Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки, ве молам за совет и мислење. Веќе неколку месеци осеќам болка во горниот дел на градниот кош поизразено од десната страна. Болката е остра и понекогаш се засилува при движење односно знае да ме пресече остра болка при нагло движење. Ми почна или барем ја приметив додека имав бронхит ама не знам дали е поврзано со тоа. На пулмолог бев, ренген на плуќа ми беше супер, бев на кардиолог и дијагноза ми беше хроничен перикардитис ама тоа ја објаснува болката од левата страна што е различна од оваа. Крвна слика ми е како на бебе, немам никакви остапки. Денеска баш се преморив одејќи и се забораив ташната ја носев цело време на една страна што ми предизвика болка во грбот а воедно и болката во градниот кош стана посилна. Долго време патам од болки во грбот и вратот (имам спондилоза на вратот) па не знам да не е случајно поврзано со тоа? Или некој истегнат мускул. Немам идеја што може да биде и си правам лоши филмови како рак на бели дробови.
Дај посоветувајте ме што да испитам?
Здраво , и јас сум хипохондрик. Добредојде во клубот. <3
Набројуваш болести и симптоми ко да имаш 70 години, а немаш сигурно.
Ако веќе до толку ти е прпа би ти препорачал невролог/невропсихијатар, да ти потврди дека имаш осетливи нерви и мора да си ги пазиш, бидејќи во спротивно си склона на психосоматско заболување од вид на анксиозност, депресија, паничен напад, фобија, конверзивни нарушувања итн. Хипохондрик си веќе, очигледно е :D
Така да посвети се на себе, природата, пчелите и бумбарите, пробај да медитираш и олабави се негде со некого.
Ако грешам нека изгорам, ама верувам дека сум во право и ќе ми дужиш едно чоколадо, дека обично шеќерот ми паѓа.
Позз,тојето.
 
Сите болести се потврдени од доктор како што ми е потврдена и анксиозноста:icon_lol:. Не е тоа муабетот, болките што ги имам се реални и не се плод на мојата имагинација ниту пак на напади на паника. Значи стварно ги имам веќе два месеци и сакам да знам од што ми се. Не прифаќам одговор на нервна база затоа што со анкзиозноста сме стари пријатели и се познавам доволно за да знам што е реално а што не;)
 
Што земаш против болките?
 
Ако на крвна слика немаш жариште ондак е некоја реакција на нервите, ништо повеќе. :)
 
Не се толку големи за да земам лекарства константно, ама од време на време пијам аспирин по препорака на кардиологот.

Болката е причинета од плеврално триење после одминат воспалителен процес (најверојатно вирусен).

Земај аналгин од време на време при болка и ќе изчезне.
 
ПОчнува да ми се појавува херпес на устава,чаре некое?
 
Нешто за смирување на алергија до понеделник додека да појдам кај матичен?

Досега сум немал никаква алергија, а еве сега веќе трет ден носот ми е затнат и ме чеша, гласот ми е малце зарипнат, очите ме чешаат и кивам. Симптомите ми се засилуваат кога сум надвор од дома, со тоа што и ми солзат очите неконтролирано многу.

Можно е од нигде никаде, на 20 години да ми се појави алергија?
 
Mozno e. Zemi loratadin.
 
Има side effects ако консумирам алкохол додека ги земам апчињава?

Се напив вечерва апче, а за ручек пиев пиво, исто и утре планирам да пивнам вечерта.

Side effect e deka nema da deluva lekot isto ko da ne si piel, ili ako e edno pivo ke go namali dejstvoto na lekot.
 
Нешто за смирување на алергија до понеделник додека да појдам кај матичен?

Досега сум немал никаква алергија, а еве сега веќе трет ден носот ми е затнат и ме чеша, гласот ми е малце зарипнат, очите ме чешаат и кивам. Симптомите ми се засилуваат кога сум надвор од дома, со тоа што и ми солзат очите неконтролирано многу.

Можно е од нигде никаде, на 20 години да ми се појави алергија?
добредојде во клубот,јас ја добив негде на 23-24 години,секоја пролет обавезно ме фаќа најповеќе од тревите,лоратадин или цетиризин па да се ублажат и тоа значително симптомите..........на упатството ти пишува да се ограничи употребата на алкохол,значи најдобро ич да не пиеш
 
Има side effects ако консумирам алкохол додека ги земам апчињава?

Се напив вечерва апче, а за ручек пиев пиво, исто и утре планирам да пивнам вечерта.

Dali cuvstvuvase pospanost? Toa e eden od nesakanite efekti na antihistaminskite lekovi. Da ne se povtoruvam so alkohol, izbegnuvaj go dodeka pies loratadin.
 
Веќе неколку дена имам тапа болка во пределот на црниот дроб, 2-3 вечери едвај можам да спијам, да ми препорачате нeкој некој доктор на приватно што е специјалист за ова? Алкохол и претерано масна храна немам конзумирано во изминатите недела-две, не би требало да е до исхраната
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom