Дежурна ординација! ( отворена е нова тема, оваа стои само за читање )

  • Креатор на темата Креатор на темата bibika
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Имам(в) една бемка на левата раката, пред неколку време почна да ме чеша. И ја чешав од страната ама толку почна да чеша што почнав и неа да ја чешам. После некое време се стврдна, па почна да се лупи, се излупи едно 5-6 пати, па се прошири, се разрани и сеа е како една тврда рана.
Не сум отишол на доктор, па сеа барам совет од некои што знаат за ова?
 
Кога би знаел кои бактерии ги има на тастатурата и подноктите...на лекар ASAP.
 
Трк на лекар...се сеќавам една мамласка, работеше во сендвичара Лучијано, испоразболе куп луѓе со шагила дека не си миеала раце после срање, и нашле фекалии под нокти, а тастатурата, иако не еќенеф, сепак секодневно е изложена на секакви бактерии и други лајна, а колку и да ги миеме рацете, ако не се измијат и ноктите не се исечат, потоа со четкичка редовно истријат, може го големи зарази да се дојде.
 
Ногава ме боли кај стапалото и прстите ми се укочени,неможам да се движам.Ниту ја имам шинато,нито некој ме згазил,појма немам што и е.И почнува да ми отекува над прстите и станува жешко местото.
Претерав со движење пред некој ден и од тогаш ме боли,но секој ден се повеќе и повеќе,денес речиси неможам да одам.И ставам ладни облоги не ми помага.
Дајте некој лек,да не се маткам по болнци упм.
 
Не ставај ладни облоги ако немаш оток.

Добро е малце лимон витамин Ц ил Е-подобруваат циркулација и масажа троа на стаапалото...циркулацијата на крвта да се среди могуѓе е и тоа.
 
Имам оток,затоа и ставам мраз.Ама мислам дека полошо ми станува.
Неможам да го масирам ме боли,а ми се згрчуваат и прстите.
 
Епа имаш опција со леб и вино може ќе сплавне отокот,ако не ќе треба за жал да се замараш со трчање уствари 90% залудно губење време:toe:

Има и една крема Алвен од таа многумина се задоволни пробај и со неа не е над 100 денари(плати сега онлајн...оти може не чека инфлација утре:wink:)
 
Имам оток,затоа и ставам мраз.Ама мислам дека полошо ми станува.
Неможам да го масирам ме боли,а ми се згрчуваат и прстите.

Искрено, до што ти е отокот?? За подобар совет? Нагмечено, удрено, штипнато, со крв, без, со гребеници итн. Имаш претпоставки? Освен од многу пеш одење?
Чевли имаше, патики, тесни, удобни итн??


Инаку, велат ако ставиш на отокот листови зелка, ги замоташ со газа натопена со ракија, потоа со ќеса, најлонска, за да не дише, спласнувал отокот.

Баба ми така лечеше отоци.

Љандруш, а бе, види и случајно да не си се гребнала, ситна, мала гребеница, ако случајно лајненце, прашинка, рѓа влегла, за да инфицира, може да отече и ако не се третира со антибиотик, да качиш и телесна емпература, треска да те стресе итн.
Особено ако местото ти е топло/врие/има тепература покачена итн.
 
Искрено, до што ти е отокот?? За подобар совет? нагмечено, удрено, штипнато, со крв, без, со гребеници итн.

Инаку, велат ако ставиш на отокот листови зелка, ги замоташ со газа натопена со ракија, потоа со ќеса, најлонска, за да не дише, спласнувал отокот.

Баба ми така лечеше отоци.

Не се сеќавам некој да ме згазил или да сум ја превиткала ногата.Можеби од долго одење,само тоа ми иде на памет.Нема ни крв,ни гребаници.
Сега ќе пробам со ова зелкава,може ќе ми помогне на баба ти лекот :smir:
 
Провери, ако не помогне, трк на лекар...исто така на пушачи знае да им е послаба циркулацијата, пробај и со витамини комбинација, Ц или Е!
 
Леандра, види точка црвена да не имаш :) на ќерка ми редовно и отекуваат раце нозе ако ја амне нешто, ама онака саглам и отекуваат. Дури еднаш од градинка ме викнаа, мислеа дека и е шината раката.. Ако е од убод од инсект, камагел му е мајката. Ептен е ефикасен. :back:
 
Ммм, ако е само отечена ќе предложев млака вода и малку сол, промена на чевли, во канцеларија ако си во можност извади го чевелот (неудобен чевел) и поткрени ја ногата (под маса белки никој не гледа), затоа што оток може да се јави ради замор-спомна си ја заморила со движење.
Ама штом спомна дека местото е топло, топлината обично означува процес, инфекција, а доколку не си се повредила не знам од каде би била таа инфекција. Можно да е притисок на нерв од кој може да боли и да отече. Дали не се имаш повредено или дали не те каснал некој инсект и без да знаеш?

Ова ми се претпоставки што ми се вртеа низ глава. Ако не ти помогне блага масажа со ракија или хоризонтално опуштање не е лошо (пола час работа) да те види матичниот.
 
Нема ништо ни точки,ни црвенило :)Имам слаба циркулација и често ми се ладни нозете,утре ќе земам ц+е,како пушач слабо се дружам со витамините да не ми го загорчат животот:))
Важно нема да ми ја сечат ногата,нели?:))
 
За слаба циркулација добро е млака до топла вода со сол во неа и слабо масирање ама се нешто со топлината ми мати вода, не сум сигурен. Одвреме навреме на пример прст на рака знае да отече од нигде, у ствари од мала прашинка која влегла во микроотвор меѓу ноктот и месото. Можна е и таква инфекција (ама опции изнакажавме :) ) М, да, забравих, на циркулација влијаат и банални работи како чорапите на пример, облеката (покрај физичката активност и она што внесуваш).
И да, витамини во поголеми количини, посебно Це пошто цигарата буквално го ништи тој витамин. И Б-комплекс и А+Д за се и сешто...
И да, ногата нема да ти ја сечат ама стопалото...мани друго, клоци како ќе ни маваш, ќе мора да научиш ластици :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom