, барем така викаат моиве.

Сам си ја правам, не ми требаат специјални совети од интернет шефови, пошто знам троа појќе биохемија, знам дека моево дебелење се должи на шеќерите, од пируват во масни киселини па до липиди.

Избацив: тестенини, бел леб, благо, компири, брза храна.

Јадам: интегрален леб по 2 парчиња на оброк, протеини: риба, пилешко, соја, грашок, грав, печурки. Млечни производи: се конзумирам. Овошје и зеленчук, нормално како и пред тоа. Внесов варена пченка и пченица.
Пијам по пола литар планински чај за да исчистам троа токсините и то.
Нема јадење после 8 :place:.

За 2 недели 2,5 kg ослабнав, добро е темпово или да успорам?
 
Само напред на прав пат си :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom