Џош Гробан (Josh Groban)

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Морав да отворам тема за дечково, затоа што сметам дека има неверојатен глас и заслужува да има своја тема. Иако не е глобално којзнае колку популарен, има неверојатни гласовни можности и ме интересираше дали и друг на форумот освен мене е запознает со дечково и неговиот лик и дело. :)
Џош Гробан е роден во Лос Анџелес, Калифорнија на 27. 02. 1981. Освен што пее, пишува и текстови, а се има појавено и во неколку серии (како на пример Али Мекбил).
До сега има издадено 5 албуми:
  1. Josh Groban (2001)
  2. Closer (2003)
  3. Awake (2006)
  4. Noel (2007)
  5. Illuminations (2010)
Еве неколку негови издадени песни, како и настапи во живо...
Дури и има песна за февруари! :D
И уште еден интересен настап, ги пее твитовите на Каney West. :)
Што мислите за дечково?
Го имате ли слушано?
Некоја посебна песна да ви има оставено впечаток?
 
Прв пат слушам, интересни песнички..ама гласот муе вонсериски добар за тоа нема збор.
 
Хаха интересно што го спомна, за 2 недели му идам на концерт, едвај чекам :) :) :) Ќе пуштам ексклузивни снимки од концертот коа ќе се вратам :)
Меѓу клиповиве од негови песни исто би ја додал Dont give up (you are loved)
 
Хаха интересно што го спомна, за 2 недели му идам на концерт, едвај чекам :) :) :) Ќе пуштам ексклузивни снимки од концертот коа ќе се вратам :)
Меѓу клиповиве од негови песни исто би ја додал Dont give up (you are loved)

Aaaaaaaaaaaaa, какви лиги ми направи сега! :D Ако не е тајна, каде ќе му одиш на концерт? Кое место? И обавезно сподели со нас, кутрите смртници по некое клипче! :)

Don't give up му е прекрасна песна, има и доста песни и на италијански и шпански, но не ги ставив сите одма, оставив простор и за другите да споделат некоја песна што им се допаѓа. :)
 
Во Манчестер! :) Ќе направам слики обавезно и после ќе ги пуштам тука :)
Прв пат идам у Англија ќе полудам од возбуда! :)
 
Не е лошо типчево. Бев запознат уште кога Троја беше во етерот на македонските кина. Дали тогаш како помлад бев повеќе по таквите зашеќерени песни (тогаш ги слушав Бочели Рамацоти, Селин Дион, ептен ми имаше влезено на уво. Како и да е времето малку ме има нагазено така да денес не ми е многу нешто нешто, арно ама за квалитет на глас - неоспорно одличен.
 
Му го обожавам гласот, феноменален глас има дечково значи немам зборови!
Има нов албум, еве му ја и новата песна и видео кое баш денеска е пуштено во етер и поставено на ЈуТуб.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom