ДФБ куп(1/4 финале) : Баерн Минхен - Борусија Дортмунд, среда, 20:30 часот

  • Креатор на темата Креатор на темата Mario Gómez
  • Време на започнување Време на започнување

Победник?

  • Баерн

    Гласови: 44 45,8%
  • Дортмунд

    Гласови: 52 54,2%

  • Вкупно гласачи
    96
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Dortmund gazi ovde 2-0,zivi bili pa videli...igrata na Dortmund absolutno ne im odgovara na Baern bez razlike na nivnata forma.
 
Го нема Игор да се јави. Смислува нешто човекот :D

Како и секогаш (и покрај тоа што е тешко да се докаже во денешно време), ќе навивам за Милионерите но, мислам дека, како што и гласав, Баерн продолжува.

Едноставно, сезонава се перфектни, во секоја смисла на зборот. (y)
 
Според мене Борусија ќе тепа минимално. Ројс повторно ќе даде некој одличен гол. (y)
 
Ова дека спомна Боби хипстери ова она во воведот затоа е волку изедначена анкетава иначе ќе беше ко за БЛ наптреварот Дортмунд со убедлива предност.

Ќе биде заебано без Рибери да се надеваме Робен ќе изигра јако ко со Вердер. Едино прашање во поставата на Баерн е дали ќе игра Ван Бајтен или ќе се врати Боатенг кој нема изигрнао мн утакмици

Ноер
Лам,ДВБ/Боатенг,Данте,Алаба
Мартинез,Швајни
Милер,Крос,Робен
Манџукич

Вајденфелер
Писчек,Суботич,Хумелс,Шмелцер
Кел/Бендер,Гундоган
Куба,Геце,Ројс
Лева
 
Најреална титула за Дортмунд годинава е купот....И во ЛШ можат да одат далеку но Купот е далеку по реална опција.....Ако не победат,речиси им е сигурна титулата....

Такада ова ќе биде финале пред финалето....Можно е да оди до пенали....Ќе биде пекол од утакмица у тоа сум сигурен.....Дортмунд ќе притиснат до крајни граници!

За нив е позитивно што ќе игра Левандовски,за Баерн па е проблем што нема да игра Рибери но се надевам нема многу да влијае тоа.

Како се коефициентите???
 
На кратко само, викендов не бев дома и веќе касно е:

Гласав за Баерн оти годинава се во страшна форма. Не дека Дортмунд нема да пружи отпор но сега е шансата за голема одмазда, дури мислам може да испадне и резултат 3:0 за Баерн. Мал комплекс имаат Баварците со Дортмунд, ако го оставиме суперкупот кој повеќе беше сфатен го пријателска, Баерн го нема победено Дортмунд мислам 6 пати по ред, од нив 5 порази. Очекувам екстра добра утакмица, вистински хит пошто не само што дуелот е многу престижен туку и купот е многу сериозна работа во Германија. Дортмунд ќе се надева да обезбеди барем една титула годинава, лигата одамна пројде а и најголемите оптимисти не веруваат во победа во ЛШ, тоа се сонови. Значи останува купот. Јуп годинава ко да напрддна и знае каде се слабите точки на Дортмунд. Баерн е далеку од непоразлив но објективно се во голема предност. Шансите се 70/30 за Баерн ако не и полоши за Дортмунд.
--- надополнето: 25 февруари 2013 во 01:30 ---
Го нема Игор да се јави. Смислува нешто човекот :D

Како и секогаш (и покрај тоа што е тешко да се докаже во денешно време), ќе навивам за Милионерите но, мислам дека, како што и гласав, Баерн продолжува.

Едноставно, сезонава се перфектни, во секоја смисла на зборот. (y)

Не бев тука викендот ама и брзо ми дојде овој натпревар, пеколен Февруари :icon_mrgr:
 
Од неутрален аспект сакам спектакуларен натпревар со доста голови. Според мене предноста е на страната на Баерн, и поради формата и поради домашниот терен, негде 70-30 се шансите од моја гледна точка. Гласав за Дортмунд бидејќи потајно во мене сакам да победат и да го освојат купот, во БЛ веќе се знае дека Баерн е шампион а во ЛШ влагаат како аутсајдери иако ништо не се знае во тоа натпреварување. Сепак, најреално е да се надеваат на купот сезонава. Не ги отпишувајте прерано Дортмунд, оваа сезона покажаа дека играат маестрално на битните утакмици(сите натпревари од групите во ЛШ, дербито со Баерн на Алијанц Арената, против Фармацефтите на гости, против Мајнц на гости, против Франкфурт дома пред две кола... Сите овие натпревари се битни самите по себе за екипата на Дортмунд и на сите победија, добро освен на тие од ЛШ каде два пати играа нерешено и против Баерн. Оваа сезона Милионерите се насочија кон ЛШ и правење на што подобар резултат таму, во БЛ веќе не се таа машинерија како што беа претходните две години, кикснаа неочекувано во неколку наврати.
Толку од мене, повеќе од фудбалерите на двете екипи во среда. Поздрав. :)
 
295559_621164464566915_1212680981_n.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom