Диети и слабеење

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Не е ако додадеш праска, банана, бадеми, семки ;).
Така не сум пробал:)Мислев исклучиво на овес или некакви мусли со вода.Еднаш пробав и ќе го оставев џигерот во чинија:DБаш ќе пробам вака како што велиш ти.
 
Така не сум пробал:)Мислев исклучиво на овес или некакви мусли со вода.Еднаш пробав и ќе го оставев џигерот во чинија:DБаш ќе пробам вака како што велиш ти.

Така ни јас не би јал, нема шанси :D. Ќе земеш 10 до 15 мелени свежи бадеми, семки од сончоглед или тиква (свежи) помешај со неколку лажици овес во вода и додади една до две праски и банана. На тоа можеш по желба и малку какао и супер вкус ќе добиеш.

Калорична бомба е така да или намали количина (место две една праска или само банана) или ќе треба да си физички активен ;) .
 
Ме интересира она што сум го слушнал неколку пати.. "Не мешај јаглехидрати и протеини", што всушност значи, да не се мешаат во еден оброк, во цел ден или?
 
Ме интересира она што сум го слушнал неколку пати.. "Не мешај јаглехидрати и протеини", што всушност значи, да не се мешаат во еден оброк, во цел ден или?
Не треба да се мешаат во цел ден.Ако денес внесуваш јаглехидрати внесувај цел ден само тоа.Значи ако денес јадиш благо подобро е цел ден да јадиш благо.Или ако утре јадиш макарони цел ден јади макарони.Јас лично тоа го применувам и ми успева да си ја задржам тежината и да не се поправам.
 
Од кај тој факт дека не треба да се мешаат јаглехидрати со протеини.Цела година сум јадел така и немало никакви негативни ефекти.Протеините се есенцијални,јаглехидратите не се.Единствено нешто што ќе добиеш од премногу јаглехидрати е здебелување,додека ако јадеш само протеини и масти нема никогаш да се здебелееш.Теоријата е дека протеините го зголемува нивото на инсулин и некој го зголемуваат како млекот затоа што состои лактоза кој е дисахарид од галактоза и глукоза и го зголемува ем инсулинот ем IGF-1 кој се анаболични хормони.
Ме интересира она што сум го слушнал неколку пати.. "Не мешај јаглехидрати и протеини", што всушност значи, да не се мешаат во еден оброк, во цел ден или?
Од такви диети како еден ден јади вака еден ден јади онака никогаш нема да стопиш сало.За да стопиш сало потребно е да внесуваш што е помалку калории -20% од BMR без разлика дали тоа се протеини и масти.За активен човек и рекреативец потребни се 1.5 грам протеин на секој кг.За подигање на мускулна маса од 2 грама протеин нагоре.Комбинирањето на јаглехидрат и протеин го намалува и гликемичниот индекс затоа што за протеините се потребни повеќе енергија да се разградат попознато како термички ефект на храната.Протеините имаат 15-20% TEF и некој предлагаат да протеините имаат калориска вредност од 3кцал заради тоа.Друго нешто што треба да пазиш е да го зголемиш протеинскиот внес и зеленчукот се со цел да стопиш сало.Скробните јаглехидрати даваат енергија ама исто така и никогаш не те здебелуваат за разлика од една голема салата со месо или урда која те држи многу долго.
 
Значи нема негативни ефекти нормално.Зборам за ако сакаш да изгубиш неколку кила.Јас имав вишок 5-6 кила и от коа не мешав јаглехидрати и протеини за месец ипол симнав 6 кила без диети,без изгладување по природен пат.Секако голема улога игра и вежбањето.Значи малце да се припазува на исхраната и поголема физичка активност.Тоа е тоа.
 
Исто и јас почнав така да јадам. Намалив на количина на оброци, и на пример ако јадам месо јадам со салата, или компири со салата. Не јадам заедно месо со компири, или ориз.
 
Не мешање протеин со јаглехидрати само за жени.
Мужите многу мускул ќе изгубат, а ич сало.
 
Вака сега. Да ви споделам една моја "диета" со која летово успеав да ослабам 23 кила.
Бев 123 кг. Започнав да јадам само 1 до 2 пати на денот и тоа само салата и овошје. Секој ден освен некогаш ептен ако ми се здосадеше салатата па да сменам нешто. Единствено ако западнев во криза за благо/солено јадев од овие баровите на Виталија и печена соја. Истотака тренирав тенис 3 пати неделно, и одвреме навреме трчав по 30-40 минути. За 3 месеци успеав од 123 да дојдам до сегашните 99кг и не планирам да застанам тука. Барем уште 10 кг сакам да симнам. И да, ако претходно сте неможеле да се до-најадете, пробајте да јадете секој ден повеќе пати во денот по малце, и самиот желудник ќе ви се смали и ќе ви се навикни и кога ќе јадете да не јадете како што сте јаделе порано. Ќе се заситите и со половина од храната која што сте ја јаделе порано на еден оброк.
 
Конечно има резултати од режимот на кој се обврзав пред 2 недели, ослабев 4 кг, не сменав многу во исхраната и до сега се хранев здраво. Работите кои не ги јадам се леб, шеќер (во никоја форма - замена ми е медот), газирани сокови, благо... и многу ама навистина многу интензивни кардио тренинзи (за ова најдобро си знаат колковите, пишав во друга тема за повреди за тоа). 1/3 од целта е поставена, мал одмор оваа недела и се надевам дека ке можам да продолжам со истото темпо на тренинзи и конечно да стигнам до идеалните 73 кг, иначе бев 85 кг:(. Во мојот случај клучна улога имаше желбата и позитивната мисла дека се можи да се постигни ако се сака.
 
Ја пробал некој медицинската диета во последно време?И какви резултати имала на вас...
d9c22f85c7da7ac02b5a896bb534386a.jpg
 
Ја пробал некој медицинската диета во последно време?И какви резултати имала на вас...

Од искуство, диетата е претешка за кој било организам, а кај мене го имаше јо-јо ефектот, ослабев 4-5 кг ама за 6 месеци ги вратив двојно изгубените килограми 10-12. Не би ја препорачал, поарно броење калории (малку досадно е ова), вежби... само вакво гладување и исцрпување на организмот НЕ :).
 
Медицинската диета ја преопрачуваат за пред операција или слично, или за висок притисок. Така да си има јо-јо ефект.
Секоја дието која за кратко време ветува многу изгубени килограми нема врска. После дупло се покачуваат.
Диета е начин на исхрана која одзема време, тоа е еден долг период во кој треба да се сменат многу навики и да се отстранат лошите начини на исхрана и лошите намирници.
 
--- надополнето: 4 септември 2012 во 20:40 ---
Започнав да јадам само 1 до 2 пати на денот и тоа само салата и овошје.

Која количина на салати и овошје малку или? И за колку време ослабе 23 кг? Јас исто еве месец како исто јадам скоро па само салати и овошје и сакам да симнам 5 килца па не иде...А повеке јадам овошје па можеби ради тоа...
 
--- надополнето: 4 септември 2012 во 20:40 ---

Која количина на салати и овошје малку или? И за колку време ослабе 23 кг? Јас исто еве месец како исто јадам скоро па само салати и овошје и сакам да симнам 5 килца па не иде...А повеке јадам овошје па можеби ради тоа...
Па зависи. Можи со една до две праски на ден пример. Салата шопска претежно јадев/јадам со 1 крастајца и 1 домат. И спортував. За 3 месеци 15-20 кг ослабев.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom