Diabetes Mellitus

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
citam ova i me zamisli malce, jas vo posledno vreme se osekjam umoren non stop ko utepan sum i sea gledam ovde deka moze da e od problemi so insulin ona ova. dali so obicna krva slika moze ova da se proveri ili pa kako?
Малаксаност зачестено мокрење сува уста (жед) и поспаност
симптомите на дијабетот
најдобро е една крвна слика со проверка на гликемијата
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
Има некој на инсулинска пумпа?
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
citam ova i me zamisli malce, jas vo posledno vreme se osekjam umoren non stop ko utepan sum i sea gledam ovde deka moze da e od problemi so insulin ona ova. dali so obicna krva slika moze ova da se proveri ili pa kako?

Со обична крвна слика немора ништо да ти откријат, значи треба да ти се испита хормонален статус, т.е инсулинот. Значи ако веќе се сомневаш дека нешто не е во ред, а не се должи само на уморност туку има и други симптоми најдобро е се тоа да кажеш на доктор за да ти се испита се подетално.
Психичката состојба зависи кај многу хормони, затоа без многу оптоварување.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
ke udram ja prvo na vitamincinja b kompleks takvi raboti pa ke vidime kako ke stojat rabotite ako ne ke si se proveram. mada nikoj vo familija nemal takvi problemi so sekerot do sea
 
S

smart ass

Гостин
Ама немај мака..

П.С
го прочита ли членот кој вели имам дијабетис а јадам бајадери ко ненормален:pos2:

Прва опција,не се грижите за здравјето, и
Втора опција-лажно болен.

Мислам дека е втората нидејќи овде велите поинаку.

.


http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=3186654&postcount=5



Тоа не е етично:toe:
Овде:vozbud:
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Каква храна треба да јадат дијабетичарите?

Луѓето со дијабетис треба да ја одржуваат телесната тежина здрава и да консумираат храна:

  • сиромашна со масти (посебно заситени масти);
  • со малку шеќер;
  • со малку сол;
  • богата со овошје и зеленчук (најмалку 5 порции дневно);
  • богата со сложени јаглехидрати (скробна храна - житарки, пожелно од цели зрна);
Генерално, нема храна која луѓето со дијабетис не треба да ја јадат. И нема потреба целосно да се исфрли шеќерот од исхраната. Но, како и секој, дијабетичарите треба да јадат мали порции храна богата со шеќер и масти. Колачи и бисквити треба да јадат оскудно, како дел од балансираната исхрана.
Ако сте склони кон хипогликемија (ниско ниво на шеќер во крвта), понекогаш ќе имате потреба од брзо зголемување на нивото на шеќер во крвта. Во такви случаи треба да земете некој благ напиток или гликозни таблети, и веднаш потоа некој скробен оброк, на пример, сендвич.
Ама немај мака..

П.С
го прочита ли членот кој вели имам дијабетис а јадам бајадери ко ненормален:pos2:



Овде:vozbud:
Еве ти и тебе да си прочиташ :smir: Патем, нема напишано дека јаде бајадери ко ненормален, туку дека му се омилени :smir:
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
Значи муабетиве дека диабетичарите не смеат да јадат благи работи или барем да ги одбегнуваат е малце праисториско мислење -.- Ме фураат...

Да објаснам вака...

Додека работи панкреасот излачува доволно инсулин колку што е внесена одредена количина на јаглехидрати. Кај дијабетичарите овој инсулин се внесува надворешно, значи не е одбегната можноста да се додаде доволно единици на парче торта или 100 грама чоколадо. Колку единици инсулин се внесува претходно се пресметува во зависност од изедената грамажа на јаглехидрати.

ПС.

Диабетесот НЕ Е болест! Туку е само една специфична состојба во организмот која редовно може да се регулира и да се нема никакви проблеми.

Еве еден текст што го имам напишано и ги имам опфатено карактеристиките на диабетот.

Дефиниција

Тип 1 диабетес , исто така познат како инсулино-зависен дијабетес е хронична состојба во човековото тело каде што панкреасот дава многу малку или воопшто не дава инсулин, хормон потребен за да влезе во клетките да произведува енергија.
Различни фактори може да придонесат до појава и развивање на тип 1 диабетесот, вклучувајќи генетски и изложеност на различни вируси. Најчесто тип 1 диабетесот се јавува кај адолесцентите, но се разбира не мора да значи дека може да се појави покасно или подоцна во текот на животот.
Покрај активните истражувања тип 1 диабетесот нема лек сега за сега, но се разбира голема е шансата да се одржи во нормала. Со правилен третман лицата со тип 1 диабет се очекува да живеат поздрав и подолг живот од порано.


Симптоми

·[FONT=&quot] [/FONT]Зголемена жед и постојано уринирање.
·[FONT=&quot] [/FONT]Екстремна глад
·[FONT=&quot] [/FONT]Губење на тежината
·[FONT=&quot] [/FONT]Умор
·[FONT=&quot] [/FONT]Заматен вид
·[FONT=&quot] [/FONT]Сува уста
Консултирајте се со доктор ако често ви се случуваат некои од овие симптоми.


Причини на добивање на диабетесот

Точната причина се уште не е точна. Научниците веруваат дека самиот имунолошки систем е виновен за појавата на тип 1 диабетесот. –Кога самиот имунолошки систем се бори против некои бактерии или вируси тој по некоја грешка ги уништува и клетките во панкреасот кои се специјализирани за производство на инсулин. Генетиката исто така може да има улога во овој процес, и изложивање на одредени вируси може да дојде до поттикнување на диабетесот.

Ризик фактори

·[FONT=&quot] [/FONT]Фалмилијата, историјата на фамилијата (Ако било кој од вашата фамилија го имал пред вас диабетесот, можно е да дојде до негово повторување во поновите генерации, иако шансите за ова се релативни)
·[FONT=&quot] [/FONT]Генетиката
·[FONT=&quot] [/FONT]Локацијата (Бројот на опфатени од диабетесот се зголемува се повеќе ако се движиме подалеку од екваторот)
·[FONT=&quot] [/FONT]Недостаток на витамин Д (Најновите истражувања покажуваат дека витаминот Д има голема улога во превенција на појавување на диабетесот)


Тестирање
Нивото на шеќерот во крвта може да се проверува на неколку начини:
·[FONT=&quot] [/FONT]Проверка на хемоглобин Hba1c (мерење на просекот на нивото на шеќерот на секои 3 месеци)
·[FONT=&quot] [/FONT]Проверка со посебно конструирани апаратчиња за мерење на моменталното ниво на шеќерот во крвта /нормално е да се движи 5.5 – 6.6 mmol/l



Третмани и лекови

·[FONT=&quot] [/FONT]Вбризгување на инсулин преку инсулинско пенкало (инекција)
·[FONT=&quot] [/FONT]Инсулинска пумпа
·[FONT=&quot] [/FONT]Редовна физичка активност
·[FONT=&quot] [/FONT]Редовно мерење на нивото на шечерот во крвта
Само вака може да се добијат оптималните вредности на нивото на шеќерот во крвта воедно и да се заштитиме од подоцнежни компликации како што се:
-Болести на бубрегот
-Болести на срцето
-Проблеми со видот

Хипергликемија (зголемено количество на шеќер во крвта)

Хипергликемија е состојба кога нивото на шеќерот во крвта е зголемен екстремно. Значи нормално нивото на шеќерот треба да се движи околу 5,5 – 6,6 mmol/l. Се во границата на ова е нормално. Се разбира ако се крене 7 или 8 тоа не е нешто премногу опасно за разлика од тоа ако се крене околу 20 или 30, тогаш се јавуваат доленаведените симптоми.

Оваа појава се манифестира со следните симптоми:
·[FONT=&quot] [/FONT]Зголемено уринирање
·[FONT=&quot] [/FONT]Зголемена жед
·[FONT=&quot] [/FONT]Заматен вид
·[FONT=&quot] [/FONT]Глад
·[FONT=&quot] [/FONT]Лошење
·[FONT=&quot] [/FONT]Нецелосна концентрација


Хипогликемија (намалено количество на шеќер во крвта)

За разлика од хипергликемијата , хипогликемијата е драстично намалување на нивото на шеќерот во крвта. Ако нормалата се движи околу границите на 5,5 – 6,6 mmol/l и се случува нивото да падне на пример 2.3 mmol/l тогаш се работи за хипогликемија и мора веднаш да се ургира односно да се земе нешто благо во кое има шеќер со цел да се доведе во нормала.

Симптоми на хипогликемија:
·[FONT=&quot] [/FONT]Зголемено потење
·[FONT=&quot] [/FONT]Глад
·[FONT=&quot] [/FONT]Слабост
·[FONT=&quot] [/FONT]Вртоглавица
·[FONT=&quot] [/FONT]Главоболки
·[FONT=&quot] [/FONT]Заматен вид
·[FONT=&quot] [/FONT]Надразливост
·[FONT=&quot] [/FONT]Нервоза
Диабетесот и лицата со диабетесот и нивната улога во општеството

Пред се мора да се напомене дека диабетесот не е БОЛЕСТ туку состојба на организмот. Лицата со диабетес можат да ги прават истите работи што и останатите луѓе се способни, може да возат авион, да нуркаат, да бидат познати доктори, атлети, спортисти и сл. Диабетесот не е никаква пречка во тоа што сакаш да го исполниш во животот. Ако имаш диабетес не си инфериорен кон општеството туку си на исто рамниште со останатите. Предрасудите ги има, не викам не ама барем не се толку големи како кај останати лица од општеството. Пред се сите сме луѓе, кој со предности кој со недостатоци ама важно е тоа што го живееме овој живот заедно.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Прва опција,не се грижите за здравјето, и
Втора опција-лажно болен.

Мислам дека е втората нидејќи овде велите поинаку.

.


http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=3186654&postcount=5



Тоа не е етично:toe:
А ти си општ лекар или нешто имаш специјализирано? Или поентава е само да испаднеш смешен/паметен... Мене ми личи на второто пошто ко што гледам не знаеш баш што збориш.
 
S

smart ass

Гостин
Или поентава е само да испаднеш смешен/паметен... Мене ми личи на второто пошто ко што гледам не знаеш баш што збориш.
На тарот??

Тарот ќе ти ја каже поентата.

Ова ако не се лажам е офтопик.
 

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
добро луге
кога ке јадеш леб во него има јагле хидрати
кога јадеш бајадери пак јаглехидрати
овошје јаглехидрати
тоа е горивото на организмот
е сеа
30 грама чоколада има јагле хидрати во вредност на една лебна единица
исто во вредност колку 200 мл млеко
или пак колку еден портокал
2 лажици ориз

тоа ти е се иста јаглехидратска вредност така да
ние дијабетичарите сме нормални луге можеме да јадеме се но во одредени количини
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
На тарот??

Тарот ќе ти ја каже поентата.

Ова ако не се лажам е офтопик.
Нека ме избришат ако е, барем јас не сум безобразна.
:vozbud::pos2:<--Вакви анимации во ваква тема, каде луѓето си кажуваат од што се болни и делат/бараат совети, не се ставаат. Мислев дека не мора да има правила за да се знае. Али во ред, секој со својата основна не/култура.

Епа ај да не бидам офтопик, доколку не си видел бајадера, таа има неколку грама. И да ај ќе повторам пак иако ти напишаа повеќе пати, конзумирање на мали колочини шеќер од време на време не е проблем.

И алал да ти е ме потсети на ,,Добриот, храбар војник Швејн" мислам се викаше филмот, каде австро-унгарскиот воен доктор ги лечеше сите симуланти со своите клизми. Добар филм:smir:
 
S

smart ass

Гостин
Добро добро...а за дијабетес баба ми имаше Р.И.П на 96 години,а и дедо има...така да сум запознаен и со лекарствата и со храната.

А за мојата култура или не не си компатибилна да коментираш,имено,отиди во дежурна ординација..побарај ете во здравје теми кои сум отворил,како сум ги отворил..и дали се некултурни

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=44661

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=35669
 

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
ГРАВ -Против шеќерна болест, Главоболки, воспаление на бубрезите и мочен меур, загноени чиреви, ушни заболувања, крварење од нос, слабост на мочните канали...

Гравот (Phaseolus vulgaris), едногодишно растение, од фамилијата на меунарки, спаѓа во редот на растенија со висока биолошка вредност. Како најпознат и најраспространет претставник од семејството меунарки, гравот е многу застапен во исхраната, во нашата земја.Гравот има извонредно голема калорична вредност (100 гр грав има 143 кал.), како и сите други неопходни биолошки материи: белковини (26%), јаглени хидрати (52%), масти (2,1%), потоа сите значајни аминокиселини, лецитин, калиум, калциум,

Грав против чешање
Килограм бел грав и една дланка рузмаринов лист, варете во 3 л вода. Кога гравот ќе биде готов. процедете го и мачкајте ги мес-тата кои ве чешаат.

Против шеќерна болест
Исецкајте 200 гр грав и варете на тивко 45 мин. Пуштете го да отстои преку ноќ, процедете и пијте на секој половина час по една
чаша.
Направете мешавина од 100 гр меунки од грав и 60 гр листови од боровници. Две лажици од оваа мешавина варете во 3 дцл вода додека не изврие една третина. Пијте два пати дневно пред јадење, по една чашка.


Против главоболка при настинка
Грав се вари со лук. Кога ќе се развари, змечете го и помешајте го со малку маслиново масло и сок од лимон. Co оваа каша се мачкаат слепоочниците.

Грав кај ушни заболувања
Во вода варете 1/2 кг грав. Кога ќе се свари на лонецот ставете поклопец. Гравот се трга на страна и увото се става на отворот на капакот и се пари додека има пареа. цело време главата и лонецот се покриени со голем пешкир, така што потењето ќе биде зголемено.
фосфор, железо. Но, гравот не е снабден со витамини, па зато треба да се користи со намирници
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Каква храна треба да јадат дијабетичарите?

Луѓето со дијабетис треба да ја одржуваат телесната тежина здрава и да консумираат храна:

  • сиромашна со масти (посебно заситени масти);
  • со малку шеќер;
  • со малку сол;
  • богата со овошје и зеленчук (најмалку 5 порции дневно);
  • богата со сложени јаглехидрати (скробна храна - житарки, пожелно од цели зрна)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom