Диего Армандо Марадона (1960-2020)

  • Креатор на темата Креатор на темата SK-92
  • Време на започнување Време на започнување
Фудбалска величина, али и со премногу проблеми во приватниот живот, дрога, мафија, кревко здравје... еден од најдобрите во оваа игра, енглезите уште имаат трауми од него. Нека почива во мир :(
 
Лесна му земја, легенда. Во Аргентина ден на жалост еден месец ќе има сега, како Бог го гледаа таму.
 
Марадона беше најголемиот фудбалер на сите времиња!
Бог да го прости.
 
"La mano de Dios" како што го викаат во Аргентина, или во превод "раката на Господ" или "Божјата рака" алудирајки на голот со рака шо го даде на СП.

Еден од најголемите апсурди поврзани со неговата кариера беше шо го споредуваа со некој си Пеле таму шо давал голови на ниви во Бразил во време кога светот сеуште се опоравувал од втората светска војна. Освен Меси и Роналдо никој не ги достигнал овие статуси на легенда како Марадона.

Почивај во мир.
 
Тоа Светско 86-та бев детиште и како и се во животот што ќе го доживееш во детството ,тоа ми остави најголем впечаток.Тој е единствениот фудбалер на светот од кого толку зависела една репрезентација и тоа од калиброт на Аргентина и кој го издржа целиот тој притисок,и не само тоа туку со целиот тој товар, го доближи единствено тој, фудбалот до уметноста,ако на уметноста се гледа како тежнеење кон совршеното вечното божественото.
Секоја споредба на сите денешни фудбалери со Марадона е просто толку далечна да е беспредметна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom