Може глупо прашање за вас упатените ама мене ептен ме фрустрира, а не најдов на гугл точен одговор. Уште одамна, како дете, имам прочитано за случај на жена која голтнала некоја таблета мислам Аспирин, меѓутоа тој не отишол низ хранопроводот туку и се заглавил во гркланот. После неколкудневно топење во гркланот и паѓање кон белите дробови и направил хаос низ нив и имала 300 операции од не знам што. Ме интересира дали ова е физички навистина возможно? Т.е. возможно е, на секого ни се случило да се подзадавиме, да искашламе, ама ептен толку да не осети дека има нешто во грклан не е малку чудно? Секогаш кога ќе се напијам некое апче ми текнува на приказнава и никако да седнам да откријам дали е вистина.