Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Лекари едно прашање за вас. Колку е сериозно млад човек да има повремено крвен притисок 130/80. Упатен сум доволно во медицината но ме интересира вешто мислење.

Имав доста стресен период пред неколку месеци и по кратко време тоа се одрази на крвниот притисок. Секојдневно знаеше да ми биде 130,140 со 80 и бев внатрешно вознемирен. Избегнувам медикаменти исклучиво пиев и пијам повремено чај од валеријана и Персен апчина што се на основа на корен од валеријана и се билни лекови.

Повремено сум под стрес пак и изгледа дека веднаш ми се одразува врз притисокот, колку е сериозно да се има повремено горен притисок од 130?
Инаку крвната слика ми е добра, немам покачувања на масти, ХДЛ и слично.

Мислам дека ништо сериозно не е ова...Значи 130 за систолен притисок нема потреба од паника...Гледај над 140 да не ти се качува..Ако си толку загрижен па - пробај неколку пати дневно да го мериш притисокот и запишувај ги вредностите на ливче и така неколку дена (ова интернист го има барано од пациенти) и потоа ако гледаш дека варираат вредностите оди на интернист најубаво...
 
Лекари едно прашање за вас. Колку е сериозно млад човек да има повремено крвен притисок 130/80. Упатен сум доволно во медицината но ме интересира вешто мислење.
[/quote]

СЕ е кажано.
 
Не знам дали е за тука прашањето, но се надевам оти некој ќе ми разјасни.
Што значи ретко плочест епител во резултати од урина? На што треба да индицира? Фала.
 
Не знам дали е за тука прашањето, но се надевам оти некој ќе ми разјасни.
Што значи ретко плочест епител во резултати од урина? На што треба да индицира? Фала.

Тоа се клетки, кои се излупени од ѕидот на мочниот меур и присутни во урината...Најчесто ова е резултат на уринарна инфекција(па дури и некоја ептен слаба) и е проследена со бактериски наод и леукоцити, а неретко и еритроцити во урината...Пиши дали ги имаш истите...
 
Последно уредено:
Веќе 5-6 дена осеќам мала непријатност (некогаш пецкање, некогаш ептен тапа болка) на левата страна од градите и на моменти си го слушам срцето како забрзано чука и како да прелапнува.. што би можело да биде?
Да не си имал некој стрес или нервоза?
Мене ми се има случено да се осеќам како со нож да ме бодат во срцето. Два пати бев на преглед и немаше никаков проблем. Ми препрачаа да се движам повеќе, да не пијам кафе, алкохол и да не се нервирам.
 
Тоа било најверојатно, пак се си се врати у нормала. Јбг, јануарска сесија си носи стресови..
 
I mene mi se desava kako prelapnuvanje. Milion pati bev na lekar i na kardio nisto sum nemal. I toa se bilo nervoza i stres.
 
Дали трудница смее да се напие чаша две алкохол? За неколку дена сме на роденден со девојками па сака да се напие малце алкохол, чаша или две вино или пиво. Инаку е во трет месец. И уште едно прашање, смее ли да ја исфарба косата, пошто прочитав многу различни теории во врска со тоа.
 
Смее чаша вино или пиво (0,5 L) да се напие, а и косата може да ја офарба ;)
 
Последно уредено:
Дали трудница смее да се напие чаша две алкохол? За неколку дена сме на роденден со девојками па сака да се напие малце алкохол, чаша или две вино или пиво. Инаку е во трет месец. И уште едно прашање, смее ли да ја исфарба косата, пошто прочитав многу различни теории во врска со тоа.

Има фарба на Гарниер без амонијак, ако и е шубе нека се фарба со таа во бременост и после тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lux
Дали е можно после операција на бенинген тумор да те пратат на зрачење, или строго само малигниот се зрачи?
 
GavolRulz Dr. Wish
Смислено би било ако ги направите вагусовите пријоми-
метод на Валсалва - Земете длабоко воздух, а потоа при затворена уста и затнат нос обидете се да издишите за 10 секунди.
масажа на каротидните синус - Притиснете ја едната каротидна артерија на нивото на аголот на долната вилица за околу 5 секунди. Прво се притиска едната а ако нема ефект по кратка пауза се притиска другата.
Валеријана може да помогне исто така.
 
Дали е можно после операција на бенинген тумор да те пратат на зрачење, или строго само малигниот се зрачи?
бенигнен или малигнен - тоа го утврдува биопсијата
 
Дали е можно после операција на бенинген тумор да те пратат на зрачење
При комплетно одстранет бенигнен тумор не се праќа пациентот на зрачење[DOUBLEPOST=1421870923][/DOUBLEPOST]
Упатен сум доволно во медицината но ме интересира вешто мислење.
Абе ептен си упатен ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom