Дежурна ординација! ( отворена е нова тема, оваа стои само за читање )

  • Креатор на темата Креатор на темата bibika
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Иам едно прашање у врска со бременост и менструација. Нели кога жената забременува треба следната менструација да и касне... е сеа... прашање на кое никогаш не сум си одговорила. Дали треба покасно да дојде, или уопште нема да дојде? :)
Ако си во прво тромесечје,тогаш можеш да имаш слабо крварење(розеникаво или ептен малку)кое се разликува од менструацијата.
Може да биде нормално,може да биде знак дека плодот не е во ред,или може сето ова да го нема,т.е остануваш бремена и адиос менструација.

Вакви проблеми би можело да има во прво тромесечјеа потоа до крај на бременоста нема менстуација.
 
Кои се симптомите на растење умници? И дали умирам?:pipi:

Зависи мене кога ми растеа умниците немав болки, викаат дека многу боли мене за среќа не ме болеа не ни ги сетив дека пораснале
 
Кои се симптомите на растење умници? И дали умирам?:pipi:

Зависи кај секој различно е. Кај мене долу кога ми растеа (пред скоро една година) неподносливо ми сметаше тоа место на јазикот а и општо кикири, лешници не ни помислував да јадам... Се прави како една мала топка која на крај ќе се изгуби т.е ќе пукни (неосетно) и ќе си никни забчето :smir:
 
Кои се симптомите на растење умници? И дали умирам?:pipi:

Посматрај некое бебе што му растат заби :) Чешање на непцето таму кај што расте умникот, некогаш знае да се јави оток, болка. Најдобро е да се оди на стоматолог зашто често знаат умниците да растат неправилно и со тоа да ги притискаат другите заби. Со панорамска снимка одма може да се провери дали правилно растат и дали треба да продолжат со својата егзистенција или да се укинат :)
Иначе, во последно време во еволутивниот тек на човекот се забележува исчезнување на умниците. На понапредните луѓе не им растат умници. Кај сте вие на скалата? :)
 
Последниве 2-3 дена на некои делови од лицето кожата ми стана сува, поцрвене и почна да ме чеша. Најверојатно в среда ќе одам на доктор, утре е празник па не работат. Што до тогаш и од што може да биде ова?
 
Може да е алергиска реакција ако користиш некоја нова крема/сапун/омекнувач/детергент. Ако те фаќа повеќе ветер деновиве може да е исушена кожата од ветерот. Во секој случај оди на доктор да те види. До тогаш може да ставаш некоја неутрална крема за осетлива кожа (која најмногу ти одговара, нивеа, росал, која и да ја користиш), не многу густа, не многу масна.
 
Oва почна да ми се случува пред 2-3 часа. Во положба на мирување, срцето одненадеж ќе почне да ми лупа многу силно, па ќе се смири. Ама многу силно лупање, дури и језиво ми е веќе. Сега пулсот ми е нормален, но не е кога ќе фати така да чука срцето.
Дали може да се каже дека е ова резултат на замор?
 
Ова е случај кај бремени жени...ако си бремена, не се секирај нормално е :) :) :)

Уживај друшке Џену , немаш гајле...
ОД замор е...или од кафе , ако си пиела скоро!

Ај утре ако има нешто пак , пиши да поставиме дијагноза ,или оди до на лекар...сепак мислам дека нема да имш гајле до утре...само легни си сеа ...пиј една чаша вода пред спиење и кулирај си !
 
Кои се симптомите на растење умници? И дали умирам?:pipi:

Tи помина? :)
Мене првиот умник ми израсна пред месец дена.
Немав болка голема да чуствувам кај забот, али устата ме болеше многу, не можев да ја отварам и да се смејам нема шанси :) и најлошо од се крајникот од таа страна ме болеше 3-4 дена ужасно, не можев да голтам. Ни кога сум била болна толку не ме болел. И јас си викав дека ќе умрам :pos:
Ама ми помина за недела дена некаде. Очекувам во блиска иднина истото да ми се повтори уште 3 пати. Бљак гадно чуство.
А си пиев некои апчиња за болка 1-2 на ден, пред се ради крајникот, зашто кај забот кажав не ме болеше многу. Освен си го чуствував долго време целото место разрането.
Сеа си расне 8мичето :pipi:
И ми дојде памет нормално :icon_lol:
 
Oва почна да ми се случува пред 2-3 часа. Во положба на мирување, срцето одненадеж ќе почне да ми лупа многу силно, па ќе се смири. Ама многу силно лупање, дури и језиво ми е веќе. Сега пулсот ми е нормален, но не е кога ќе фати така да чука срцето.
Дали може да се каже дека е ова резултат на замор?

Колку време ти трае лупањето пред да се смири? Дали се на пример, 3-4 излупувања па после продолжува нормално? Или само осеќаш силно, а рамномерно лупање повеќе минути?
 
3-4 нe, aма едно десетина лупања се и потоа ги снемува. Сега почна ова, вечерва, затоа ми стана ептен чудно.

Tи помина? :)
Мене првиот умник ми израсна пред месец дена.
Немав болка голема да чуствувам кај забот, али устата ме болеше многу, не можев да ја отварам и да се смејам нема шанси :) и најлошо од се крајникот од таа страна ме болеше 3-4 дена ужасно, не можев да голтам. Ни кога сум била болна толку не ме болел. И јас си викав дека ќе умрам :pos:
Ама ми помина за недела дена некаде. Очекувам во блиска иднина истото да ми се повтори уште 3 пати. Бљак гадно чуство.
А си пиев некои апчиња за болка 1-2 на ден, пред се ради крајникот, зашто кај забот кажав не ме болеше многу. Освен си го чуствував долго време целото место разрането.
Сеа си расне 8мичето :pipi:
И ми дојде памет нормално :icon_lol:

Извади ја што побрзо ако имаш потесна вилица, ќе ти ги искриви забите или па ако ептен нема место разни процеси ќе ти формира, па од мрава крава ќе испадне :)
 
Леле како заболекарите мои звучиш :icon_lol:
Исто и они ајде штом ти пораснат дојди ќе вадиме.
90% од луѓето живеат со осмици па се живи и здрави. Мразам интервенции и несакам да ги вадам :) Имам вадено четворки, ниедна немам така да има место за 8мица. Освен ако немам проблеми не одам да ми ги вадат и точка :)
Знам другарка вадеше па тоа исто ко операција конци болење 2-3 недели, катастрофа.
Не фала, сакам да си живееме среќно со осмиците :) Освен ако не ми откажат љубов :)
 
Ааа епа штом си извадила 4ки, терај тогаш. Ретко кој денес има место за сите 8 заби во виличиштето :icon_lol: Те советувам зошто кај мене се случи ова погоре, па имаше стружење, испирање, копање, крварење :icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom